Утре почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес? - Канал 5

Утре почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?

Стартува судењето против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. 

Утре почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?

Тој утре за прв пат ќе седне на обвинителна клупа во Кривичен каде што ќе му суди за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ за кое во Кривичниот законик е предвидена затворска казна од најмногу пет години.

Груби додека траеше истрагата првично беше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото беше преквалификувано во злоупотреба на службената положба. Тој и уште седум лица се товарат за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинителниот предлог беше поднесен пред десет дена на 13-ти август, а Груби кој е второбвинет во предметот во моментот се наоѓа во куќен притвор. Првообвинет е Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Државна лотарија. Тој и натаму е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

Според ОЈО обвинетите иако биле свесни дека Лотарија немала право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државата, сепак започле постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари, при што го оштетиле акционерското друштво за околу 8,2 милиони евра. Груби, како што е наведено во обвинението на владина седница одржана на 6ти јуни 2023 постапил спротивно на деловникот за работа на Владата и го заобиколил пропишаниот начин на одлучување.

- Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво, соопштија тогаш од Обвинителството

Поднесениот обвинителен предлог против Груби предизвика и низа политики рекации, а отвори и нов фронт во ДУИ. Партиски членови кои отворено излегоа со поддршка за Грби го обвинија партиското раководство дека го оставиле сам да се соочува со обвиненијата. Од ДУИ пак негираа дека внатре во партијата имало дебата околку солидарсноста за Груби и сметаат дека немало докази против него и оти станува збор за политички прогон, а Ахмети во интервју за косовски медиум тврдеше дека тој лично побарал од Груби да се врати во Македонија. Од Влен пак сметаат дека Аеран Груби е „црната кутија на ДУИ“ и дека може да проговори за она што се случвало во Мала Речица со годинни и дека поради тоа изостанала партиската поддршка за долгодогшниот интегративец.

Груби повеќе од една година беше бегалец. Ја напушти државата во декември 2024 преку граничниот премин со Косово и покрај тоа што беше на таканаречената „стоп листа“. По него беше распишана меѓународна потерница. На 23 февруари годинава Груби се појави на граничниот премин „Блаце“, каде што беше приведен и однесен во притвор. Сепак, тој во затворот во Шутка се задржа само неколку часа, бидејќи мерката по неговиот распит во Обвинителството му беше заменета со куќен притвор со 24-часовен полициски надзор врз основа на проценка од МВР и АНБ дека не можела да му се гарантира безбедноста во затвор. Заедно со него утре на обвинителна клупа ќе седнат и уште шест лица. И тие се сомничат за Злоупотреба на службена положба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер