Архивски досега неоткриени приказни - Канал 5

Архивски досега неоткриени приказни

  Како да влегувате во друг свет. Околу вас безброј документи, тапии, фотографии, потврди, преписки. Животот на едно време, историјата на еден народ.

Архивски досега неоткриени приказни

Такво е чувството секогаш кога ќе се влезе во Архивот. Прилепскиот, еден од најстарите во земјава, кој лани одбележа 65 години постоење, постојано ја обновува, ја преведува, ја архивира документацијата за животот во овој дел од земјава низ вековите, децениите. Ги бележи сите промени. Но и открива нови факти. Постојано. Ние, пак, влеговме во архивскиот свет и неговите приказни.

Со последните преводи и архивирања, особено на Османлиските документи, вчудовидуваат и новите откритија. Едно од нив се однесува на историјата на Прилеп, ново фактографско гледање на работите и на наследството. Ете, само превод на еден документ носи нови сознанија. Познатиот ѕид во центарот на градот пред кого е камената бина на плоштадот „Александрија" не бил Куршумли ан, туку дел од голем Безистен полн со сокаци, дуќанчиња.

За што станува збор, Елена Чагороска, директорка на прилепскиот Архив возбудено објаснува.

-Сега, кога ја објавувавме Монографијата за 65 години од постоењето на Архивот, еден од најстарите во земјава, откривме нов турски документ кој фрла нова светлина за она што досега сме го знаеле. Се однесува за најпознатиот ѕид во центарот на Прилеп. До неодамна мислевме дека ѕидот е дел од некогашен Куршумли ан. Со тој турски документ се открива дека е изграден во 15-иот век, во Османлискиот период. Но, во 1892 година, од кога е овој нов османлиски документ, се нагласува дека адмиистратор од османлиската држава купува дел од Безистенот, како негова сопственост. Со тоа дознаваме дека во Безистенот имало улички, дуќанчиња. Тоа е многу битно. Значи познатиот ѕид во центарот на Прилеп не бил дел од Куршумли ан, туку од голем Безистен, објаснува Чагороска.

Кој знае што ќе донесат новите преводи и „чепкањето" низ броните хартии, документи. Прилепскиот архив е ризница на документација. Од Османлискиот период, па сѐ до денес. Тоа значи дека низ вековите и сите овие децении, архивистите собирале документација од секој период. Макар што тешка била задачата за собирањето на документацијата, знаејќи ги сите превривања низ државата, сепак останала дел од документацијата која е сочувана. Голем дел од материјалот од Втората светска војна е однесен и е во архивите на соседните земји.

-Многу од документацијата „зборува" за општествените промени од, би рекле, последните периоди, од Втората светска војна. За време на Војната, материјалот е однесен. Значи, секој што доаѓал, го разнесувал материјалот низ сите соседни држави, и пошироко, така што, малку документација е останата. Сета документација што ја има собрано прилепскиот архив, посебно е од подарена документација, мислам на Турскиот период. Исто и од подарена документација од приватни фондови и лица, што многу ни значи. Значи, секој документ кој е донесен во архивот нам ни е добредојден. Сето тоа е историја, не само за градот, туку и за државата, ризница од документација која е богатство за нашата историја, за нашиот идентитет. преку документите ги следиме сите промени: политички, економски, културни, просветни, вели Чагороска.

Инаку, претежно, постариот архивски материјал од Османлискиот период е во Државниот архив каде се заштитува и се преведува каде има одделение за Османлискиот период.

-Значи, ние, главно, се осврнуваме на новиот период на Фондови. Прилепскиот архив има богатство од 611 фондови. Од нив 604 фондови се средени и обработени и сме еден од првите архиви кои напредува во архивистиката. Државниот архив има визија. Веќе има направено сукцесија со многу од архивите од соседните држави и тоа е нареден план. Годинава државниот архив одбележува 70 години постоење, објаснува Чагороска.

Граѓаните секогаш доаѓаат да го потврдат, со документ, тоа што им треба. Годишно се околу 500 барања, главно за имотно-правните односи, за потврдување стаж по стечаите. Се обновува судската документација.

-Барањата на странките се големи. И во екот на пандемијата. Научивме нов метод, странките електронски да се обраќаат. Најмногу ни се обраќаат за документи за завршено образование, за стаж, за документи од урбанизмот, од имотно-правните односи. Преземено е и судството. Имаме материјал од пред 5 децении, но сега во тек е преземањето на материјал од 2000 архивски кутии, од 1945 до 1970-та година. Годишно има барања за увид во документи од 400 до 500. Имало години и со 900 барања. Кога имаше потреба од остварување стаж, годишно имавме и преку 1 600 барања, кога беа стечајните постапки во фирмите и со бенефицираните стажови, раскажува Чагороска.

Прилепскиот архив е институција со отворени врати, одговара на сите барања. Постојано доаѓаат истражувачи да се „загубат" во ридовите документи, да ја поминат и да ја преживуваат „историјата" низ факти. И да ја потврдат. Досега, преку 600 истражувачи го посетиле Архивот. Од земјава и од странство. Така ќе биде секогаш, велат од Архивот. Оти, пред фактите и боговите молчат.

Сега ќе се прави ревизија и на старите фондови. Кој знае што ќе се открие ново?

-Ги следиме сите општествени промени. Следниот чекор е дигитализација на документарниот фонд. При таквата ревизија можеби ќе произлезе документ што ќе биде значаен. Ете, како во случајот со прилепскиот познат ѕид. А многу ни е битна личната документација која ќе ни биде подарена. Тоа може да отвори нови сознанија. Кој знае што може да се открие?, мистериозно вели директорката на прилепскиот архив, Елена Чагороска.

Прилепскиот познат ѕид молчи, ама преку документите – проговори. И многу познати објекти во Прилеп на тој начин може да раскажат многу нови приказни. Зачудувачки и фасцинантни. Затоа светот на архивските документи секогаш е фасцинантен. Ги чува и најстарите документи: и доаѓањето на првиот воз во Прилеп, и потписот на Марко Цепенков и ….

При нова средба со архивските документи сигурно ќе откријат уште пофасцинантни факти. Нестрпливо ја очекуваме./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер