Андоновски: Димова призна дека направила прекршок, и дека недостасуваат пари на сметката на Агенцијата

Криминогеното однесување на раководството на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е надополнето со притисоци, уцени, закани, тензија и мобинг на вработените.

Агенцијата која треба да биде пример во соработката на Македонија со Европската унија, затоа што е одговорна за распределување на европските фондови во образованието, младите и спортот, станува пример за коруптивно, недомаќинско и незаконско однесување. Директорката на агенцијата, Лидија Димова ги потврди наводите на ВМРО-ДПМНЕ за три аспекти – дека навреме не била поднесена годишна сметка, што е казнив прекршок, дека недостасуваат пари во благајната на Националната агенција и дека набавиле возила во вредност од околу 100.000 евра.

Затоа, ги повикуваме основното јавно обинителство во Скопје, како и обвинителството за организиран криминал и корупција да ги истражат наводите, и да расчистат кој е одговорен за настанатата ситуација која не срами пред европските институции.

Во врска со тоа дека во Агенцијата недостасуваат пари на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на Европската унија, има три алтернативи:

Првата, е дека Лидија Димова не знаела дека лица за кои се смета дека се нејзина „десна рака“ неовластено земале пари од институционалната благајна без покритие. Што, како одоговорно лице, најмалку ја прави небрежна во работењето.

Или можеби Лидија Димова знаела дека нејзината „десна рака“ неовластено зема пари и се обидувала да ја сокрие состојбата? Ова ја прави Димова соучесник.

И третата алтернатива, Лидија Димова учествувала во неовластеното трошење на парите од институционалната благајна, со ова дали станува Лидија Димова соизвршител?

Не би сакале да веруваме, дека Лидија Димова, познатиот шарен револуционер за правда, сега станува соизвршител во вакви кривични дела. Но, тоа треба да го покажат обвинителството, Државната комисија за спречување на корупција, како и другите надлежни органи.

Покрај дводневните лични дисквалификации и навреди кон ВМРО-ДПМНЕ, Димова не одговори дали возилата од 100.000 евра се употребувале за лични потреби? И дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во ноќни часови од лица блиски на Лидија Димова?

Наместо Димова да се заканува, отвора дисциплински постапки и неосновано да доделува откази на вработени во Националната агенција, нека соработува со институциите за да го расчисти срамот во кој ја втурна Националната агенција за европски образовни програми. Вработените, исплашени од нерешавањето на објавените скандали минатата година, не веруваат во заштитните механизми на Националната агенција и затоа пријавиле до сите надлежни институции преку емаил. Лагите на Лидија Димова се прочитани!

На крајот, затоа што Димова не е подготвена на личен морален чин на оставка, бараме од Управниот одбор на Националната агенција, кој е информиран веќе подолго време за незаконитото работење на агенцијата, да ја разреши од функцијата. Тука во игра стапува членот 17 од Законот за Националната агенција кој вели дека Управниот одбор може да го разреши Директорот и ако се утврдат сериозни неправилности во неговото материјално-финансиско работење поради што е нанесена штета на Националната агенција.“

Време е за одговорност!

Стефан Андоновски - ВМРО-ДПМНЕ

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер