Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
2Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
3Влада за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар:Од првиот момент сме во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните.
3Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
МакедонијаАрсовска вели дека со задоволство ја очекува тужбата од Ганиу„Одвај чекам да ме тужи“ – со овие зборови му одговори градоначалничката на Скопје – Данела Арсовска на чаирскиот градоначалник Висар Ганиу, кој најави дека ќе поднесе тужба против нејзе за клевета. Вели дека конечно чека „терен“ каде ќе го соочи Ганиу со бројните докази кои ги поседува, бидејќи, како што кажа, чаирскиот градоначалник со месеци бега од секакво соочување со нејзе. Арсовска на денешниот брифинг со новинарите покажа документација, која вели го докажува криминалот кој се случува во Чаир и во моментов, а и на кој начин се правеле нелегалните дивограби кои државата ја чинат 225 милиони евра. Таа тврди дека се земале бројчиња од „мртви“, односно одбиени предмети за легализација кои веќе немаат и не можат да имаат никаква важност, врз нив се впишувале нови сопственици и така се поднесувало за легализација. Вчера Ганиу вчера рече дека состојбата со дивоградните била наследена, а зад нападите на Арсовска стои ДУИ. Но, за легализациите, не кажа многу освен што го повтори неговиот став дека автентичноста на изјавите за тоа кога се градени дивоградбите се утврдува преку изјава на барателот пред нотар. Во однос на обвинувањата дека Арсовска од политички причини го има на „пик“ Чаир, Арсовска посочи дека ја чешлала документацијата на сите скопски општини, вклучувајќи ги Кисела Вода, Аеродром и Сарај и законски пропусти не се забележани, а во Чаир вели има 150 дивограби, кои се впишани како изградени пред повеќе од деценија, а се градат во моментов. Тагови: Данела Арсовска Општина Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
ЗабаваФото: Најубавата српска спортистка се соблече! Ова не е бикини, туку конец!Најубавата српска ракометарка, Сара Гаровиќ, покрај со своите одлични игри на теренот, плени и во приватниот живот. На Инстаграм ја следат повеќе од 30.000 луѓе, а таа често ги радува со провокативни фотографии што ја потврдуваат нејзината титула на една од најубавите спортистки во Европа. Најновата профилна фотографија ја прикажува Сара во бикини, како позира со два прста кренати високо додека стои на пешкир, со контроверзен натпис: Добро „га.е“. Сара Гаровиќ својата кариера ја изгради во ракометот. Започна во белградските клубови „Авала“ и „Вождовац“, а преку двојна регистрација настапуваше и за „Инџија“. Нејзиниот пат потоа ја водеше низ „Раднички“, „Јуниор“, „Медицинар“ од Шабац и „Бекамент“ од Аранѓеловац, пред да стане шампионка на Србија со „Црвена ѕвезда“, за која настапува во последните две и пол години. Меѓународно искуство стекна во Полска и Германија, каде што забележа значајни резултати во европските натпреварувања со „Борусија Дортмунд“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на МесиПоранешната Мис Бум Бум, инфлуенсерката Сузи Кортез, позната како една од најверните и најконтроверзните обожавателки на Лионел Меси, е блиску до исполнување на ветувањето што неодамна го даде. Аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство, а доколку го освојат трофејот, провокативната Сузи ќе мора да направи нова тетоважа со ликот на Меси но сега како што најави самата на нејзинтимното место на нејзиното тело. Со тој потег Сузи уште еднаш ќе покажа колу го обожува својот омилен фудбалер. „Веќе имам седум тетоважи посветени на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, а една од нив е на интимен дел од телото. Сепак, ако Аргентина освои уште едно Светско првенство, ќе исполнам уште едно ветување – ќе направам нова интимна тетоважа во чест на Меси. И бидете сигурни... таа ќе го шокира целиот свет. Сите што ме следат знаат дека секогаш го исполнувам она што го ветувам. Напред, Аргентина!“, изјави Сузи. Поранешната победничка на натпреварот „Мис Бум-Бум“ во Бразил претходно се поврзуваше со контроверзиите околу Жерар Пике. Според нејзините тврдења, таа била меѓу жените на кои поранешниот шпански репрезентативец наводно им испраќал експлицитни фотографии додека сè уште бил во врска со пејачката Шакира. Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамHonda Super EV: Мал електричен автомобилHonda Super EV: Мал електричен автомобил за голема забава. .На традиционалниот фестивал на брзината „Goodwood“ во Англија, Honda го претстави новиот Super EV – мал електричен градски автомобил инспириран од јапонските „кеи“ (kei) автомобили, но со јасен фокус на уживањето во возењето. Со должина од само 3,6 метри и тежина помала од 1,1 тон, Super EV се движи со помош на електромотор со моќност од 64 коњски сили. Посебната функција „Boost“ привремено ја зголемува моќноста на 95 коњски сили, овозможувајќи му на автомобилот да забрза од 0 до 100 км/ч за приближно 8,8 секунди. Honda вклучи и неколку интересни карактеристики, како што се симулирано менување брзини преку рачки на воланот и вештачки звук на моторот што го засилува спортското чувство. Британскиот автомобилски новинар Мет Вотсон истакна дека Super EV е еден од најзабавните мали електрични автомобили што некогаш ги возел. Што се однесува до практичноста, Super EV располага со батерија од 30 kWh, која нуди автономија до 206 километри според WLTP стандардот. Со максимален капацитет за брзо полнење со еднонасочна струја (DC) од 50 kW, автомобилот е првенствено наменет за градско возење. Нуди багажен простор со капацитет од 210 литри. Продажбата веќе започна во Обединетото Кралство, каде што почетната цена изнесува околу 22.650 евра, додека датумот за лансирање на другите европски пазари останува непознат, пренесува b92.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook