Арсовски: Два нови случаи на непотизам во Неготино

Прогласената епидемија на непотизам алармантно се шири додека институциите спијат.

Два нови случаеви заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сеуште молчи како всушност се заразиле.

Дека непотизмот не е еден случај и единствен, туку е начин на работење на СДСМ говори и примерот со пратеникот на СДСМ од Неготино Ристе Ташев, чија што сестра Катерина Јорданова се вработила во Основното Училиште Страшо Пинџур.

Прашуваме, кој е критериумот според кој токму сестрата на пратеникот од СДСМ е вработена, а не некој друг? Сигурни сме дека не била единствена за таму и сигурни сме дека во огласот не пишувало во делот на критериумите – да биде сестра на Ристе Ташев.

Нов ден, нов пратеник од СДСМ заглавен во непотизам. Страшно!

Да потсетиме и дека во Неготино градоначалникот Тони Делков избран од граѓаните на Неготино ја вработи сопругата Надица Делкова во Основното Училиште Гоце Делчев, кое е директно под неговите ингеренции. Што уште треба да кажеме за Заев и СДСМ да признаат дека јавниот сектор го претворија во семејно-партиска фирма во која се вдомуваат најблиските роднини и тоа за жал на сметка на граѓаните кои остануваат без егзистенција и без можност за вработување и секојдневно тонат во сиромаштија.

Јавноста со право се прашува колку државни пари се одлеваат во семејните буџети на функционерите на власта и уште колку нивни роднини станаа вработени во државни фирми, институции, агенции, управи, општински органи и слично. Или обратно да прашаме, уште колку роднини на функционерите останаа невработени за да се вработат и тие? Сигурно се бројат на прсти.

Лажниот концепт на Заев „Живот за сите" јавноста го виде на дело. Тој концепт се претвори во "Живот за раководството на СДСМ".

Граѓаните, а посебно поддржувачите на СДСМ сфатија дека овој криминален картел на власт гледа само како да ги вработи своите сестри, мајки, браќа, баби, дедовци, внуки и сите останати на врхушката од власта, а тие на кои нема да им вработи ниту еден близок ги дарува со грантови, тендери или јавни набавки секојдневно без срам и перде.

Филипче : Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. 

Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.

„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ - истакна Филипче.

Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.

„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ - рече Филипче.

Со почит,

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Самарас: Извештајот на Дора Бакојани не ја претставува Грција

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас ја критикуваше Дора Бакојани, известувачот за прием на Косово во Советот на Европа, посочувајќи дека нејзиниот извештај за Косово не ја претставува Грција, ниту културата и традициите на таа земја.

„Грозните работи што се случија неодамна во врска со Косово не ги претставуваат Грција и хелинизмот“, рече Самарас.

Тој додаде дека Грција попрво треба да се занимава со одбележувањето на 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, наместо, како што рече, „да го влече хеленизмот по опасни патеки, како со резолуцијата за Косово“.

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда

Дали Спасовски спие мирно со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле на 27 април.

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава.

А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април?

Кој направи влада после овие настани?

Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска?

Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста?

Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?

Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер