Европскиот Заеднички истражувачки центар ги пренесува научните знаења на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
1Европскиот Заеднички истражувачки центар ги пренесува научните знаења на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
3Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
1Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
Шоу бизАрнолд објави фотографија од снимањето на филмот „Терминатор“ пред 30 годиниАрнолд Шварценегер и Линда Хамилтон повторно рамо до рамо ќе се најдат во новиот „Терминатор“.Како би го прославиме повторното сретнување, тие се присетија на старите времиња, а арнолд објави фотографија од снимањето на вториот дел на „Терминатор“ на која главните херои ги покажуваат своите мускули. „Среќен роденден Линда! Ти си одлична пријателка и колешка и јас сум многу среќен што сме повторно собрани. Стварно си страшна“, напиша акторет во описот на фотографијата. Можеби поминале скоро 30 години од нивната последна соработка, но тие останале добри пријатели, пишува „Менс хелт“. View this post on Instagram Happy birthday Linda! You have been such a fantastic friend and costar, and I’m so happy we are working together again. You are a true badass. A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger) on Sep 26, 2019 at 3:22pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕвропскиот Заеднички истражувачки центар ги пренесува научните знаења на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип Европскиот Заеднички истражувачки центар ги пренесува научните знаења на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – Летна школа за зелени и дигитални вештини.Министерката за образование и наука Весна Јаневска ја отвори Летната школа на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC), што од денес до 18 септември ќе се одржува на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе опфати клучни теми поврзани со проценка на квалитетот на воздухот, почвата и водата, значајни за реализација на Европската зелена агенда. „За Македонија, како економија во процес на пристапување кон Европската Унија, оваа школа е можност за јакнење на капацитетите и јасна потврда дека сме подготвени да бидеме сериозен европски партнер што активно придонесува кон заедничките цели и ја гради својата иднина врз европските вредности“, рече министерката Јаневска, додавајќи дека учесниците од редот на напредни студенти, докторанди и млади истражувачи, ќе имаат ретка можност да се запознаат со истражувачки алатки, да разменат знаења и да ги прошират контактите со колеги од Западен Балкан. Учесниците на Летната школа кои доаѓаат од земјава и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, ќе можат да учат директно од научници на Заедничкиот истражувачки центар и од експерти како да ги користат алатките на JRC за проценка на емисии и влијанија, ќе се запознаат со иновативни методи за подобрување на квалитетот на водата и здравјето на почвата и ќе стекнат увид во напредни техники за мерење. „Загадувањето на водата, почвата и воздухот се најголемите ризици за здравјето на сите нас во Европа. И, се чини дека измина времето кога се прашувавме дали владите ќе преземат сериозни чекори за промени. Сега, пред нас стои јасен ултиматум: или ќе делуваме решително, или сериозно ќе ја загрозиме иднината на нашите деца“, посочи Јаневска. Говорејќи за неопходноста од научен пристап и одржливите решенија, министерката Јаневска нагласи дека тие се во основа на промените. Рече дека Министерството за образование и наука ја става науката и истражувањата во центарот на своите политики, создавајќи услови за научна работа преку модерни лаборатории, поддршка на иновации и интегрирање на зелената и дигиталната транзиција со Стратегијата за паметна специјализација. „За да задржиме континуитет на научната мисла, од година во година ги зголемуваме средствата за научно-истражувачка дејност. Државните факултети, научните институти, МАНУ и јавните научни установи можат да конкурираат со свои научно-истражувачки проекти за државно финансирање. Во 2025-26 година, само по овој основ, се доделени 6 милиони евра буџетски средства. Во рамката за поддршка на науката ги вклучуваме сите релевантни чинители, вклучително и бизнис секторот“. Коорганизатор на Летната школа е Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кој е стратешки регионален и европски партнер на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТрамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања Американскиот претседател Доналд Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по деновите на сериозни предупредувања од експертите.„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање, тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен истражувач , кој рече дека „постои голема веројатност сите да умреме во блиска иднина“ ако продолжи сегашното темпо на развој. Во саботата, врвните индустриски шефови се согласија и повикаа на забавување. Трамп не се осврна директно на идејата, но рече: „Ние ја предводиме Кина во вештачката интелигенција... И, искрено, сакам да остане така бидејќи кој и да победи во вештачката интелигенција, победува“. Трамп зборуваше истиот ден кога истражувачот за вештачка интелигенција Џејкоб Коксон - кој пред неколку дена ја напушти компанијата „Антропик“ - за Би-Би-Си изјави дека персоналот што ги развивал системите бил „вистински исплашен“ за иднината на човештвото. Во саботата, Илон Маск, сопственик на XAI, и сем Алтман од Оpenai, го поддржаа предупредувањето од раководителот на Антропик, Дарио Амодеи, дека темпото на развој треба да се забави „за да се намали ризикот нешто сериозно да тргне наопаку“.Тагови: вештачка интелигенција Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
ФудбалПремиер лигата конечно призна: Победничкиот гол на Сити не требаше да биде признатАнглиското судиско тело „Pro Ref“ призна дека победничкиот гол на Манчестер Сити на дербито против Манчестер Јунајтед – со кој Сити обезбеди победа од 1:0 на „Олд Трафорд“ – не требало да биде признат. Во соопштението објавено во неделата навечер се потврдува дека дошло до „грешка во проценката“. Од „Pro Ref“ открија дека стапиле во контакт со Манчестер Јунајтед и ја признале грешката. Тие сметаат дека, во врска со голот на Ерлинг Халанд, ВАР-системот „требало да препорача преглед на снимката на самиот терен“. Судиите во ВАР-собата проценија дека дефанзивецот на Јунајтед, Патрик Доргу, со својата позиција го држел Халанд во дозволена позиција. Сепак, проблемот беше Енцо Фернандез, играчот на Сити кој се наоѓаше во задниот дел на теренот и се обидуваше да стигне до топката пред таа да стигне до Халанд. Иако Фернандез не ја допре топката, неговото движење очигледно влијаеше врз реакцијата на дефанзивецот на Јунајтед, Лисандро Мартинез, по што Халанд постигна гол на подалечната статива. Според фудбалските правила, голот требало да биде поништен поради ова. По инцидентот во 60-тата минута од неделниот натпревар во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на „Олд Трафорд“, можеме да ја разјасниме ситуацијата околу голот доделен на Ерлинг Халанд. Судиите на теренот досудија офсајд за Ерлинг Халанд. ВАР (VAR) го провери инцидентот и утврди дека тој не бил во офсајд. Во текот на истата акција, беше утврдено дека Енцо Фернандез не играл со топката – фактор што ја прави секоја одлука за офсајд субјективна. Сепак, во овој случај, ВАР (VAR) не го препозна веројатното влијание на неговата позиција врз играта и требаше да препорача преглед на снимката покрај теренот. „Pro Ref“ (Professional Game Referees) е телото задолжено за судењето во англискиот фудбал, познато како PGMO пред неговото ребрендирање ова лето. Организацијата, предводена од поранешниот судија во Премиер лигата, Хауард Веб, го надгледува судењето во првите четири нивоа на машкиот фудбал, како и во Националната лига, Женската суперлига (WSL) и Премиер лигата 2 (за играчи до 21 година). Во објава на платформата X, со која се објаснуваше зошто голот е признат, Центарот за натпревари на Премиер лигата наведе: „ВАР ја провери одлуката донесена на теренот за поништување на голот поради офсајд. Беше утврдено дека Халанд не бил во офсајд и беше дадена препорака голот да се признае. ВАР исто така процени дека Фернандез, иако бил во офсајд позиција, не играл со топката“. Нагласувањето на фактот дека Фернандез не ја допрел топката се совпаѓа со снимката прегледана за време на проверката со ВАР (VAR), при што официјалните лица се обидуваа да утврдат дали играчот од средниот ред на Сити остварил контакт. Сепак, правилото за офсајд јасно наведува дека играч може да се наоѓа во офсајд-позиција и без да ја допре топката. Тоа се случува доколку тој попречува противник со тоа што го спречува да игра со топката или му го попречува видното поле, влегува во дуел со противник за топката, јасно се обидува да одигра со топка што е во негова близина – со што влијае врз противникот – или прави очигледно движење што недвосмислено влијае врз способноста на противникот да игра со топката.Тагови: Манчестер Јунајтед Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter