Попладнево почнува гласањето за нов папа

Попладнево 115- те кардинали ќе се повлечат во Сикстинската капела , со што почнува изборот за новиот папа , кој ќе го наследи Бенедикт 16- ти.

Претпладне   се одржува заедничка  миса во црквата Свети Петар и Павле, а по повлекувањето во Сикстинската капела се очекува најдоцна до петок да се види белиот чад  што ќе биде знак дека е избран новиот папа.

Дотогаш кардиналите се обврзани на завет на молчење за гласањето што ќе се одржува два пати наутро и два пати попладне се  додека не се избере папата.

Се до моментот на изборот на ливчињата им се додава посебна хемикалија за откако ќе се запалат, чадот да биде црн , а ако еден од кандидатите  биде избран со две третини од 77- те гласови,  чадот  ќе биде бел, овој пат за секоја сигурност ќе се огласат и ѕвоната на Сикстинската капела .
 
Католичкиот свет сепак не е подготвен за црномурест папа. Засега  фаворит на конклавата е миланскиот надбискуп , кардинал Анџело Скола ,  Бразилецот со германско потекло  Одило Шерер, канадскиот кардинал  Марк Олет и американските надбискупи Тимоти Долан и Шин О Мејли.
 
 

Собранието го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците

Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 114-тата седница го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата побараа оваа точка да се одложи на неопределено време се до добивањето на финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија заради, како што релкоа, поврзаноста на ова законско решение со Законот за употреба на јазиците. Тие укажаа дека Венецијанската комисија има забелешки на Законот за јазици и додадоа дека не треба на брзина да се носат законски решенија кои имаат сериозни последици за сите.

За владејачките партии Законот за Инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците и со него се гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

По усвојувањето на Законот претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.

Министерот Бектеши го прими новоименуваниот кинески амбасадот Џанг Ѕуо

Кина е важен трговски партнер на Македонија, континуирано работиме на подобрување на соработката меѓу двете земји, било речено на средбата , соопшти Министерството за економија.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со Н.Е. Џанг Ѕуо, новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Македонија.

На средбата министерот и амбасадорот разговараа за досегашната соработка помеѓу двете земји, но и за можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата. 

Министерот Бектеши го изрази своето задоволство за успешната реализацијата на досегашните проекти во областа на патната инфраструктура. Истакна дека постои голем потенцијал за проширување на соработката  и делот на енергетиката , туризмот, земјоделството и културата.

Бектеши изрази убедување дека развојот на трговските и економските односи меѓу двете земји ќе продолжи на високо ниво, особено во рамки на Процесот за соработка „17+1“.

Во рамките на состанокот министерот ги презентираше реализираните проекти и планираните активности на Министерството за економија во делот на енергетиката, трговијата, соработката со бизнис заедницата и поддршката на странските инвеститори, со посебен акцент на можностите кои што ги имаат домашните и странските компании согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој е основа за развој на економијата и има еднаков третман за сите инвеститори.

Амбасадорот Ѕуо изрази поддршка на политиките кои ги води Владата во делот на подобрување на билатералните односи меѓу двете земји и истакна дека е многу важно и понатаму интензивно да се работи на зајакнување на трговската соработка помеѓу Кина и Македонија.

Потенцираше дека ќе вложи максимални напори, Македонија да ја претстави како поволна дестинација за кинеските компании и ќе иницира средби и посети на кинески компании во земјата.

Албански медиуми: Макрон наскоро во Тирана и Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон кој на Самитот на ЕУ стави вето за отворање преговори со Албанија и Македонија, наредниот месец ќе ги посети двете земји, објавуваат денеска албанските медиуми.

Самиот Макрон на прес-конференцијата што ја одржа по Самитот на ЕУ во Брисел, најави дека планира да дојде во Скопје и во Тирана на средби со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.

Посетата на Макрон на двете земји ја потврдиле дипломатски извори во Тирана за Exit.al. И албанскиот премиер Еди Рама, по денешната средба на раководството на неговата Социјалистичка партија, кажал дека наскоро ќе има многу значајни средби, меѓи кои и со Макрон, без да открие повеќе детали.

Албанските медиуми наведуваат дека како знак на поддршка од официјален Париз, во Тирана е отворена канцеларијата на Француската агенција за развој, која ќе работи на развојни проекти во Албанија.

Потсетуваат дека Макрон планирал да дојде во Албанија во есента 2018 година, во рамките на балканска турнеја, но посетата била откажана.

Засега нема официјална потврда за посетата на францускиот претседател на Албанија и на  Македонија./МИА

притисни ентер