Ангеловска-Бежоска: Зголемување на учеството на жените во може да придонесе за економскиот раст

Зголемувањето на учеството на жените во работната сила ќе овозможи повисок економски раст, којшто целосно ќе ги надомести загубите предизвикани од пандемијата. 

ММФ проценува дека кај брзорастечките и економиите во развој, БДП може да се зголеми за околу 8% во наредниот период од 5 години, доколку се зголеми стапката на учество на жените во работната сила за 5,9 п.п. Намалувањето на јазот помеѓу учеството на мажите и жените во работната сила е една од значајните реформи коишто носителите на политиките може да ги преземат за зголемување на економскиот раст, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“, во организација на иницијативата Жени во органите на управување Јадран (Women on Board Adria − WOBA).

Гувернерката истакнува дека јазот помеѓу учеството на мажите и жените во работната сила е еднакво широк, како пред триесетина години, така и денеска, како глобално (47% од работоспособното женско население, наспроти 72% мажи), така и кај нас (учеството на жените во работната сила е само околу 43%, а на мажите околу 62%). „Тој се објаснува со несоодветните законски решенија, нееднаквиот пристап до средства, вклучително и финансиски, до услуги (здравствени, образовни услуги, згрижување деца), општествените норми, дискриминаторските ставови и други пречки поради кои жените не можат да го изразат целосно својот економски потенцијал. Доколку се продолжи со постојните политики, не би можело да се очекува поголемо подобрување“, посочи Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакна дека еден од важните аспекти во однос на родовата еднаквост е зајакнувањето на напорите за застапување за женското претприемаштво. Се оценува дека со зголемувањето на економското учество на жените, особено во микро, малите и средните претпријатија, може да дојде до поттикнување инклузивен раст, имајќи предвид дека овие претпријатија придонесуваат за 74% од вработеноста и 68% во додадената вредност во домашната економија. Таа најави дека наскоро Народната банка ќе склучи меморандум за соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), којшто предвидува спроведување пилот-проект насочен кон поддршка на женското претприемаштво и финансиската вклученост на жените претприемачи. „Со оваа активност, го прошируваме нашето дејствување, покрај веќе воспоставените активности во доменот на финансиската едукација, со кои се унапредува познавањето на сѐ посложените финансиски услуги, во време кога дигиталната трансформација го менува пејзажот на достапните финансиски продукти“, вели гувернерката.

Говорејќи на панел-дискусијата „Жени во управни одбори − силни одбори, силно стопанство, силно општество“, гувернерката посочи и дека Народната банка е добар пример во меѓународни рамки за еднаквата родова застапеност, што се потврдува и со податокот дека две години по ред, од страна на британскиот форум ОМФИФ, Народната банка е рангирана на првото место во светот, помеѓу централните банки, според застапеноста на жените на раководните позиции. „Она што го правиме е всушност, обезбедување подеднаква можност за сите врз основа на образованието, вештините, способноста да се работи во тим, да се биде иновативен, проактивен, креативен“, порача Ангеловска-Бежоска.

На панел-дискусијата на која говореше гувернерката, учествуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашање, Бојан Маричиќ и претседателката на Надзорниот одбор на „Прокредит банка“, Јованка Јолеска-Поповска и директорот на производство на „Џонсон Мети“, Боријан Борозанов, соопштуваат од НБ.

Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал

Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина.

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје се закити со златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, БиХ, во конкуренција на мешани хорови од регионот.

-Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот кој се одржа од 10-12 мај 2024 година, покажа висок степен на музичка изведба, што резултираше со освоено прво место. При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и странски автори, информираат од Градскиот мешан хор „Вардар“.

Учеството на Фестивалот било поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, Алкалоид АД Скопје, Берин ДОО - Агенцијата за интелектуална сопственост и Мак Тенда ДООЕЛ од Јегуновце.

Хорот „Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија.

Олена Зеленска - Најсилното дипломатско оружје на Киев

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, првите месеци од руската инвазија на Украина ги помина далеку од центарот на вниманието. 

Нова.рс

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, првите месеци од руската инвазија на Украина ги помина далеку од центарот на вниманието. Меѓутоа, во последните месеци таа стана вистинско дипломатско оружје во рацете на Киев. Олена беше таа што ја предводеше делегацијата на Украина на многу патувања во странство, особено во САД. Таа се појави на насловната страница на магазинот „Вог“, но носеше и доверливо писмо напишано од Владимир Зеленски до Си Џинпинг.

Посета на Белград

Во библиотеката на градот Белград, Зеленска го посети археолошкиот локалитет со изложбата „Римска сала“, како и „Украинската полица“, катче од библиотеката со украински книги што е основано под нејзино покровителство. Таа имаше можност да ги види и белградските четири евангелија од 16 век, првата книга отпечатена во Белград.

Тамара Вучиќ и Олена Зеленска ги посетија паркот Калемегдан и белградската тврдина. Во присуство на сопругите на претседателите на Србија и Украина, во Ректоратот на Универзитетот во Белград беше потпишан договор за научна, образовна и културна соработка меѓу Универзитетот во Белград и Националниот универзитет во Киев „Тарас Шевченко“.

Фотографирање за „Вог“

Зеленска се најде во центарот на светското внимание по фотосесијата за популарниот магазин „Вог“. Иако во тоа време беше мета на критики, бидејќи за време на војната учествуваше во фотографирање, многумина веќе видоа дека таа станува се поважна личност на светската сцена.

Фотографирањето за глобален медиумски бренд, што привлекува внимание, е паметен потег на Зеленска, чија земја исто така е вовлечена во информативна војна со Русија.

Битката за глобалното мислење е еден од најважните фронтови во руско-украинската војна. Способноста на Украина да се брани во голема мера зависи од континуираниот прилив на западно оружје и пари, што може да се обезбеди само ако јавното мислење ширум светот остане цврсто на страната на Украина.

Русија добро го знае тоа и активно работи на информативниот фронт за да ја поткопа решителноста на Западот. Дури и најгласните критичари мораа да признаат дека портретите на украинската прва дама за „Вог“ привлекоа големо внимание. Ова беше постигнато без прибегнување кон сензационализам.

Зачестените јавни настапи и дозволија на Олена Зеленска да покаже дека е многу повеќе од сопруга на претседателот. Таа ја искористи платформата што и беше дадена за да привлече внимание на ситуацијата во нејзината земја.

„Првата недела по избувнувањето на војната, бевме само шокирани. По Буча сфативме дека тоа е војна чија цел беше да не истреби сите. Војна за истребување“, рече таа.

Како сопруга и мајка која отсекогаш била повлечена и не сакала да се појавува на јавни настапи, таа сега ужива степен на автентичност и популарност каков што малку политичари можат. Ова ѝ овозможува да допре до публиката која веројатно нема да се вклучи со потрадиционални политички пораки. Таа сега целосно го користи овој кредибилитет за да ја сподели приказната за Украина со надворешниот свет.

Пораки до официјални лица

Бидејќи Зеленски воопшто не ја напушти земјата на почетокот на инвазијата, неговата сопруга стана личност со најголема доверба, која им пренесува пораки на светските претставници, како што се американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот Си Џинпинг.

Зеленска е добредојдена гостинка во Вашингтон, каде што секогаш е топло пречекана од Џозеф и Џил Бајден. Покрај тоа, таа минатата година заврши важна дипломатска мисија за Украина.

Таа во 2023 година не отиде во Давос само за да присуствува на годишниот Светски економски форум и да одржи говор за тешката ситуација во нејзината земја. Тогаш нејзиниот сопруг Владимир Зеленски ѝ ја довери задачата да му однесе писмо на кинескиот претседател Си Џинпинг во кое ги содржи условите на Украина за преговори со Русија и завршување на војната.

Шокантни признанија

Со оглед на тоа што во последните месеци често дава интервјуа за бројни светски медиуми, често зборуваше за ситуацијата во Украина, но и низ што поминува нејзиното семејство.

„Ова можеби звучи себично, но ми треба сопруг, а не историска личност да биде покрај мене“, рече таа.

Таа изјави и дека семејството Зеленски не поминува многу време заедно.

„Но, ние се држиме, имаме сила и емотивно и физички. Сигурна сум дека ќе се справиме со тоа“, додаде таа.

Таа објасни дека нејзиниот сопруг не живее со семејството, но дека се гледаат, иако не толку често колку што би сакале.

„На син ми му недостасува татко му. Ме боли кога гледам како моите деца не планираат ништо. Нашата ќерка има 19 години. Нејзините врсници фантазираат за патувања, за нови искуства, емоции. Таа нема таква можност“, изјави Олена Зеленска.

Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија

Неексплодирана рачна бомба била пронајдено вчера на улица во Демир Капија, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното од Регионалниот ЦУК - Велес, во 13.05 часот на 112, добиена била информација за пронајдено експлозивно неексплодирано убојно средство на улицата „Партизанска“ број 1 во Демир Капија.

- Од ЦУК веднаш се информирани ПС - Неготино и ДЗС - Неготино, ДЗС - Гевгелија. Во 16.15 часот, опасното неексплодирано убојно средство е безбедно подигнато, отстрането, од страна на пиротехничар, појаснуваат од ЦУК.

притисни ентер