Арсовски: Попишувач во Сарај било лице уапсено за трговија со дрога во акцијата „Планина“

Политизирањето на пописот со ангажирање на партиски лица доведе до тоа да едно од лицата уапсени за трговија со дрога во акцијата „Планина“  бил попишувач на територија на Сарај. 

За тоа мора да се понесе одговорност и директорот на ДЗС, Апостол Симовски треба да си понесе оставка, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во Само Вистина на Канал 5.

Арсовски прашува дали воопшто постои некаков филтер и дали некој гледа какви лица ќе бидат попишувачи бидејќи не смее да се дозволи лице уапсено за трговија со дрога да биде попишувач.

- Ова е сериозен скандал и за ова треба да се понесе одговорност. Апостол Симовски директорот на ДЗС требаше досега да си даде оставка. Нему му беше поважно да слуша слепи насоки од страна на неговата партија како партиски војник, наместо да ја согледа реалната слика зошто треба да се одложи пописот, потенцира Арсовски.

Арсовски додаде дека главна причина за одлагање на пописот требаше да биде и состојбата со коронавирусот, која Симовски не сакаше да ја согледа иако инструктор близок до него се заразил со коронавирус.

- Прва причина за одлагање е заштита на здравјето на граѓаните. Самиот призна во истава емисија дека четворица од инструкторите се заболени со корона. Од петокот досега уште еден од инструкторите кој што е во секојдневна комуникација со Симовски е позитивен на корона, значи дефакто се шири и меѓу инструкторите, нагласи Арсовски.

Тој истакна дека покрај тоа и системот има слабости бидејќи самата апликација е тотално нефункционална и беше падната само еден ден пред да биде одложен пописот

- ГИС апликацијата каде што треба да се лоцира секоја една куќа и семејство не функционира и тоа е уште една слабост на апликацијата. Државни инструктори се луѓе кои не се вработени во ДЗС, туку се договорци, синови и ќерки на вработени и блиски до директорот. Пред само неколку дена 150 од попишувачите исплашени од состојбата со короната и се откажаа. Тоа се повеќе причини за одговорност и одлагање, вели Арсовски.

Во однос на петтиот сет на мерки Арсовски истакна дека власта немаше пари за и затоа не го изгласа истиот иако имаа можност да го изгласаат кога гласаа доверба на влада и доверба на Заев бидејќи имаа тогаш кворум, но не го изгласаа.

- Бевме обвинети дека сме го кочеле петтиот пакет мерки помош за стопанството и тоа не е точно, затоа што тој беше најавен на 16 февруари во владата и пуштен со собрание. По две недели беше свикано Собранието да се изгласа доверба на владата и на Зоран Заев. Што значи дека тогаш имало кворум Собранието, па доколку сакал Заев можеле да го изгласаат петтиот сет на мерки, истакна Арсовски.

Арсовски вели дека е убеден сум дека немаа пари во буџетот за петтиот сет на мерки и мораа да го одлагаат одредено време, а во меѓувреме бараа изговори.

- Бидејќи се обидуваа да наметнат дека опозицијата е виновна, ние самите побаравме да биде ставен само тој Закон, а не сите закони кои се само личен интерес на власта, туку само тој и да биде изгласан. Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието, има над 270 закони кои се во процедура во собраниските кулоари, од тие ВМРО-ДПМНЕ имал блокада само за 8 кои се суштински, а тие 8 се 3% од законите, потенцираше Арсовски.

Арсовски нагласи дека единствен кочничар во Собранието кој ги блокира законите е самата власт бидејќи немаат стабилно мнозинство

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Ријад како дел од посетата на регионот.

Блинкен од денеска до среда ќе ги посети Саудиска Арабија, Јордан и Израел, соопшти Стејт департментот.

Како што е наведено, на средбите ќе се разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што ќе обезбеди ослободување на заложниците.

Се додава дека ќе разговараат и за зголемување на хуманитарната помош испорачана во Газа.

„Секретарот, исто така, ќе ја нагласи важноста од спречување на ширење на конфликтот и ќе разговара за тековните напори за постигнување траен мир и безбедност во регионот“, соопшти Стејт департментот. /МИА

ЕУ изрази загриженост поради ирачкиот Закон кој предвидува затворски казни за истополови односи

Европската Унија изрази загриженост поради усвојувањето на измените на ирачкиот Закон со кој се предвидува затворска казна во траење од 10 до 15 години за лицата кои се впуштаат во консензуални истополови односи. 

Во реакцијата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се посочува дека со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, што Ирак го ратификуваше уште во 1971 година, предвидува дека со законите ќе се забранува каква било дискриминација и ќе се гарантираат еднаква и ефикасна заштита за сите лица од дискриминација по која било основа.

- ЕУ ги повикува ирачките законодавци да ги почитуваат меѓународните обврски на Ирак за човекови права и ефикасно да го имплементираат членот 14 од ирачкиот Устав, кој забранува дискриминација врз основа на потекло, религија, припадност на малцинска заедница и од други причини, се наведува во реакцијата.

ЕЕАС посочува и дека ЕУ ќе продолжи да презема активности на глобално ниво за да ги спречи и осуди сите форми на дискриминација, залагајќи се за почитување на принципите на различност, еднаквост и инклузивност како „основни принципи на праведните општества“.

Со новините во ирачкиот Закон против проституција од 1988 година, се предвидуваат затворски казни од 10 до 15 години за одржување хомосексуални односи, но и за размена на сексуални партнери во хетеросексуалните врски (свингинг). Казни се предвидени и за секој маж „чие однесување се смета за женствено“, како и седум години затвор за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, како и „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова трансформација.

Инаку, овие законски измени се сметаат за „поблаги“, имајќи пред вид дека во првичниот предлог за хомосексуални односи се предвидуваше смртна казна.

На усвојувањето на измените на Законот уште вчера реагираше организацијата Амнести интернешанл, која го оцени како „кршење на основните човекови права“ со што „се загрозуваат Ирачаните, кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Во Извештајот за состојбата со човековите права во Ирак за 2022 година на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч се посочува дека ирачкото општество „ја отфрла хомосексуалноста“, како и дека припадниците на ЛГБТ+ заедницата често се цел на „киднапирања, силувања, тортура и убиства“ од страна на вооружени групи кои остануваат неказнети за ваквите злосторства. /МИА

Минесота го исфрли Феникс од НБА плеј-офот

Минесота рано утрово го совлада Феникс со 122:116 на гостински терен во четвртиот натпревар од серијата од првото коло на плејофот во НБА.

Тимбервулвс со максимални 4:0 ги совладаа Санс и обезбедија пласман во четвртфиналето во разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на средбата беше Девин Букер со 49 поени, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

Следен противник на Минесота ќе биде победникот од мечот Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс (резултатот во серијата е 3-1 во корист на Нагетс). /МИА

притисни ентер