Артета сака три засилувања, ова е тешко поради финансискиот ферплеј - Канал 5

Артета сака три засилувања, ова е тешко поради финансискиот ферплеј

Тренерот на Арсенал, Микел Артета смета дека неговиот тим треба да се засили на три позиции.

Артета сака три засилувања, ова е тешко поради финансискиот ферплеј

Според „Тајмс“, Артета би сакал да добие нов бек, дефанзивен играч за врска и напаѓач. Задоволувањето на барањата на Артета е тешко поради финансиските ограничувања и природата на пазарот во средината на сезоната.

Арсенал бараше напаѓач од највисоко ниво. Но, поради недостаток на достапни опции и во поглед на финансиските можности на клубот, потписот на напаѓачот најверојатно ќе се случи дури на лето. Ситуацијата може да се промени доколку клубот добие добра понуда за Еди Нкетија во јануари.

На Арсенал му се допаѓа Иван Тауни, но ќе биде исклучително тешко да се постигне договор. Продажбата на напаѓачот се чини дека е голем ризик за Брентфорд, дури и ако отштетата е во согласност со нивната барана цена од 80 милиони фунти.

„Топчиите“ одамна се заинтересирани и за Виктор Осимен, но напаѓачот неодамна потпиша нов договор со Наполи. Договорот трае до летото 2026 година и вклучува клаузула за исплата од повеќе од 100 милиони фунти. Тешко е да се преговара со Наполи, а Арсенал би морал да се соочи со конкуренција од Челзи во трката за Осимен.

Друга опција која ја разгледуваат во Арсенал е најдобриот стрелец на Феенорд, Сантијаго Хименез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Њујорк на панел, чиј домаќин беше финскиот претседател

Во рамки на престојот во Њујорк, учествував на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин беше претседателот на Република Финска, Александар Стуб.

Мицкоски во Њујорк на панел, чиј домаќин беше финскиот претседател

На панелот разговаравме за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици.

Воедно, остварив средба и разговор со претседателот Стуб, на која ги истакнавме значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.

Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција, објави на ФБ премиерот Христијан Микцкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали роботите ќе ги заменат луѓето во опасните мисии- во Пекинг се одржува натпревар (ВИДЕО)

Првенството „Роботски воин“, на кое ќе учествуваат и хуманоидни и четвороножни роботи, ќе се одржи во октомври во Пекинг, објави Комитетот за управување со зоната за економски и технолошки развој.

Дали роботите ќе ги заменат луѓето во опасните мисии- во Пекинг се одржува натпревар (ВИДЕО)

Роботите ќе се натпреваруваат во спасувачки операции за време на вонредни состојби и природни катастрофи (земјотреси, поплави, пожари) и ќе извршуваат задачи во средини со висок ризик.

Предизвици со пречки

Покрај тоа, овие интелигентни машини ќе ги демонстрираат своите вештини во следењето и управувањето со урбаната инфраструктура, објавува „Глобал тајмс“.

Настанот во Пекинг има за цел да го забрза развојот и имплементацијата на роботиката во услови на реалниот свет.

Програмата на првенството вклучува 14 видови предизвици со пречки. Според сценариото, роботите ќе се искачуваат по стрмни падини, ќе се движат по урнати мостови и низ урнатини.

Како што е наведено, досега 24 тима аплицирале за учество на ова натпреварување. Тие ќе се натпреваруваат во шест категории врз основа на контрола (далечинска или автономна навигација) и тип на возило (хуманоидно, четвороножно или на тркала).

Платформа за обука

Хуманоидните роботи на првенството ќе извршуваат задачи како што се отворање врати, деактивирање експлозивни направи, затворање вентили и гаснење пожари.

Други машини ќе бидат тестирани преку инспекција на тунели, враќање на електричната енергија, реагирање на водни итни случаи и испорака на товар низ пречки.

YouTube video

За да ги подготват учесниците, организаторите ја лансираа платформата за обука BotWorld, која им нуди на роботите 14 задачи за симулација на ситуации што опфаќаат навигација на терен и интерактивни операции. Тимовите ќе имаат пристап до материјали за обука и ќе можат виртуелно да ги вежбаат потребните вештини.

Домаќин на предизвикот „Роботски воин“ ќе биде високотехнолошката компанија Шангиченг во Пекинг од 17 до 18 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арбен Таравари во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Арбен Таравари во „Само интервју“

Оправдана ли е поддршката на албанските партии за пресудите на ОВК во Хаг? Кој и зошто потпалува етнички теми?

Уставните измени заглавени низ политичките лавиринти, какви сценарија се можни ако останеме во чекалната до недоглед?

Што договорија со Ахмети за вонредните избори во Брвеница и дали тие значат вовед во коалиција за следните парламентарни избори – редовни или предвремени?

Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Арбен Таравари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер