3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
Научниците развија трета рака и шести прст- роботските додатоци мозокот ги прифати за помалку од еден час (ВИДЕО)
2Научниците развија трета рака и шести прст- роботските додатоци мозокот ги прифати за помалку од еден час (ВИДЕО)
ФудбалАртета го пофали придонесот на Габриел и Рајс во победата на Арсенал над БорнмутТренерот на Арсенал, Микел Артета, ги пофали настапите на Габриел Жезус и Деклан Рајс во синоќешната победа од 3:2 над Борнмут во 20. коло од англиската Премиер лига.-Кога го примивме првиот гол се најдовме во тешка позиција, но она што го направи Габриел беше неверојатно. Тој покажа лидерство и тимски дух. Потоа влеговме во ритам и постигнавме два одлични гола. Рајс имаше некои тешкотии во последните денови, но тој работеше и работеше и работеше. Играше 96 минути, постигна два гола и беше еден од најдобрите на теренот. Тоа е менталитетот што се бара од секој од нас, изјави Артета за „Би-би-си“. Арсенал ја продолжи својата победничка серија на седум натпревари во сите натпреварувања. Лондонскиот тим останува на врвот на табелата во Премиер лигата со 48 бода. Следниот натпревар на „топчиите“ ќе биде на 8 јануари дома против Ливерпул, кој е четврти во англиската Премиер лига со 33 бода по 19 натпревари.Тагови: Арсенал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПалестинскиот претседател до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги исполни ветувањата дадени на арапските земји за спречување на раселувањето на Палестинците и анексијата на палестинската земја.Абас го објави ова во претходно снимено обраќање на 81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, откако не можеше лично да присуствува на сесијата втора година по ред. Тој ги повика САД да соработуваат со палестинското раководство и меѓународната заедница за спроведување на решение за две држави врз основа на меѓународното право. Абас рече дека Палестинците го поздравуваат мировниот план на Трамп, но не виделе никаков напредок на терен. Палестинскиот претседател до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте Тој, исто така, ги предупреди светските лидери за опасноста од повторување на Накба, масакрот и протерувањето што го претрпеа Палестинците во 1948 година. Палестинскиот претседател рече дека неговиот народ се соочува со еден од најопасните периоди во својата историја, наведувајќи убиства, уништување, глад и обиди за присилно раселување во Појасот Газа. Абас рече дека секој транзициски период на крајот мора да доведе до повторно обединување на Појасот Газа и окупираниот Западен Брег под една палестинска држава со една легитимна вооружена сила. Тој, исто така, го обвини Израел дека поседува повеќе од 6 милијарди долари палестински имот и побара негово итно ослободување. Абас ги отфрли, како што ги нарече, казнените мерки што му забрануваат нему и на членовите на палестинската делегација да присуствуваат на Генералното собрание, велејќи дека таквите ограничувања ги кршат обврските на САД како земја домаќин на Обединетите нации. Тој го повика Вашингтон да ги укине мерките и да му дозволи на палестинското раководство целосно да учествува на состаноците на Обединетите нации.Тагови: Доналд Трамп палестински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Шоу бизБред Пит во новиот филм ѝ се враќа на улогата што му донесе Оскар (ВИДЕО)Бред Пит повторно ќе го игра Клиф Бут. Нетфликс го објави првиот трејлер за „The Further Mis-Adventures of Cliff Boot“, продолжението на хитот на Тарантино од 2019 година „Once Upon a Time... in Hollywood“. Сценариото е на Квентин Тарантино, додека Дејвид Финчер е режисер, поради што проектот со месеци привлекува големо внимание од филмските фанови. Сместен кон крајот на 1970-тите Приказната се одвива во 1977 година, осум години по настаните од оригиналниот филм. Клиф повеќе не е дублер на актерот Рик Далтон, кој го играше Леонардо Дикаприо во „Once Upon a Time... in Hollywood“. Холивуд во меѓувреме се промени, а Клиф сега работи како еден вид „поправач“, односно лице ангажирано од влијателни луѓе во филмската индустрија кога сакаат да решат проблеми подалеку од очите на јавноста. Трејлерот сугерира дека неговата работа вклучува насилство, уцена, кражба и изнуда, па затоа филмот би можел да покаже многу потемна страна на Холивуд во 1970-тите. Враќање на улогата што му донесе Оскар Пит така се враќа на улогата на Клиф Бут, која му донесе Оскар за најдобар спореден глумец во 2020 година. Клиф беше еден од најпаметните ликови од филмот „Once Upon a Time... in Hollywood“, лежерен, харизматичен и непредвидлив во исто време. Новиот филм го задржува светот и сценариото на Тарантино, но овој пат режијата ја презема Дејвид Финчер, режисерот познат по филмовите „Seven“, „Fight Club“, „Zodiac“ и „The Social Network“. Пит и Финчер повторно соработуваат по филмовите „Seven“, „Fight Club“ и „The Curious Case of Benjamin Batton“. Познати и нови актерски имиња Трејлерот открива и што се случило со Рик Далтон. Кога го прашале зошто повеќе не е негов каскадер, Клиф одговара дека Рик „се здебелил премногу“ за да биде негова замена. Леонардо Дикаприо не се појавува во новиот филм, но Тимоти Олифант се враќа од оригиналната екипа како Џејмс Стејси. Новите членови на екипата се Елизабет Дебики, Скот Кан, Карла Гугино, Јахја Абдул-Матин II и Питер Велер. Сценариото на Тарантино, визијата на Финчер Особено е интересно што Тарантино овој пат не ја презеде режијата. Тој го напиша сценариото, но му ја остави режисерската палка на Финчер, па публиката ќе го види истиот лик и истиот свет за прв пат преку естетиката на друг автор. Трејлерот веќе ја покажува таа разлика. Разиграниот Холивуд од 1969 година беше заменет со посуров и потемен приказ на Лос Анџелес кон крајот на седумдесеттите години. Кино, Нетфликс и роман „Понатамошните погрешни авантури на Клиф Бут“ првпат се прикажува во IMAX кината на 25 ноември, каде што ќе се прикажува ексклузивно две недели. Доаѓа на Нетфликс на 23 декември. Филмот ќе биде и првиот наслов на Нетфликс што ќе има глобално IMAX издание. Приказната за Клиф Бут нема да остане само на филм. На 8 декември, Тарантино го објавува романот „Авантурите на Клиф Бут“, неговиот втор роман по книжевната верзија на филмот „Си беше еднаш... во Холивуд“.Тагови: Бред Пит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЕвропаМасовна тепачка во мало гратче во Словенија- се тепаат дваесетина момчиња и девојки (ВИДЕО)Во Постојна во Словенија се случи масовна тепачка во која учествуваа повеќе од дваесет млади мажи и жени.Снимките од минатиот викенд од улицата Тржашка во центарот на Постојна покажуваат млади луѓе како викаат, се тепаат и уништуваат инвентар пред Музичкото кафе. Градоначалникот Игор Марентич, исто така, ги гледал видеата. „Не, сè уште не сум го доживеал ова. Не се сеќавам дека сум видел сличен случај во Постојна“, рекол тој, пренесува РТВ Словенија. „Ситуацијата стана неподнослива“ Жителите со години страдаат од ноќна бучава, но велат дека ситуацијата станала неподнослива. Се жалат на оштетени автомобили и пречести интервенции на брза помош поради пијани млади луѓе. Во последните месеци, тие документираат сè и ги предаваат снимките на полицијата. Не сакаат јавно да излегуваат бидејќи се плашат од последиците. Градоначалникот Марентич потврди дека Општината е свесна за проблемот. „Добивме две писма од станари во непосредна близина. Знам дека полицијата интервенирала во тој бар и претходно“, рекол тој. Во саботата, полицијата пристигнала во 1:30 часот наутро. Младите избегале, а на местото на настанот бил пронајден само еден лесно повреден 22-годишен маж. Полицијата истражува сомнителни кривични дела закани и насилно однесување. Официјалното работно време на барот е до 22:00 часот, а еднаш месечно е дозволено да работи до 2:00 часот наутро. Пазарните инспектори спроведоа неколку инспекции од 2022 година, и само еднаш утврдија прекршок и издадоа опомена. View this post on Instagram A post shared by RTV Slovenija info (@rtvsloinfo) Општината размислува за намалување на работното време Жителите ја предупредуваат Општината од мај и бараат реакција, но тврдат дека досега ништо не е преземено. Градоначалникот, сепак, сега најави конкретни чекори. „По овој последен настан, ја анализиравме ситуацијата. Во Општината одлучивме дека сериозно ќе размислиме за издавање дозволи за работа ноќе. Можеби до единаесет или дванаесет, но веројатно не подолго“, изјави тој за РТВ Словенија. Менаџерот на барот не сакаше да даде изјава пред камерата, но во разговорот рече дека настаните на улицата немаат никаква врска со нив. Сопственикот, пак, изјави дека се обидуваат да спречат проблеми, но не појасни на кој начин. Жителите се убедени дека месечните забави привлекуваат проблематични гости. Тие очекуваат Општината да го почитува најавата и да го скрати работното време за настаните што се организираат однапред еднаш месечно.Тагови: словенија тепачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook