Тамара Еклстоун за бившиот: Тој е одвратен насилник

Тамара пред камерите раскажа што преживувала со Дерек Роуз: Тој е одвратно човечко суштество!

Ја уценувал да му даде 200 000 фунти инаку ќе раскаже приказна за неа - тамара Еклстоун во интервју за Daybreak зборува за маките низ кои поминала со Дерек.

Таа со него била во врска во 2002 кога имала само 17 години. Во нејзиниот живот се вратил во 2011 со грозната уцена.

- Не е работата во парите. Да бараше 5 фунти и чипс немаше да му дадам. Тој е насилник и одвратно човечко суштетство - вели Тамара.

Таа раскажува дека на судењата и било тешко што мора да го гледа.

- Срцето ми лупаше, рацете ми се потеа. Кога го гледав ми доаѓаа грозни сеќавања. ми олесна кога го осудија!

Дерек Роуз доби 4 години затвор за обид за уцена.

притисни ентер