Новинар известувал за поплава, кога зад себе видел човек како тоне во џипот- тогаш почна драмата (ВИДЕО)
1Новинар известувал за поплава, кога зад себе видел човек како тоне во џипот- тогаш почна драмата (ВИДЕО)
БалканАнкета на ИРИ: Западен Балкан го губи трпението поради чекање за влез во ЕУАнкетата покажа дека 39 отсто од Босанците, 36 отсто од Црногорците и 31 отсто од Македонците поддржуваат недвосмислено прозападен курс.Земјите од Западен Балкан се строго поделени меѓу Западот и Русија, а некогаш силната поддршка за пристапување во Европската Унија сега се намалува, покажува неодамнешната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Резултатите од анкетата февруари-март, која истражувачката група со седиште во Вашингтон ја спроведе во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, доаѓаат во време кога регионот се соочува со обновени етнички тензии во услови на забавување на проширувањето на ЕУ и пораст на проруски чувства. Анкетата покажа дека огромно мнозинство во Албанија и Косово сакаат нивните земји да следат недвосмислено проевропска унија и прозападен курс, додека само 10 отсто од испитаниците во Србија го дале истиот одговор. Мнозинството од анкетираните Срби посочија дека сакаат Србија или да ги задржи врските со Русија или да води проруска надворешна политика. Анкетата покажа дека 39 отсто од Босанците, 36 отсто од Црногорците и 31 отсто од Македонците поддржуваат недвосмислено прозападен курс. „Генерално, прозападниот тренд во регионот е силен, со неколку забележителни исклучоци“, изјави Пол Мекарти, директор на Меѓународниот републикански институт за Европа, за Гласот на Америка. „Србија оди спротивно од другите пет земји во регионот; таа е повеќе проруска, го обвинува Западот за конфликтот во Украина, има многу низок рејтинг за приклучување кон Европската Унија“. Мекарти рече дека прозападните тенденции се омекнати и во Црна Гора и Македонија, и покрај тоа што станаа членки на НАТО, како и во Босна, каде Турција ги замени САД како клучен сојузник на босанските муслимани. И Србите се против членството во НАТО: само 3 отсто од испитаниците во Србија рекоа дека го поддржуваат. „Луѓето го губат трпението со чекањето за влез во Европската Унија. Дел од ова се објаснува и со фактот дека Украина е поканета и други земји, додека во повеќето случаи земјите од Западен Балкан чекаат повеќе од две децении во редот за влез во Европската Унија“, рече Мекарти. „Поддршката за пристапувањето во ЕУ почнува да омекнува во оние земји каде што беше многу, многу силна“. Сепак, анкетата на ИРИ покажа дека, со исклучок на Србија, големо мнозинство во петте балкански земји сепак ќе гласаат за пристапување во ЕУ. Во Србија, 40 отсто од испитаниците во анкетата рекле дека ќе гласаат за членство во ЕУ, додека 34 отсто би гласале против, а 17 отсто нема да гласаат. Мекарти рече дека анти-ЕУ ставот во Србија ја поттикнува нејзината влада, која ги користи медиумите за да ги охрабри луѓето да ги напуштат надежите за членство во ЕУ и „да ги нагласи односите со странските авторитарни актери како Русија и Кина“. Геополитичките поделби на Западен Балкан беа очигледни и во анкетата за ставовите на испитаниците кон руската инвазија на Украина. Анкетата покажа дека 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина. Мнозинството од испитаниците во Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија рекоа дека акциите на Русија во Украина се „донекаде“ или „целосно“ неоправдани, став што го делат 37 отсто од испитаниците во Србија. Кој се смета за сојузник, а кој за непријател? Долгогодишните несогласувања и етнички спорови продолжуваат да фрлаат сенка врз Западен Балкан повеќе од три децении откако распадот на Југославија доведе до крвави војни. Осумдесет и три отсто од Косовците ја гледаат Србија, која ја отфрла независноста на Косово, како закана, додека 68 отсто од Албанците во Албанија ги сметаат Србија и Русија како главна опасност за нивната земја. Мнозинството во Косово и Албанија ги гледаат САД, кои се заслужни за водењето на 78-дневната интервенција на НАТО во 1998-1999 година за да се запре етничкото чистење на Србија на албанското мнозинство во Косово, како клучен сојузник на нивните земји. Во Босна, Турција се смета за најголем сојузник, а Србија како најголема закана, додека 34 отсто од Македонците ја гледаат Србија како свој главен сојузник, додека Бугарија, која го блокираше пристапот на Македонија во ЕУ, ја гледаат како нивен главен непријател. Во Црна Гора, 32 отсто од испитаниците во анкетата на ИРИ ја навеле Србија како најважен сојузник на нивната земја, додека 19 отсто ги навеле САД како најголема закана. Во Србија, 36 отсто од испитаниците ги навеле САД како главна закана на земјата и Русија како нејзин клучен сојузник. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНовинар известувал за поплава, кога зад себе видел човек како тоне во џипот- тогаш почна драмата (ВИДЕО)Австралискиот телевизиски репортер Вил Мареј и случаен минувач спасија маж од потопен џип во поплавните води во Квинсленд, северно од Бризбејн, објави Ројтерс.Мареј, новинар за јавниот радиодифузен сервис АБЦ, известуваше за поплавите кога возилото на мажот падна во водата, застана и почна да тоне. Репортерот и друг маж допливаа до возилото и го извлекоа возачот, неколку моменти пред автомобилот целосно да исчезне под водата. „Тие дефинитивно му го спасија животот на човекот. Нема сомнение за тоа“, рече снимателката на АБЦ, Лиз Пикеринг, која беше сведок на инцидентот. Околу 170 милиметри дожд паднаа во австралискиот град Морајфилд во среда, според АБЦ.Тагови: новинар ПОПЛАВА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕУ заплени рекордно количество фалсификувана стока- над 40% доаѓа од КинаВо ЕУ во текот на 2025 година беа запленети повеќе од 196 милиони парчиња фалсификувана стока, што е најголемата количина досега. Ова е дури за 67 проценти повеќе од претходната година, според извештајот на Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост (EUIPO), со седиште во Аликанте, Шпанија. Проценетата вредност на конфискуваната стока е исто така рекордна, изнесувајќи 6,3 милијарди евра. За споредба, во 2024 година, која дотогаш го држеше рекордот, беа запленети стоки во вредност од 3,9 милијарди евра. Поголемиот дел од запленетата стока се ЦД-а и ДВД-а, компјутерски програми, играчки, етикети и налепници. Цигарите и облеката исто така сочинуваат голем дел. Поголемиот дел од фалсификуваната стока доаѓа од Кина, повеќе од 40 проценти, додека Турција е на второ место со 18 проценти. Големото зголемување на заплените се припишува на засилената борба против шверцерските групи и почестите и поуспешни контроли. Онлајн купувањето ја отежнува борбата против фалсификувањето EUIPO предупредува дека борбата против фалсификувањето е отежната од зголемениот број на различни правци по кои се транспортираат стоките, како и од ограничените капацитети на надлежните служби. Дополнителен проблем е растот на онлајн трговијата, бидејќи стоките сè повеќе се доставуваат по пошта и преку бројни компании за достава, што ја отежнува контролата. Во извештајот се заклучува дека подобрата заштита на интелектуалната сопственост и европската економија бараат нови мерки, подобра соработка меѓу надлежните служби и посовремени алатки и технологии.Тагови: фалсификувана стока Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
СудбинаТргнала кон болница, но бебето не чекало- жена за две минути се породила во воз во Холандија Бремена жена се породила во воз во холандскиот град Гронинген откако ѝ пукнале водењакот додека патувала кон болница на преглед.Локалните медиуми објавија дека мајката и новороденото бебе се добро. Жената се качила на воз „Арива“ на станицата „Еуропапарк“ и добила породилни болки кратко по поаѓањето, објави „NL Times“. Според еден патник, целиот инцидент се случил за околу две минути. Патниците повикале брза помош и прашале дали има лекар во возот. Медицинските сестри се качиле на возот на станицата „Гронинген“ за да им помогнат на мајката и бебето. Железничката компанија „Арива“ потврди дека породувањето се случило во возот, но одби да даде дополнителни детали поради загриженост за приватноста.Тагови: бебе воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05