Анџелина Џоли има нов дечко, актер пријател на Бред Пит!??

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли има ново момче, 45 годишната актерка ужива во романсата со пријател на нејзиниот екс сопруг Бред Пит.

Според магазинот „ New Idea“ наводно започнала врска со колегата 68 годишниот Мики Рурк.

Таблоидот пренесува дека Анџелина е фатена како се бакнува со 23 години постариот актер.

Со овој потег Џоли наводно сакала да му се реваншира на поранешниот сопруг Бред, за сега веќе екс девојката, манекенката Никол. Бидејќи Бред ја одвел Никол во дворецот во Франција, каде тој и Анџелина го изговориле судбинското „ДА“.

-Тој е многу повозрасен и не е вистински избор за Анџелина. Но, бидејќи поголем број од актерите од нејзината генерација се во брак или во врска таа морала да продолжи понатаму, изјавил за магазинот извор бизок до Џоли.

Истиот извор дополнува дека Анџелина со оваа врска само сака да му стави сол на раната на Бред , и дека не планира ништо сериозно со Мики Рурк.

-Иако Мики Рурк не е нејзин тип на маж, Анџелина мисли дека во него пронашла вистинска личност, барем за нејзините осветнички планови кон Бред, истакнал изворот кој потсетил дека Бред и Мики долги години се добри пријатели, и дека оваа вест сигурно ќе го погоди холивудскиот заводник Пит.

Шпанскиот крал во самоизолација поради ризичен контакт

Шпанскиот крал Фелипе VI се самоизолирал откако стапил во контакт со лице кое имало позитивен тест на Ковид-19, објави палатата.

„Лицето со кои бил во контакт вчера денес е позитивно на Ковид-19“, се наведува во соопштението од кралската палата во кое се додава дека 52 годишниот крал ги суспендирал сите службени актривности на 10 дена.

„Согласно здравствените правила, тој 10 дена ќе помине во превентивен карантин“, се вели во сооштението, пренесе „АФП“.

Кралицата Летиција и ќерките на кралскиот пар Леонор и Софија ги продолжуваат своите активности.

Престолонаследничката Леонор (15) помина две недели во самоизолација во септември, откако беше откриена инфекција со Ковид-19 меѓу нејзините колеги. Подоцна таа била негативна.

Шпанија е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавируси со повеќе од 1,5 милиони заразени и над 43.000 смртни случаи.

Трамп на кратко се појавил пред новинарите, не зборувал за изборите

Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19, рекол Трамп.

Претседателот на САД Доналд Трамо денес на кратко се појави на конференција за новинари во Белата Куќа и не проговорел ниту збор за изборите, пренесе сајтот „ Politico“.

Индустрискиот индекс на Њујоршката берза Дау Џонс денес скокнал за повеќе од 500 поени, надминувајќи ја границата од 30.000 бодови, за што говорел и Трамп.

-Тоа се свети бројки. Никој не помисли дека некогаш ќе се видат тие бројки, рекол кратко Трамп, пренесе „Танјуг“.

Претседателот на САД не одговарал на новинарски прашања, а едиствено ја прокоментирал вакцината против Ковид-19.

- Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19. Тоа е апсолутно неверојатно, рекол Трамп.

Видео: Младоженец случајно ја удри невестата и ја уништи венлавката

Еден младоженец случајно ја уништи сопствената венчавка кога ја удрил со нога својата сопруга директно во лице додека изведувал танц за неа.

Овој невообичаен танц кој младоженецот Адам Гаудет реши да и го приреди на неговата сопруга Микаела заврши неочекувано. Тој ја удри во лица и на тој начин ја уништи соспствената свадба.

Тие се решиле да го споделат видеото на социјалната мрежа Тик Ток под наслов „Како мојот сопруг ја уништи нашата венчавка“ каде што тоа стана вирално.

притисни ентер