Живот„Ролеркостер“ остана без струја среде возење, децата се спуштаа од 20 метри височина (ВИДЕО)Драматичното видео е снимено неодамна во забавен парк во Колумбија.Ролеркостерот запрел поради прекин на струја, па луѓето биле принудени да се спуштат по структурата висока 20 метри, пренесува Метро. На социјалните мрежи се појави видео на кое посетителите внимателно се симнуваат по тесната патека, а меѓу нив има и родители со деца. Лицето кое снима вели дека „се чувствувале нервозни, но искуството било уникатно“. @pulzocolombia 😰Alrededor de 18 personas tuvieron que bajarse del vagón de la atracción en el Parque del Café por bajón de energía. #parquedelcafe #montañarusa #accidente #fyp ♬ ■ News News-Drone-IT-AI(963995) - ImoKenpi-Dou Претставникот на забавниот парк истакнал дека при инцидентот немало повредени и дека редовно ги проверуваат нивните возења. Тој додава дека за повеќе од 20 години работа не се соочиле со сериозна вонредна состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБаерн го освои „Метрополитано“, Јунајтед со пресврт до триумф над РомаФудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите.Фудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите. Дербито во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“ во првото полувреме беше прилично израмнето, но и досаддно, додека во второто полувреме до израз дојде квалитетот на баварскиот великан. Победникот беше решен во средината на вториот дел кога Карл и Лајмер го совладаа Облак во 54 односно 74 минута за конечни Атлетико - Баерн 0-2. Манчестер јунајтед синоќа направи голем пресврт во Лигата на шампионите, со што практично ја спаси работата на Мајкл Керик. „Црвените ѓаволи“ губеа од Рома на „Олд Трафорд“ со 0:2, но успеаја да победат во второто полувреме. На полувремето, Керик успеа да го промени расположението во тимот, чии играчи поверуваа дека можат да го свртат текот на натпреварот. „На полувремето сакав да бидат попозитивни – во најмала рака, да не паѓаат во очај и да не бидат премногу фрустрирани. Кога постојано се обидувате да направите нешто, најлесно е да почнете да се сожалувате себеси. Ако нешто тргне наопаку, се разочарувате. Тоа никому нема да му помогне. Ако е така, тогаш сите можеме да си одиме дома. Мораме да продолжиме да бараме нова шанса, ново решение“, изјави Керик. Карик е задоволен по ваквиот исход. „Не сакам премногу да зборувам за момците, за тоа што може да направи ова место, за историјата и минатото, но сето тоа е тука. Ова место прави магични работи; ги правело и претходно, а ќе ги прави и во иднина, одново и одново. Има нешто посебно во ова место – кога имаме вакви вечери, успеваме на потешкиот начин. Но, еден момент може целосно да ја промени ситуацијата. Разговарав со момците за тоа; им реков: ’Ајде да создадеме еден момент што ќе го сврти текот на настаните‘ – и токму тоа се случи“, додаде Карик. Јунајтед има шест бода по четири кола и моментално се наоѓа на 17-тото место. Лига на шампиони, 4. коло вторник Галатасарај - Штутгарт 2:0 (2:0) Батраков 12, 15 Шахтјор - Спортинг 0:1 (0:0) Думбија 59 Атлетико Мадрид - Баерн 0:2 (0:1) Карл 54, Лајмер 74 Барселона - Астон Вила 3:0 (1:0) Џамал 7, Рафиња 52, 62 Бодо/Глимт - Лил 0:0 Феенорд - Интер 0:3 (0:2) Бисек 8, Еспосито 34, Зиелински 54 ЛАСК - Слован 4:0 (3:0) Молгард Јоргенсен 19, 37, Љубичиќ 44, Адениран 48 Манчестер Јунајтед - Рома 3:2 (0:2) Фернандес 58. стр, Куња 82, 86 - Суле 11, Мален 17. стр Виљареал - ПСЖ 0:6 (0:4) Невес 9, Дуе 12, Мајулу 13, Руиз 17, 50, Боли 78 среда 18.45 АЕК - Реал Мадрид Фенербахче - Ливерпул 21:00 Борусија Дортмунд - Бетис Објектив - Комо Порто - Наполи ПСВ - Клуб Бриж РБ Лајпциг - Манчестер Сити Славија Прага - Арсенал Викинг - СабахТагови: Баерн М. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
БалканОдреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор МацураДавор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи. Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица. На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот. Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство. Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање. Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања. Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“. На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата. Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари. Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци. Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните. Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас. За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност. Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки. Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter