Арсовски: Советник на Заев е лице со досие во полиција

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на информацијата дека Силвио Аврамовски е именуван за советник на премиерот Зоран Заев.

Според партијата станува збор за лице со досие во полиција.

Над половина милион евра, Заев со парите на граѓаните ги плаќа советниците, од кои најголем дел од нив по ниту еден критериум во нормална Влада не би биле советници на ниту еден Премиер.

Еден од таквите еклатантни примери е Силвио Аврамовски. Човекот е непознат за јавноста, но Заев си го назначил за надворешен соработник за економски прашања и зајакнување на економската соработка со земјите од Кавказ и Блискиот Исток. Во медиумите единствено се појавува како човек кој бил избран за делегат на Конгресот на СДСМ во 2011 година. Врска со Блискиот Исток или Кавказ, никаква. Единствено неговата сопруга Маја Аврамовска Трпевска се јавува како вработена во германска невладина организација која што оперира во градот Тбилиси.

Уште позагрижувачка е информацијата која што кружи во јавноста дека Силвио Аврамовски е токму човек кој што има досие во полиција.

Затоа, прашуваме дали пред неговиот ангажман како советник на Зоран Заев, Владата го проверила неговото досие? Дали е точно дека против него се водела постапка затоа што во кафеана пукал во припадник на специјалните единици? Дали бил осуден за ова дело, дали одлежал затворска казна или истото дело му е избришано од досието?

Ова се прашања кои владата мора веднаш да ги одговори. Овие советници не земаат плата од фирмите на Заеви, туку од граѓаните. Затоа јавноста мора да знае кого плаќа, колку плаќа и зошто ги плаќа.

Вучиќ утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на резолуцијата за Сребреница

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека утре ќе отпатува за Њујорк, каде со делегацијата ќе се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, која наредната недела е на дневен ред на Генералното собрание на ОН, а амандманите кои Црна Гора ги поднесе на резолуцијата ги нарече „валкана игра“.

„Утре одиме во Њујорк, четири до пет дена ќе поминеме во Њујорк, ќе имам голем број средби, а во четврток сите заедно ќе се бориме“, истакна денеска Вучиќ во телевизиско интервју.

Тој рече дека со него во делегацијата треба да одат само оние кои се „подготвени за борба на секој можен начин“.

Предлагачите на нацрт-резолуцијата за Сребреница ја утврдија конечната верзија на тој документ, за кој ќе расправа Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 23 мај, а во преамбулата на текстот стои дека „кривична одговорност според меѓународното право за злосторството геноцид е индивидуализирана“.

Иницијатори на предложениот текст беа Германија и Руанда, а амандманите на нацртот беа поднесени од Владата на Црна Гора.

Осврнувајќи се на амандманите што Црна Гора ги достави на резолуцијата за Сребреница, а кои главно беа прифатени, Вучиќ тоа го нарече „валкана игра“.

„Тоа е валкана игра и перфиден трик. Тие намерно оставаат простор за јасен заклучок за морална и политичка одговорност“, рече Вучиќ и додаде дека по враќањето од Њујорк ќе каже со кого за тоа преговарата Црна Гора. /МИА

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж утре ќе дознае дали е изгубена неговата 13-годишна правна битка против екстрадицијата од Велика Британија во САД, каде што е обвинет за шпионажа.

Двајца судии на Високиот суд во Лондон утре ќе одлучат дали британскиот суд ги прифаќа гаранциите од Вашингтон дека Асанж (52) нема да се соочи со смртна казна за време на судењето за шпионажа во САД и ќе може да се повика на правото на слобода на говорот од првиот амандман.

Адвокатскиот тим на Асанж вели дека опциите се отворени - тој би можел да се најде во авион за Америка во рок од 24 часа, би можел да биде ослободен или неговиот случај да оди во нова, повеќемесечна правна процедура.

„Имам чувство дека се може да се случи во оваа фаза. Може да биде екстрадиран или да биде ослободен“, изјави сопругата на Асанж, Стела минатата недела.

Викиликс објави стотици илјади доверливи американски воени документи за американските војни во Авганистан и Ирак, како и голем број дипломатски телеграми, поради што американското обвинителство го товари Асанж за кршење на Законот за шпионажа. /МИА

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

притисни ентер