Антовски: РЕК Битола склучила коруптивен договор - Канал 5

Антовски: РЕК Битола склучила коруптивен договор

РЕК Битола склучила коруптивен договор - за истиот тендер оваа година платила 7 милиони евра повеќе од минатата година.

Антовски: РЕК Битола склучила коруптивен договор

Почитувани,

Македонската енергетика предводена од криминалната матрица на СДСМ и ДУИ која сигурно ја носи државата во распад, го достигнува дното со измами, рекетирање и енормно осиромашување на македонскиот народ.

Минатата зима имавме прогласено кризна состојба во енергетиката која поради незнаењето, криминалот, како и енормната партизираност на енергетските компании, не чинеше неверојатни 171 милиони евра, директни средства од Буџетот на Република Македонија, кои се префрлија во државната компанија- Електрани на Македонија.

Годинава состојбата е уште полоша. За неполн месец увезена е електрична енергија за околу 20 милиони евра!

Дека состојбата во ЕЛЕМ е алармантна доказ е и следното:

на 22.11.2022 година во РЕК Битола се склучува коруптивен договор во висина од 20.000.000 евра. На тендерот со еден понудувач „Марковски- компани“, која е фирма миленик на директорот Ковачевски за договори во четири очи, понудила точна сума - токму колку што планирале од РЕК Битола да потрошат.

Најстрашно е што кога имало конкуренција во претходната 2021 година за истата услуга на истиот оглас во договор од 24.06.2021 година во РЕК Битола платиле 13.000.000 евра што е за 7.000.000 евра помалку.

Кога на минатиот тендер имало наддавање и повеќе понудувачи, цената од планирани 13.500.000 евра паднала на 13.000.000 евра т.е. имало намалување од половина милион евра.

Како е можно за истиот тендер минатата година РЕК Битола да платила 13.000.000 евра а оваа година 20.000.000 евра, цели 7.000.000 евра повеќе.

Меѓутоа лакомоста и криминалот во РЕК Битола не завршува тука. При реализација на овие тендери истиот камион неколку пати поминува на вага со товарениот материјал без да го истовари на депониите за јаглен кои во рудниците во БРОД ГНЕОТИНО не се обезбедени, ниту пак некој ги контролира и истиот товар се наплаќа односно се фактурира неколкукратно. Испорачаната количина на јаглен е неколкукратно помала бидејќи се испорачува еден товар, а се наплаќа повеќепати, се наплаќаат повеќе фактури за истиот товар.

Директен резултат на ваквиот хаос е цената на струјата која ја плаќаат компаниите во Македонија, која е една од највисоките во Европа.

Почитувани, ова е сликата за македонската енергетика раководена од СДСМ и ДУИ.

Електроенергетскиот систем на Република Македонија е изграден со НАРОДНИ ПАРИ, кои сега безмилосно се трошат поради погрешното менаџирање и профит на поединци. Ова нема да помине неказнето!

Стевче Антовски

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските авиони-танкери се повлекоа од Бугарија

Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран.

Американските авиони-танкери се повлекоа од Бугарија

Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти.

Распоредувањето на авионите предизвика реакција од Техеран. Иран тогаш предупреди дека нивното присуство во Бугарија би можело да претставува учество во, како што го нарече, „агресија и воени злосторства“. По информациите дека Иран разгледувал можни напади врз американски воени цели во југоисточна Европа, Бугарија ги засили безбедносните мерки во базата Безмер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.

Насилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)

Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело.

Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“.

Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер