Арсовска: Скопје не е само Центар, да не ги заборавиме околните населби

Денеска се одржа редовна прес конференција на кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, на која која таа претстави нов проект од нејзината програма.

„Во 21 век не смее да има цели населби и населени места во главниот град без основни потреби и услови за живот. Скопје се соочува со нерамномерен развој. Додека центарот на градот и урбаните населби се пренатрупани со гужва, приградските населби немаат основни услови за живот. На само 7 до 8 километри од центарот на градот има десетина населби во кои, во една нема редовна и чиста вода, во друга нема канализација, во трета нема игралишта за децата, во некоја нема тротоари и асфалтни улици, во друга нема автобуска линија. Затоа, предлагаме и веднаш ќе се зафатиме со реализирање на еден од основните проекти од мојата програма - Скопје без заборавени населби. Градот ќе изгради нова и посебна програма за сите заборавени населби. Волково, Арнакија, Даме Груев, Маџари, Топаана, Припор, Шуто Оризари, Горно Нерези, Долно Лисиче, Глумово, Свиларе, Шишево, Идризово, Љубанци и Љуботен, Синѓелиќ, Кондово, Кучково и многу други наши скопски населби ќе бидат еден од врвните приоритети во мојот мандат. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз и игралишта за најмладите мора да има секое населено место во и околу Скопје “ – изјави Арсовска

Таа истакна и дека нема потреба од политички надмудрувања, нема политика во тоа да се направи водовод, канализација, да се овозможи автобуски превоз или да се изгради тротоар. Треба знаење, работливост, компетенции и сигурност.

Како човек, но и како менаџер таа нема да прифаќа објаснувања, ниту сега во кампања, ниту после тоа, како е возможно во 21 век околу 100.000 луѓе во Скопје да не ги добиваат основните услови за живот, а редовно да ги плаќаат своите даноци на државата.

Ливерпул нема намера да го пушти Салах на лето

Ливерпул не планира да се раздели со Мо Салах.

Крилниот напаѓач продолжува да има добри односи со сите во Ливерпул. Директорот на клубот Мајкл Едвардс верува дека Салах треба да биде дел од плановите на Ливерпул за иднината, изјави новинарот Фабрицио Романо за подкастот „Here We Go“.

Кон крајот на сезоната ќе има средба помеѓу Салах и неговиот агент. Ќе разговара за иднината на крилниот напаѓач и ќе ги истражи неговите опции. Но, во моментов Ливерпул нема намера да се раздели со него.

Претходно беше објавено дека Салах би можел да го напушти Ливерпул во 2025 година кога ќе му истече актуелниот договор.

Оваа сезона играчот има 24 гола и 12 асистенции во 41 натпревар за клубот. /МИА

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. /МИА

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

притисни ентер