Анкета: Рекордно ниска популарност на Макрон, 79 проценти од Французите не ги одобруваат неговите постапки - Канал 5

Анкета: Рекордно ниска популарност на Макрон, 79 проценти од Французите не ги одобруваат неговите постапки

Според најновото месечно истражување на агенцијата Ипсос BVA-CESI, постапките на францускиот претседател Емануел Макрон биле негативно оценети од 79 проценти од француските испитаници, а неговата популарност во моментов е на најниско ниво.

Анкета: Рекордно ниска популарност на Макрон, 79 проценти од Французите не ги одобруваат неговите постапки

Според истражувањето објавено денеска од Трибун Диманш, Макрон достигнал рекордни нивоа на непопуларност, со 18 проценти позитивни оценки во споредба со 79 проценти неповолни, што е за два поени повеќе отколку во декември.

„Она што е впечатливо е кршливоста на неговата сопствена база“ поддржувачи, изјави извршниот директор на Ипсос BVA, Брајс Тентури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Нова провокација од Синди Свини

На интернет кружат нови фотографии од сексапилната актерка Сидни Свини. Градникот едвај ѝ ги држи градите.

Фото: Нова провокација од Синди Свини

Нови провокативни фотки од популарната актерка со бујни облини Синди Свини.

Позната по своите бујни облини и витката фигура, актерката Сидни Свини повторно предизвика бура од реакции меѓу своите обожаватели на социјалните мрежи.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа сподели компилација од атрактивни изданија, но во малку поопуштен стил.

За да го промовира својот бренд SYRN и најновата колекција на долна облека „Small Town Girl“, актерката објави неколку селфи-фотографии.

Очекувано, вниманието на фановите беше вперено во прекрасните облини на убавата актерка, особено во нејзините гради, кои веднаш паѓаа во очи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема

Неофицијално, хемикалија за производство на детергенти ги побелела Лепенец и Вардар.

СДСМ: Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема

А од Државниот инспекторат за животна средина велат дека сè уште ги немаат податоците кои треба да ги споредат.

Колку дена поминаа откако Орце леташе со дрон?

Колку дена се потребни за да се докаже што ја отру водата? Дали ова се прави намерно?

Пола Македонија е отруена.

Седум градови и неколку села немаат вода за пиење.

Во Гостивар епидемија на жолтица што Мицкоски сака да ја прикрие.

А одговорен сè уште нема. Ниту еден. Министерствата и Владата молчат.

Мицкоски и Клековски - секој со своја приказна.

Едниот вели дека од петок може да се пие. Другиот вели дека има нова бактерија.

Мицкоски стана бактериолог, а Клековски не е ништо, освен задолжен за напади на професори и доктори.

Тошковски се занимава со хиперхлорирање, бидејќи корупција и криминал не може да гони - би морал да се уапси себеси, Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО. Затоа стана полицаец-водоводџија.

Сè ова би било смешно да не е во прашање здравјето на граѓаните и да не се меша вода за пиење со фекалии.

Затоа е многу сериозно.

На Мицкоски и ВМРО им е важен само рејтингот.

Здравјето на граѓаните - не.

Уште малку, кога ќе тргнат Орбановите медиуми со засилување од Србија - со „Ало“ и „Информер“, плус Еуроњуз со лиценца од Вучиќ што ја водат Латас и Ивона - граѓаните повеќе нема ни да чујат дека водата е отруена.

Македонија е изолирана. Во медиумски мрак. Без вода за пиење. А во позадина минуваат криминалните тендери.

Така изгледа програмата на ВМРО-ОКГ и на Христијан Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рашфорд се прости од Барса

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд се прости од Барселона,  и по подолг период се враќа на Олд Трафорд, ќе му се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед во подготовките за новата сезона.

Рашфорд се прости од Барса

28 годишниот Рашфорд е член на Манчестер Јунајтед, а минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона.

Тој одигра 49 натпревари за каталонскиот клуб, при што постигна 14 гола и запиша 14 асистенции. Барселона одлучи да не ја активира клаузулата за откуп на англискиот фудбалер.

„Исклучително сум им благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој овде толку позитивно и незаборавно искуство. Уживав во секој момент и ќе ги носам тие посебни спомени со себе. На клубот и на сите негови навивачи им посакувам многу среќа и успех во претстојната сезона“, објави Рашфорд на социјалните мрежи.

Англичанецот сега ќе се обиде да избори место во тимот на Мајкл Керик, кој минатата сезона го освои третото место во Премиер лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер