Анѓушев и Бектеши го промовираа јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани - Канал 5

Анѓушев и Бектеши го промовираа јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и претставничката на ЕБОР, Анка Јоана Јонеску го промовираа првиот јавен повик за изградба на фотонапонски електро централи на државно земјиште .

Анѓушев и Бектеши го промовираа јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани

Јавниот повик ќе биде објавен на 10 јуни, се однесува на изградба на фотонапонски електро централи со инсталирана моќност од 35 мегавати, а сите заинтересирани инвеститори ќе може да ја подигнат тендерската документација и да аплицираат во рок од 60 дена, по што ќе биде извршено јавно отворање на доставените понуди.

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев потенцираше дека Владата на Република Северна Македонија, е силно посветена на зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и дека со донесувањето на Законот за енергетика, се отвора голем простор за инвестиции во обновливи извори, особено во фотонапонски електрани.

„Интенцијата на Владата, преку овој повик, е да се излезе во пресрет на заинтересираните инвеститори, да се олеснат и скусат административните процедури. Владата го определи земјиштето кадешто ќе се градат фотонапонските електрани, ги презема административните обврски за пренамена и урбанизација на земјиштето, а во име на сите инвеститори преговараше за цената на приклучок кон дистрибутивниот систем. На овој начин процедурите кои би траеле до година и пол ќе се скусат на околу половина година, со што ќе се забрза процесот на изградба. Покрај критериумите од Законот за јавни набавки, главниот критериум кој ќе треба да го запазат инвеститорите е висината на Премиум, односно инвеститорите ќе се натпреваруваат на аукција, со негативно поддавање за висината на понудениот Премиум“, нагласи Анѓушев пришто додаде дека очекува голем интерес на јавниот повик и нагласи дека ова е првиот чекор кон изградба на фотонапонски електрани со инсталирана моќност до 200 MW.

Министерот за економија м-р Крешник Бектеши потенцираше дека се донесени сите подзаконски акти во врска со Законот за енергетика и на тој начин е отворено ново поглавје во енергетскиот сектор во Република Северна Македонија.

„Им овозможуваме на приватните инвеститори да реализираат мулти милионски проекти во енергетиката, а воедно на најпрактичен и транспарентен начин да ги искористиме природните ресурси кои ги поседуваме и да создаваме електрична енергија од сонце, ветер и вода. Освен овој јавен повик, за изградба на фотонапонски електрани со инсталирана моќност од 35 MW, во финална фаза на евалуација е и тендерска документација за проектот за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј, со инсталирана моќност од 10 MW, која очекуваме да започне со градба наскоро. Планираме континуирано да продолжиме со изградба и на други нови фотонапонски електрани, во близина на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Разликата помеѓу минатато и сегашноста е што доколку споредиме дека ТЕЦ Осломеј има инсталирана моќност од 125 MW, во иднина само со произодство на електрична енергија од фотонапонски електрани ќе имаме двојно повисоко производство, кое ќе придонесе за намалување на загадувањето и зголемување на производство на електрична енергија“, потенцираше Бектеши.

Европската банка за обнова и развој обезбеди финансиски средства за техничка помош за изготвување на тендерската документација на овој повик, со цел да се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори

„Техничката помош, финансирана од ЕБОР е фокусирана на подготовка на второстепеното законодавство и регулаторната рамка која беше неопходна да се спроведе конкурентна тендерска постапка во согласност со Законот за енергетика, за да се помогне на Република Северна Македонија да се достигнат поставените цели за производство на електрична енергија од обновливи извори во ЕУ. Овој јавен повик ќе биде спроведен на транспарентен начин, согласно најдобрите познати преземени практики“, подвлече Јонеску.

На јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани, заинтересираните инвеститори ќе може да аплицираат за изградба на две фотонапонски електрани од по 10 мегавати (една во месноста Азамбегово – Свети Николе и една во месноста Манастирец – Македонски Брод), една електрана со инсталирана моќност од 5 мегавати, две електрани од по 2 мегавати и 6 електрани од по еден мегават (лоцирани во Азамбегово).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Популарна српска актерка воодушеви со танц на плажа

Актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи, овој пат со шармантно видео од нејзиниот летен одмор, кое брзо собра повеќе од 5.000 реакции.

Фото: Популарна српска актерка воодушеви со танц на плажа

Анѓелка објави видео со натпис „Разгледница од море. Поздрав од брегот“, на кое се гледа како таа оди боса во бикини по карпеста плажа.

Поради острите камења, секој чекор изгледа како мал танц, што ги поттикна многумина на шега да коментираат дека таа изгледа како да игра оро.

Објавата предизвика бројни позитивни реакции, а следбениците не штедеа пофалби за нејзиниот изглед, природност и смисла за хумор. „Жена со природна убавина и одлично тело! Секоја чест што ја одржуваш таа линија“, напиша еден следбеник.

Други се пошегуваа: „Танц на туристи врз прекрасните камчиња, за кои отсекогаш ни велеле дека лечат рамни стапала“, ...

Таа уште еднаш покажа дека за привлекување внимание не е потребен спектакл – доволни се малку хумор, опуштеност и летна атмосфера.

https://www.instagram.com/reel/DbQeje3tOWA/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џаред Лето во центар на скандал по документарец

Актерот и музичар Џаред Лето се најде во центарот на вниманието по емитувањето на документарниот филм на Би-би-си, „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“.

Џаред Лето во центар на скандал по документарец

Актерот и музичар Џаред Лето се најде во центарот на вниманието по емитувањето на документарниот филм на Би-би-си, „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“, во кој десет жени изнесоа обвинувања за несоодветно и недозволено сексуално однесување во периодот меѓу 2002 и 2016 година, додека четири жени го обвинуваат добитникот на „Оскар“ за сексуални престапи.

Лето категорично ги негираше сите обвинувања, изјавувајќи дека никогаш во животот не извршил сексуално злоставување врз никого и дека тврдењата се „апсолутно и категорично невистинити“.

Една од жените во документарниот филм тврди дека Лето сексуално ја нападнал во мотел во Лас Вегас кога таа имала 17 години, но Полициската управа на Лас Вегас соопшти дека во нејзина надлежност не била поднесена пријава за сексуален напад против актерот. Документарниот филм изнесува и други обвинувања поврзани со инциденти во кои биле вклучени малолетни девојки; авторите на филмот истакнуваат дека повеќето од жените за првпат јавно зборувале за своите искуства.

Случајот привлече значително внимание во јавноста и повторно ја поттикна дебатата за одговорноста во филмската индустрија.

Според „Дејли мејл“ (Daily Mail), Лето не е обвинет ниту осуден за ниту едно од наводните дела и цврсто ги негира сите изнесени тврдења.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Том Круз официјално го промени своето презиме

Сури Круз (20), ќерката на познатиот американски актер Том Круз и актерката Кејти Холмс, официјално го променила своето презиме во Ноел – средното име на нејзината мајка. 

Ќерката на Том Круз официјално го промени своето презиме

Ова го покажуваат јавните евиденции на регистрирани гласачи во Пенсилванија, каде што Сури моментално студира на Универзитетот „Карнеги Мелон“, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Таа се регистрирала во округот Алегени како Сури Ноел; медиумот напоменува дека, според законот, жителите мора да ги користат своите законски имиња при регистрацијата за гласање. Исто така, се наведува дека Сури – која наскоро ќе настапи во претстава по дело на Шекспир на универзитетот – не поднела барање за промена на името во округот Алегени. Ова сугерира дека таа можеби тоа го сторила во Њујорк, каде што живеела со мајка си пред да започне со студиите.

Сури нема контакт со својот татко уште од разводот на нејзините родители во 2012 година; информациите за промената на нејзиното презиме првпат се појавија во 2024 година, за време на нејзиното матурирање, кога таа не го користела неговото презиме. Том Круз и Кејти Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури се пресели во Њујорк со својата мајка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер