Антикорупциска: Не постои судир на интереси во одлуката на Уставен суд

По одлуката на Уставниот суд, се огласија и од Антикорупциската комисија, од каде велат дека според нив, не постои судир на интереси во одлуката на судот.

Во врска со постапувањето на Уставниот суд за прифаќање на иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на уредбите за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лиза во јавниот сектор за време на вонредна состојба ДКСК смета дека не постои судир на интереси кај уставните судии во конкретното постапување.

Имено, имајќи предвид дека надлежноста на Уставниот суд е утврдена само со Уставот, а Уставниот суд е единствен орган на републиката кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со уставот, сметаме дека во овој случај не е надвладеан личниот интерес во вршењето на службената должност. – велат од Антикорупциска

Бајден денеска ќе биде домаќин на лидерите на Финска и Шведска

 Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Белата куќа ќе ги пречека лидерите на Финска и Шведска, Саули Нинист и Магдалена Андерсон, откако двете нордиски земји аплицираа за членство во НАТО.

Соединетите Американски Држави ги поддржуваат напорите на двете земји за приклучување кон Северноатлантската алијанса, а доколку нивната апликација за членство помине, Алијансата ќе брои 32 членки.

Сепак, Турција се противи на влезот на Хелсинки и Стокхолм во НАТО, обвинувајќи ги дека се рај за антитурските екстремисти.

Британија и неколку земји од НАТО им понудија безбедносни гаранции на Финска и Шведска додека се разгледуваат нивните апликации, ветувајќи им дека ќе им помогнат во случај на агресија. -Срдечно ги поздравувам и силно ги поддржувам историските апликации на Финска и Шведска за влез во НАТО, рече Бајден.

ВМРО-ДПМНЕ: Над 2400 дечиња чекаат за прием во градинка во Скопје

Над 2400 дечиња чекаат за прием во градинка во Скопје, места нема затоа што СДСМ 5 години не направи ниту еден нов објект.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини затекнаа состојба во која стотина дечиња од секоја општина се на листа за чекање за прием во градинка.

Места нема затоа што СДСМ 5 години не направи ниту еден нов објект.

Ситуацијата со недостаток на места за сместување не може да се реши преки ноќ. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во сите скопски општини веќе засилено работат на нови градинки, и се очекува проблемот за година дена од сега да биде помал.

Работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на полето на градинките ја опструира централната власт, од каде не даваат согласност за нови вработувања и го кочат процесот во целост.

СДСМ ја злоупотребува централната власт да им прави сопки на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и ова е една од причините поради која мора да имаме предвремени парламентарни избори час поскоро. Со влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе се насочи на раст и развој и нови проекти, наместо на стагнација и криминал како до сега.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Општина Аеродром: Еднократна парична помош за првачиња

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што се издвоени 3.100.000 денари од буџетот.

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2022 година. Образецот може да се подигне на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;

2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);

3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;

4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

Општина Аеродром

притисни ентер