Анализа: Кои закони воопшто не смееле да се носат со европско знаменце?

ЕУ знаменцето според анализата на Институтот лани несоодветно било употребено при носењето на девет закони во Собранието. 

Крвичниот законик, законот за Академија за судии и јавни обвинители и петте закони за изградба на коридорите Бехтел и Енка не смееле да бидат донесени со европско знаменце. Во законите за Бхтел и Енка нема никакво услогалсување со европското законодавство, а во Кривичниот законик се услогласувале само неколку членови со ЕУ регулативите и заедно со Законот за судии и јавни обвнители биле преобемни за да поминат по скратена постапка. Ова го покажува анализата на Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања која покажува дека од 166 закони поднесени во Собрнието лани дури 130 биле по скратена постапка, 35 биле со европско знаменце, а само 23 се разгледувале во редовна постапка. Според пофесорката Мирјана Најчевска неосодветното и прекумерно користење на европското знаменце при носењето на законите е јасно нотирано и во последниот извештај на ЕК.

„Извештајот на ЕК за 2023 година е многу страшен, тоа е диретен шамар на се она што преставува законска процедура во Собранието и употреба на еу знаменцето. Во него се употребуваат зборови прекумерно и несоодветно. Значи прекумерно се употребнува скратената постапка и несоодветно се употребува знаменцето за Законите. Јасно и гласно вели дека не смее да се користи еу знаменце за намалување на дебатата. Со ова се испраќа многу јасна проака и покрај тоа што не се употребуваат зборовите злоупотреба – дека постои злоупотреба на знменцето за донесување на законите и узурпација на демократските процедури“, истакна Најчевска.

Одговорноста за несоодветата уптреба на еу знаменцето од Институтот ја лоцираат во Собранието, кое како контролор на Владата требало да спречи носење на Закони кои не ги исполнувале условите и кои имаат големо влијание и врз правниот поредок на државата и врз буџетот.

„Претседателот на Собранието има клучна улога во профаќање и проследување на закони со европско знаменце. Тој треба да ги стопира ако нешто не е како што треба, тој е тој што треба да ги врати документите до надлежните министерства и тие имаат рок од 15 дена да направат се како што треба. Значи вината ја лоцираме кај претседателот на Собранието“, проача директорката на Институтот.

ЕУ знаменцето според анализата на Институтот лани несоодветно било употребено при носењето на девет закони во Собранието. Освен кривичниот, законите за Бехтел и Енка и за судии и јавни обвинители, неправилно било употребено и при носењето на Законот за вработување на јавниот сектор. Минситерството за финансии предничи во поднесените закони со ЕУ знаменеце – вкупно 13. А дури 10 од нив биле предложени и донесени по скратена постапка во Законодавниот дом.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер