Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нив
1Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нив
3ВЛЕН: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница?
ФудбалАнглија, Северна Ирска, Ирска, Шкотска и Велс ќе бидат домаќини на Евро 2028 година Во Нион, Швајцарија денес се состана Извршниот комитет на УЕФА, на кој беа избрани земјите кои ќе бидат домаќини на натпреварите на Европското првенство во 2028 година.Турнирот ќе се одржи во Англија, Северна Ирска, Ирска, Шкотска и Велс. Оваа одлука беше донесена откако Турција ја повлече својата кандидатура. Турците поднесоа нова заедничка кандидатура со Италија за Европското првенство во 2032 година и го добија гласот бидејќи беа единствените кандидати. Ова ќе биде второ ЕУРО во историјата за Англија. Првиот шампионат се одржа во 1996 година. Натпреварите се очекува да се одиграат во градови како Белфаст, Бирмингем, Кардиф, Даблин, Глазгов, Ливерпул, Лондон (во две арени), Манчестер и Њукасл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетникВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека управувал возило со брзина од 164 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Пет лица возеле под дејство на алкохол, од кои еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа и се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нивСДС никако да разбере дека се што прават оди на нивна штета. Сите лаги, манипулации во јавноста, ширењето на паника никако да разберат дека им штети ним.Зошто? Затоа што, за тоа што го говори ВМРО-ДПМНЕ има аргументи, има докази. СДС се фали со тоа што за Венко Филипче нема никаква пресуда за 19 модуларни болници. СДС со ова само признава дека нивните инсталации во правосудниот систем кои иако се на заминување уште одработуваат за нив. Да ги потсетиме во СДС, а да го потсетиме и Филипче кој треба да знае основни правни работи. Ако има нов доказ за него за модуларната во Тетово или било која од 19 поставени, процес за истото дело може да има повторно. Граѓаните гледаат што е факт, факт е дека во Тетово во модуларната гореа 14 пациенти, факт е дека Филипче ја зголемувал цената за модуларните, факт е дека тие се поставувани без исполнување на основни услови од Законот за градење. СДС и Филипче наместо да се фалат дека нема пресуда, подобро да молчат и да се засрамат. Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаВЛЕН: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница?По вчерашната реакција на ВЛЕН, очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Одговор не добивме. Пред трагедијата во која во Тетово загинаа 14 лица, нивниот молк продолжува. Во меѓувреме, се отвораат уште повеќе прашања за начинот на кој Обвинителството дошло до заклучокот да ја затвори постапката за јавните набавки за 19-те модуларни болници. Ислам Абази, кој денес раководи со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, треба пред јавноста јасно и целосно да објасни како е донесен ваков епилог. Од друга страна, Али Ахмети не може да се однесува како ова прашање политички да не ја засега ДУИ. Трагедијата се случи во периодот кога неговата партија беше на власт, а денес, по пет години истрага, семејствата на жртвите сè уште се соочуваат со голем број неодговорени прашања. Вчера побаравме одговори. Денес бараме уште поголема транспарентност. Затоа што затворањето на една постапка не ги затвора прашањата, а молкот на Али Ахмети не ја затвора политичката одговорност. ВЛЕН ќе продолжи да го држи ова прашање отворено пред јавноста, сè додека не се добијат јасни одговори за 14-те изгубени животи во Тетово. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10