ЖивотАнкета: Повеќе од половина од верниците би поддржале признавање на македонската црква под ОА Верниците на Македонската Православна Црква–Охридска Архиепископија немаат никаква дилема дека МПЦ-ОА заслужува признавање на нејзината автокефалност од останатите православни цркви.Повеќе од половината се подготвени да поддржат признавање на автокефалност на црквата под древното име Охридска Архиепископија наместо МПЦ-ОА. Ова го покажува најновото истражување на јавното мислење во рамки на проектот „Република Северна Македонија како мултиконфесионално општество", што во континуитет го спроведуваат „Институтот за политички истражувања–Скопје" (ИПИС) и интернет порталот „Религија.мк", со финансиска поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер" (КАС). На прашањето „Дали би поддржале признавање на автокефална црква под древното име Охридска Архиепископија наместо МПЦ-ОА?", 54.9 отсто од испитаниците одговориле позитивно, 29.5 проценти не се согласуваат со тоа, а 15.7 проценти од испитаниците се уште немаат став по ова прашање. Речиси две третини, или 74.4 проценти од верниците на МПЦ-ОА, сметаат дека МПЦ-ОА треба да бара автокефалност во нејзиното признавање во православниот свет, додека пак 10.3 отсто испитаници се согласуваат со статус на автономна црква. Високи 88.1 проценти од верниците сметаат дека МПЦ-ОА треба да продолжи да бара признавање во православниот свет, бидејќи речиси едногласно е мислењето дека таа заслужува да биде прифатена во семејството на православните цркви. -Кога станува збор за перцепцијата на граѓаните околу тоа која од православните цркви има пријателски, а која непријателски однос кај верниците мислењето е поделено. Освен што е највисок процентот на испитаници кои сметаат дека прво Руската црква, а потоа и Вселенската патријаршија имаат пријателски однос кон МПЦ-ОА, повисок е процентот на испитаници кои рекле дека Српската црква има пријателски однос, отколку што е тоа случајот со Грчката или Бугарската црква, иако спорот на МПЦ-ОА е пред се со СПЦ. Сепак, според одговорите најнегативна е перцепцијата кон Српската Црква. Во тој контекст и 33.4% од испитаниците оцениле дека причината за непризнавањето на МПЦ-ОА е „политичка, поради противење на СПЦ", покажува анализата на резултатите од истражувањето. Иако православните верници сакаат признавање на автокефалноста и се подготвени за тоа да поддржат и прифаќање на древното име Охридска Архиепископија, сепак се уште не се подготвени да прифатат обединување со ПОА – црквата на Јован Вранишковски. Во случај ако Вселенската патријаршија тоа го побара, 54.1 проценти од испитаниците на такво нешто не се согласуваат, додека пак 18.4 проценти се согласни на обединување на двете цркви со цел издавање Томос за автокефалност. Повеќето испитаници го гледаат праќањето писма до Вселенскиот патријарх од страна на највисоките претставници на извршната власт како позитивно, но голем дел од граѓаните сметаат дека овие писма нема да имаат некое влијание. МПЦ-ОА и Архиепископот г. г. Стефан генерално уживаат висока доверба кај своите верници, која речиси е изедначена. Дека „имаат доверба" во архиепископот одговориле 40.8 отсто, а дека „донекаде имаат доверба" одговориле дополнителни 29 отсто од испитаниците, што е кумулативна доверба од околу 70% од верниците. -Ова истражување направи обид и за мерење рејтинг на доверба и кај останатите владици на МПЦ-ОА, при што беше користен метод на двоен одговор. На прашањето „Кој од владиците на МПЦ-ОА најмногу го почитувате", испитаниците требаше да се изјаснат без притоа да им бидат прочитани имињата на владиците, а имаа право на два одговора. На прв одговор најмногу се изјасниле за Дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј, потоа Повардарскиот митрополит г. Агатангел и за епископот Антаниски г. Партениј. На вториот одговор, најмногу од испитаниците се изјасниле за владиката Агатангел, потоа владиката Тимотеј и за владиката Партениј, велат спроведувачите на истражувањето. Според нив, и ова истражување покажува висок процент на религиозност кај православните верници во поглед на декларативноста, но и во поглед на практикувањето на верата. На прашањето „дали постите" 24 отсто изјавиле „да често, според црковните обичаи", односно во согласност со верскиот календар, дополнителни 28 отсто од испитаниците кажале дека „да, понекогаш постат", 22 отсто постат „многу ретко" додека 26 отсто „не постат воопшто". На прашањето „дали се причестуваат", процентите се во согласност со одговорите на претходното прашање, со оглед дека за да се причести во црква претходно треба да се пости, па така 18 отсто изјавиле дека „често се причестуваат" и дополнителни 23 отсто дека „се причестуваат понекогаш", 23% изјавиле дека „ретко се причестуваат", додека 36 отсто дека „не се причестуваат никогаш". На прашањето „дали имате домашна слава", што е чест обичај кај македонските православни христијани, високи 70 проценти одговориле потврдно. Истражувањето на јавното мислење, спроведено од „ИПИС", „Религија.мк" и Фондацијата „Конрад Аденауер", е направено во ноември 2020 година. Биле вклучени 1015 испитаници од православна вероисповед, со задржување на генералниот сооднос во поглед на базичните демографски карактеристики како пол, возраст, професија и образование. Маргиналната грешка е помеѓу +/-3.2% со 95% интервал на веродостојност. Ова, е прво вакво специјализирано истражување, во кое учествувале само испитаници кои се декларирале како православни верници, и е насловено како „Перцепции за позицијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – доверба на верниците, релации со државата, патот до автокефалност"./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos. Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови. Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз. Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата. Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата. На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември. Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат. Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември. Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“. Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата. Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.Тагови: италија штрајкови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter