Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
2Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
3Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран
МакедонијаАндоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на МакедонијаМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во видео обраќање објавено на неговиот Фејсбук профил нагласува дека во 2025-та испорачале, а во 2026-та ќе се забрзува дигиталната траснформација на Македонија.-Во 2026 година одиме чекор понатаму. Повеќе целосно дигитални постапки без хартија и без чекање. Везилка, националниот центар за вештачка интелигенција, владин центар за сајбер инциденти, обуки и дигитални вештини со школите на XXI век, инфраструктура и надградба на системите. Затоа што дигиталната трансформација не е ИТ проект. Тоа е реформа на државата, вели Андоновски во однос на плановите на Министерството во новата година. Андоновски нагласува дека 2025-та била година на испорака на дигиталната траснформација како реалност. Тој ги набројува и десетте политики кои Министерството ги има спроведено во текот на 2025 година. -Прво - електронски услуги, без шалтери достапни онлајн преку uslugi.gov.mk. Од ваучери за студенти до потврди за неосудуваност и државјанство. Над 250 илјади корисници. Второ - држава што се поврзува. Интероперабилност меѓу институциите, раст од 150 проценти на податоци кои се разменуваат автоматски, без граѓаните да бидат посредници на институциите. Трето - забрана за нелегални онлајн игри на среќа. Се бориме против овој модерен порок и забранивме над 200 нелегални сајтови. Четврто, безхартиена администрација. Електронски документ, менаџмент системкако стандард во јавниот сектор и 20 нови институции кои постојано го користат, наведува Андоновски. Поосчува дека петта спроведена политика е посилна сајбер безбедност со првиот Закон и стратегија - Заштита на системите и личните податоци како приоритет и 15 милиони евра поддршка од ЕУ како дел од реформската агенда. -Шесто, темели за дигитален идентитет. Подготовка на сигурна дигитална идентификација и дигитален паричник во супер апликацијата мУслуги. Седмо – општините како дел од дигиталната држава. Поголема интеграција на локалната самоуправа со националните платформи. Осмо – фокус на граѓанското општество. Стратегија за ИКТ развој во координација со сите засегнати страни. Деветто – поддршка на приватниот сектор. Дигитална трансформација преку Европскиот Дигитален Иновациски Хаб за малите и средните компании. Десетто – испирака, а не празни зборови. Политики преточени во функционални системи и реални резултати, вели Андоновски во видео обраќањето. Министерот Андоновски на сите граѓани им ги честита новогодишните и божиќните празници, со желби за здравје, успех и напредок. Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Со велосипеди влегле во забранетата зона и „фотографирале“ руска територија!Двајца германски туристи, кои со велосипеди влегле во забранетата зона во близина на границата меѓу Полска и руската област Калининград и ја фотографирале областа, биле приведени од полските граничари. Туристите, како што изјавиле, сакале одблизу да ја видат надворешната граница на Европската Унија, но поради влегувањето во забранетата зона и снимањето на руската страна, биле казнети со вкупно околу 280 евра. W Polsce ukarano niemieckich turystów za fotografowanie granicy z obwodem kaliningradzkim Dwóch obywateli Niemiec wjechało rowerami do zamkniętej strefy przygranicznej, ignorując znak drogowy, ponieważ chcieli z bliska zobaczyć zewnętrzną granicę Unii Europejskiej. Dodatkowo… pic.twitter.com/P1cn6tAp7s — NEXTA Polska (@nexta_polska) August 6, 2026 Инцидентот се случи во заштитната зона на границата меѓу Полска и Калининградската област. Двајца германски државјани, кои патувале со велосипеди, влегле во граничната зона и покрај јасно истакнатите знаци за забрана, сакајќи одблизу да ја видат надворешната граница на Европската унија. На видеото се гледа како туристите се приближуваат до граничната ограда, по што припадници на граничната полиција, кои патролирале во тој дел, им приоѓаат и интервенираат. Според соопштението на полската гранична служба, 63-годишен германски турист фотографирал делови од регионот Калининград, кој е дел од Русија, иако тоа е забрането. Надлежните потсетија дека и неовластеното влегување во граничната зона и фотографирањето на територијата на соседната земја се строго забранети.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ЖивотГрузија во мрак: Третпат за две неделиВо вечерните часови во средата, Грузија повторно се соочи со прекин на електричната енергија на национално ниво – трет таков инцидент во последните две недели. Весникот „Цивил“ (Civil) објави дека снабдувањето со електрична енергија било прекинато околу 20:10 часот, што довело до застој во работата на метрото во Тбилиси, додека граѓани од целата земја известувале за прекинот на социјалните мрежи. Снабдувањето со електрична енергија почнало постепено да се обновува околу 21:00 часот. Гиорги Пангани, член на Грузиската национална регулаторна комисија за енергетика и водоснабдување (GNERC), изјави дека прекинот настанал за време на „планирано тестирање“ спроведено од „Грузискиот државен електросистем“ (GSE) – оператор и сопственик на главната преносна мрежа во земјата. Според него, тестирањето се одвивало во хидроелектраната „Енгури“ – најголемиот производител на електрична енергија во Грузија – и го опфаќало делот од системот што ја снабдува окупираната област Абхазија. Од GSE подоцна соопштија дека работата во електраната „Енгури“ имала за цел да се утврди причината за претходниот прекин на електричната енергија, што се случи на 24 и 25 јули. Компанијата наведе дека, за време на тестирањето, електроенергетскиот систем морал да работи во изолиран режим и на невообичаени фреквенции, што резултирало со привремен прекин на струјата низ целата земја. Медиумите претходно објавија дека директорот на GSE, Вано Зардиашвили, бил разрешен само неколку дена по големиот прекин на електричната енергија на 24 и 25 јули.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве БаирПремиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир.Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од коридорот 8 во свечената сала на владата. Премиерот Мицкоски рече дека коридорот 8 ќе биде додадена вредност на македонската економија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook