Анкети: Популарноста на Макрон се намалува по распишувањето предвремени избори - Канал 5

Анкети: Популарноста на Макрон се намалува по распишувањето предвремени избори

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон падна за пет процентни поени во еден месец, од мај до јуни, на 26 отсто од Французите кои се задоволни од неговата работа, според најновата анкета, објави денеска весникот „Фигаро“.

Анкети: Популарноста на Макрон се намалува по распишувањето предвремени избори

Според анкетата на Ифоп, спроведена за весникот „Журнал ду Диманш“, која беше спроведена по одлуката на Макрон да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори поради дебаклот на неговата група на изборите за Европскиот парламент, популарноста на францускиот претседател падна на најниско ниво од 2017 година.

Истражувањето покажува и дека популарноста на францускиот премиер Габриел Атал паднала за четири процентни поени на 41 отсто од испитаниците кои се изјасниле дека се задоволни од неговата работа.

Анкетата на Ифоп беше спроведена онлајн од 12 до 20 јуни 2024 година, на репрезентативен примерок од 1.992 луѓе на возраст над 18 години. Маргината на грешка е меѓу еден и 2,2 процентни поени.

Покрај анкетата Ифоп, уште една анкета на агенцијата Ипсос за весникот „Ла Трибјун“ укажува и дека популарноста на Макрон е во постојан пад, иако според таа анкета не го достигнала најниското ниво од кризата на жолтите елеци во 2018 година. Според тоа истражување, Макрон изгубил четири процентни поени, а неговата популарност паднала на 28 отсто, објави агенцијата Франс прес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Партизан за Карлик Џонс: Не е на продажба!

„Не е на продажба“, првиот човек на евролигашот Партизан од Белград, Остоја Мијаиловиќ реагираше на шпекулациите за трансферот на најдобриот кошаркар на црно-белите Карлик Џонс.

Претседателот на Партизан за Карлик Џонс: Не е на продажба!

Остоја Мијаиловиќ зборуваше за Карлик Џонс и потврди дека плејмејкерот останува во Партизан.

На социјалните мрежи се појавија шпекулации за можното заминување на Карлик Џонс од Партизан во Олимпијакос, наводно како замена за повредениот Жан Монтеро.

Поради сето ова, првиот човек на „црно-белите“ се огласи и ги демантираше тие наводи.

„Карлик Џонс има загарантиран договор со Партизан за оваа и за следната сезона, без клаузула за раскин. Тој е нашиот најдобар играч и сметаме на него за остварување на нашите спортски цели оваа сезона. Клубот нема интерес да го продаде“, напиша на социјалните мрежи, Остоја Мијаиловиќ.

Претходно, „црно-белите“ издадоа соопштение во кое потврдија дека Жоан Пењароја и стручниот штаб ја имаат целосната поддршка од раководството на клубот. Дополнително, беше обелоденето дека Сани Бечировиќ е новиот директор на клубот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца

Во Србија се уапсени шест лица, а спасени се девет деца во рамките на голема полициска операција насочена против сексуалното злоставување на деца преку интернет.

Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца

Веста ја потврди Министерството за внатрешни работи на земјата.

Меѓународна операција „Мозаик“ Меѓународната операција, со кодно име „Мозаик“, ја спроведоа припадници на српската Управа за технологија и Службата за борба против високотехнолошкиот криминал.

Тие постапуваа по налог на Посебното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Полициските сили од земјите учеснички спроведоа вкупно 42 претреси и идентификуваа 48 осомничени лица.

Досега се идентификувани и спасени девет деца – жртви на сексуално злоставување. Надлежните соопштија дека српската полиција идентификувала и уапсила шест лица од вкупно 48-те осомничени.

Во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Ниш, Смедерево и Бор беа извршени претреси во домови и други простории што ги користат осомничените. Притоа беа пронајдени компјутери и друга електронска опрема кои содржеле материјали што прикажуваат сексуална експлоатација на деца.

Постои сомневање дека лицата преземале, чувале и споделувале таква содржина преку интернет. Според досега собраните информации, некои од осомничените користеле лажни профили на социјалните мрежи и апликации. Тие се претставувале како млади девојчиња и стапувале во контакт со малолетници, со цел да ги принудат да испратат фотографии и видеа од сексуална природа. Полициска соработка и апел до родителите Операцијата „Мозаик“ се спроведува во рамките на европската платформа EMPACT.

Таа опфаќа соработка меѓу полициските служби на земјите од Западен Балкан, Унгарија и Хрватска, со поддршка од Европол. Министерството за внатрешни работи на Србија упати апел до родителите и старателите да разговараат со своите деца за ризиците поврзани со комуникацијата со непознати лица на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сопруга на фудбалер на Динамо Киев бара само 1000 долари месечно за удобен живот?!

Сопругата на фудбалер на Динамо Киев, Назар Волошин, атрактивната Лиза шокираше со изјавата за пари!

Сопруга на фудбалер на Динамо Киев бара само 1000 долари месечно за удобен живот?!

Лиза Волошина која е шест години повозрасна од својот сопруг повторно го привлекува внимание на јавноста со своите скандалозни изјави и провокативни фотографии.

Интересно е тоа што оваа убава бринета се појавува во украинските медиуми под името Јелисавета Кандиба, додека по стапувањето во брак го користи презимето Волошина.

Љубовната приказна меѓу Лиза и Назар трае веќе неколку години. Поточно, пред да стапат во брак летово на 11 јуни во Киев тие биле заедно пет години.

Свадбената прослава ја организираа во кругот на семејството и пријателите. Според украинските медиуми, Лиза е шест години постара од фудбалерот. Оваа убава бринета често позира во елегантни и привлечни модни комбинации, објавува фотографии од разни фотосесии, а прикажува и прошетки, посети на ресторани, шопинг и патувања.

Лиза дојде во центарот на вниманието на украинската и европската јавност во ноември 2024 година. Тогаш таа го привлече вниманието на медиумите изјавувајќи дека ѝ се потребни 1.000 американски долари месечно за удобен живот во Киев.

Исто така, истакна дека заработката на нејзиното момче не ѝ е најважната работа, туку неговите цели и амбиции. За време на разговор со еден блогер, Лиза одговараше на прашања за скапите подароци што ѝ ги купил Назар, како и за тоа колкава сума пари смета дека е доволна за пристоен живот во Киев.

Таа откри дека фудбалерот ѝ подарувал скапи прстени и чанти, но нагласи дека парите никогаш не биле пресудни во нивната врска. Додаде и дека нејзината омилена марка автомобили е BMW.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер