Антропик мора да плати рекордни 1,5 милијади долари по тужба за обуки за вештачка интелигенција - Канал 5

Антропик мора да плати рекордни 1,5 милијади долари по тужба за обуки за вештачка интелигенција

Компанијата „Антропик“ ќе плати рекордни 1,5 милијарди долари во тужба против автори чии дела биле користени за обука на нивниот модел на вештачка интелигенција, Клод. 

Антропик мора да плати рекордни 1,5 милијади долари по тужба за обуки за вештачка интелигенција

Федералниот суд на САД во Сан Франциско одобри спогодба што претставува една од најголемите исплати во историјата на споровите меѓу компаниите за вештачка интелигенција и сопствениците на авторски права.

Тужбата е поднесена во 2024 година од група автори кои тврделе дека „Антропик“ користел пиратски копии од книги за обука на своите големи јазични модели. Судот утврдил дека дел од постапките на компанијата претставуваат повреда на авторските права, иако сметал дека користењето на делата за обука на самиот модел на вештачка интелигенција е фер употреба.

Судот ја прифаќа спогодбата по претходните приговори

Случајот првично го водеше судијата Вилијам Алсуп, кој претходно пресуди дека на „Антропик“ му е дозволено да ги користи книгите за обука на моделот Клод поради принципот на фер употреба, односно дозволената употреба на дела заштитени со авторски права.

Сепак, судијата утврдил дека компанијата го прекршила законот кога складирала околу 7 милиони пиратски книги во централна библиотека за развој на своите системи за вештачка интелигенција.

Алсап го отфрли првичниот предлог за спогодба минатата година, велејќи дека не е доволно специфичен и не ги опфаќа сите важни прашања. Потоа, Антропик лансираше официјална веб-страница за спогодба со список на сите засегнати дела, за авторите да можат да проверат дали имаат право на надомест.

Спогодбата опфаќа повеќе од 480.000 книги, а авторите треба да добијат околу 3.000 долари по засегнато дело.

Некои автори веруваат дека надоместокот е пренизок

Новата одлука сега е потврдена од судијката Арасели Мартинез-Олгин, која го презеде случајот откако Алсап се пензионираше.

Покрај финансиската компензација, Антропик ќе мора да уништи пиратски копии од книгите што ги поседуваше. Сепак, не сите автори се задоволни од договорот.

Некои тужители сметаа дека износот на плаќање е пренизок и одлучија да се повлечат од спогодбата за да поведат посебни тужби против компанијата.

Овој случај би можел да постави важен преседан за целата индустрија за вештачка интелигенција, која во последниве години се соочува со сè поголем број прашања за тоа како податоците се користат за обука на модели на вештачка интелигенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Врз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари.

Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати.

Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите.

Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци.

Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност.

Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии.

Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури.

Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари.

Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани.

Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањето почнало навреме во седум часот а до 15 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 6579 гласачи, што претставува 40,49 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 9,32 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.

Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Имате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!

Народната банка со нови детали околу актуелните случувања во банкарскиот сектор и суперревизорските активности.

Имате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!

Утре се очекува да биде покренат стечај за Алта банка во Србија

Деталите од Андријана Лазова Божиновска.

Случајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.

Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците.

Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер