3ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја демантираат СДС, за две години ВМРО-ДПМНЕ исплаќа повеќе субвенции отколку СДС и ДУИ за три години
Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
1Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
2Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
МакедонијаАнтикорупциска со уште една иницијатива до обвинителството за случај поврзан со Рамиз МеркоВонредниот надзор на ДПИ покажал и дека наставничката, претходно заведена со занимање апсолвент, била назначена за директор само дваесетина дена откако од приватен факултет се стекнала со диплома за завршено високо образование.Нов скандал го тресе струшкиот градоначалник Рамиз Мерко откако Антикорупциска по пријава на ДПИ утврди дека наставничка во основно училиште во Струга не само што не исполнувала услови да биде наставник туку и два пати по ред ја назначил за в.д директорка. Вонредниот надзор на ДПИ покажал и дека наставничката, претходно заведена со занимање апсолвент, била назначена за директор само дваесетина дена откако од приватен факултет се стекнала со диплома за завршено високо образование. -Не ги исполнувала условите за наставник и не ги исполнувала условите за в.д директор. Постојат сомнежи дека е сторено кривично дело од страна на градоначалникот на О. Струга со нејзиниот избор за в.д директор. Се потпишала и како в.д директор и како наставник, изјава – Шемши Салаи – Член на ДКСК . Претходно четири години била наставник со завршено средно образование, предавала по повеќе предмети и за ниту еден не ги исполнувала условите. Освен тоа, испекторатот утврдил и дека со лажни документи полагала стручен испит за в.д директор. -Лицето не ги исполнувало условите за в.д директор, немала најмалку пет години работно искуство во воспитно образовниот процес. Немала уверение за положен испит за директор, немала сертификати за познавање на англиски јазик и градоначалникот на О. Струга не донел одлука училишниот одбор да објави јавен оглас за избор на директор и по втор пат едно по друго го именувал посоченото лице за д.д директор,- изјава – Шемши Салаи – Член на ДКСК . Антикорупциска со иницијативата до струшкото обвинителство бара кривична одговорност и за Мерко и за наставничката – в.д директорка. Во обвинителствата се водат околу триесетина предмети поврзани со струшкиот градоначалник покажа вонредниот надзор откако американскиот Стејт департмент го стави Мерко на црната листа поради сериозни наводи за корупција. Досега ниту еден од нив не заврши со подигнато обвинение... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЦената на нафтата продолжува да паѓаЦената на нафтата на светските берзи паѓа четврти ден по ред.Според податоците што ги објави медиумот CNBC, фјучерсите за сурова нафта Брент, кој е меѓународен репер, паднаа за 0,53 проценти и се тргуваа на 82,74 долари рано утрово. Истовремено, фјучерсите за сурова нафта од Западен Тексас (WTI) за испорака во јули паднаа за 0,41 проценти, спуштајќи се на 80,44 долари. Фјучерсите за нафта забележаа кус раст преку ноќ пред целосно да го сменат курсот, откако во претходната сесија паднаа на најниското ниво регистрирано од 4 март. Оваа нестабилност на пазарот ја одразува долготрајната неизвесност околу целосните услови на мировната рамка договорена меѓу САД и Иран.Тагови: нафта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНорвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионотНеверојатно е со каква експедиција Норвежаните пристигнаа на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Тимот на Норвешка донесе еден тон храна на Мундијалот. Норвешка сè уште не играла на Светското првенство, но нивната експедиција е во Америка долго време и пристигнала таму подготвена. Како што објавија норвешките медиуми, Фудбалската асоцијација одлучила да се погрижи за исхраната на фудбалерите на импресивен начин. Норвежаните пристигнаа во САД со 300 килограми риба, 116 килограми сирење и дури 6.000 портокали. Тие ги донесоа најпознатите норвешки готвачи со себе за да се грижат за тимот. Норвешка го започнува својот настап на Светскиот шампионат вечерва со дуел против Ирак и, а по тој натпревар во кој се големи фаворити, започнуваат тешките ривали. Првиот е Сенегал на 22 јуни, а вториот е дуел со Франција на 26 јуни.Тагови: Халанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводителиМинистерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност. Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини. Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор.Тагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook