Ангеловска-Бежоска: Очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор

Очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор.

Токму тоа и беше цел на измените на регулативата за работењето на банките, коишто ги донесовме. Претходно направивме детални анализи, за да се дојде до решение со коешто истовремено ќе се помогне на населението и на компаниите и ќе се одржи финансиската стабилност. Очекуваме банките активно да ги имплементираат можностите од регулаторните измени. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во вчерашното издание на емисијата „Клик плус" на ТВ 21. Таа посочи дека Народната банка ги следи и ги анализира понудите за промена на договорните услови за кредитите, коишто се објавуваат деновиве.

Во емисијата, Ангеловска-Бежоска се осврна и на кредитниот раст, којшто во првите два месеци од оваа година е солиден и изнесува околу 7%, при што продолжува трендот на поголема фокусираност кон домаќинствата со стапка на раст од околу 11%. Истовремено, продолжи и депозитниот раст којшто во просек изнесува околу 8%. „Оттука, движењата досега се солидни, меѓутоа, предизвикот е пред нас. Сите се соочуваме со голем шок којшто е од неекономска природа, но може да има големи ефекти врз економијата. Имајќи го предвид тоа, реално е да се очекува забавување на кредитната, а следствено и на депозитната активност во претстојниот период од оваа година." – истакна гувернерката.

Народната банка, како што беше соопштено и во емисијата, веќе активно работи на новиот циклус макроекономски проекции. Ангеловска-Бежоска кажа дека имајќи ги предвид последните расположливи податоци, но и условите и неизвесноста коишто ги наметнува глобалната корона-криза ќе се направи позначајна ревизија на претходните очекувања за економските состојби во оваа година, вклучително и на проекцијата за економски раст. Како што посочи таа, според меѓународните финансиски институции, веќе се очекува позначајно забавување и на економската активност во глобални рамки, вклучително и во Европската Унија, а со тоа и во германската економија каде што е сконцентриран голем дел од нашиот извоз.

Гувернерката истакна дека и најновите податоци за надворешниот долг упатуваат на констатацијата дека сме во зоната на умерено задолжени земји. „Само еден од стандардните меѓународни показатели упатува на надминување на умереното ниво на задолженост, додека сите други показатели покажуваат дека надворешниот долг е во безбедната зона на ниско до умерено ниво на задолженост. Вкупниот надворешен долг, заклучно со крајот на 2019 година изнесува 72,2% од БДП, што е пониско ниво во споредба со просекот од последните две-три години кога тој гравитираше околу 74% од БДП." – кажа таа.

Во емисијата, Ангеловска-Бежоска испрати и порака: „Сите би сакале амбиентот да е поинаков за да се занимаваме со структурни прашања и реформи, да работиме на унапредување на доходот на населението... Но за жал, корона-кризата наметнува низа предизвици. Нема бегање од реалноста и ние како централна сме подготвени соодветно да одговориме на предизвиците."

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер