Анализа: Балтикот и Балканот нови центри за снабдување на Централна Европа со гас - Канал 5

Анализа: Балтикот и Балканот нови центри за снабдување на Централна Европа со гас

Во анализата се нагласува дека ваквата гасната криза, што започна во 2022 година, особено тешко ја погоди Централна Европа, каде гасот игра важна улога, особено за затоплување и за функционирање на производствениот сектор.  

Анализа: Балтикот и Балканот нови центри за снабдување на Централна Европа со гас

Одлуката на Киев за запирање на транзитот на руски гас преку украинска територија поттикна нова фаза во преоблекувањето на гасната политика во Централна Европа, кое започна со инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, се наведува во анализата на француската Фондација „Роберт Шуман“ насловена „Помеѓу Балтикот и Балканот, новата гасна геополитика“.

- Русија го запре извозот на гас преку гасоводот „Северен поток“ и преку Белорусија во летото 2022 година, а протокот низ Украина беше значително намален пред целосно да престане од 1 јануари 2025 година, со што гасоводот „Турски поток“ остана единствениот што ги снабдува европските земји со руски гас по копнен пат, се потенцира во текстот.

Во анализата се нагласува дека ваквата гасната криза, што започна во 2022 година, особено тешко ја погоди Централна Европа, каде гасот игра важна улога, особено за затоплување и за функционирање на производствениот сектор.

- Производството на гас благо порасна во Унгарија, Полска и, пред се, во Романија, но добиените количества од таму даваат само скромен придонес за енергетската безбедност на регионот. Покрај тоа, неколку централноевропски земји веќе неколку децении уживаат приходи од транзитни такси за гасот. Конечно, повеќето од нив се без излез на море или имаат мали морски брегови. Сите овие фактори ја прават Централна Европа единствен регион, се додава во текстот.

Новата реалност во снабдувањето со гас, според авторите на анализата, резултира не само со намалување на дотокот на енергенсот од Русија, туку и со интензивирање на поврзаноста на релација север-југ и зголемување на меѓузависноста на државите од регионот, како и на зависноста од одредени земји членки на ЕУ.

Доказ за тоа, како што се наведува во текстот, е терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во литванскиот град Клаипеда, кој беше клучен за намалување на енергетската зависност на Литванија од Русија и кој сега игра важна улога во снабдувањето со гас на Централна Европа.

- Изградени се неколку гасоводи, со што е зголемена интеракцијата меѓу државите во регионот. Регионот сега има мрежа на терминали и гасоводи што ја зголеми безбедноста во снабдувањето со енергенсот по запирањето на испораките на руски гас, се посочува во анализата.

Натаму во неа се додава дека по прекинот на дотокот на рускиот гас, на важност добија Германија и Полска како „порти за гас“ од САД, Блискиот Исток и Норвешка.

- Германија ги отвори своите први терминали за ЛНГ како резултат на енергетската криза во 2022 година. Капацитетот на увозот се очекува да се удвои до 2028 година, а германските власти долгорочно сметаат на шест терминали, покрај значителниот капацитет за складирање и поврзувањето со терминалите за ЛНГ во Белгија и Холандија. Заедно, овие капацитети значително ќе ја подобрат улогата на Германија во енергетската безбедност на Централна Европа, се потенцира во анализата.

Кога станува збор за Полска, таа од 2022 година е поврзана со гасовод со Норвешка, а преку терминалот за ЛНГ во Швиноушче, кој е отворен во 2016 година, таа се снабдува од различни добавувачи, со што стана целосно независна од испораките на руски гас и прерасна во главен центар за снабдување со енергенси на Централна Европа.

- Во моментов се разгледуваат планови за изградба на нов терминал во Гдањскиот Залив. Ваквиот објект дополнително ќе ја зајакне улогата на балтичкото крајбрежје. Улогата на Полска, како центар за енергетско снабдување на регионот ќе биде засилена и со поврзувањето со гасовод со Чешка, наведуваат авторите на анализата.

Од друга страна, покрај од север, гасот пристигнува во Централна Европа и од југ, преку Турција и Балканот, од извори во Азербејџан и Казахстан, со што особено на значење добива Романија, која воедно е единствената земја во овој дел на континентот со значителни резерви на гас. На тој начин, Романија може да стане и центар за поврзување на Азербејџан и грчките гасни терминали од една, и Молдавија и Украина, преку „Трансбалканскиот гасовод“, од друга страна.

- Изграден во време на советскиот период за да ја снабдува југоисточна Европа со руски гас, „Трансбалканскиот гасовод“ сега може да функционира во спротивна насока, снабдувајќи ги Бугарија и Украина, се вели во текстот.

Но, гасот ги поттикна старите ривалства во регионот, па така, според авторите на текстот, сега Турција и Грција се натпреваруваат која од нив ќе биде „портата“ преку која гасот ќе се транспортира кон Бугарија, а од таму кон Романија и останатите балкански земји.

Во анализата се посочува дека Грција има се поважна улога во снабдувањето на Централна Европа со гас, особено по нејзиното поврзување централна Европа преку грчко-бугарскиот гасен интерконектор ИГБ и со терминалот во Александруполи.

- Целта на иницијативата „Вертикален гасен коридор“, поддржана од Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Молдавија и Украина, е голем дел од Централна Европа да се снабдува преку грчките терминали и „Јужноевропскиот гасовод“. Регионалната интеграција е зајакната и преку договорот „Солидарен прстен“ (СТРИНГ), околу кој во 2023 година се здружија неколку оператори од регионот за да се олесни транспортот на гас од Азербејџан, се наведува во текстот.

Во анализата се потенцира и дека во отсуство на санкции за рускиот гас, Балканот останува значаен пазар за рускиот енергетски гигант „Газпром“.

- На крајот на 2022 година, Русија обезбедуваше 95 отсто од потребите на гас на Србија (и 25 проценти од потребите за нафта). Србија сепак ја намалува својата зависност од Русија. И покрај нејзината проруска реторика, таа спроведува политика на диверзификација преку неколку проекти со своите соседи за да го компензира недостигот на крајбрежје на кое би можела да изгради терминал за ЛНГ. Имајќи само едно големо складиште (во Банатски Двор), чиј главен акционер е „Газпром“, земјата постигна договор со Унгарија и Бугарија за користење на нивните складишни капацитети, се вели во анализата.

Во неа натаму се посочува дека српската компанија „Србијагас“ преку интерконекторот „Ниш-Димитровград“ веќе обезбеди поврзаност преку Бугарија со грчкиот терминал за ЛНГ во Александруполи.

Врските на Црна Гора, исто така, може да зајакнат со планираната изградба на пловечки терминал за ЛНГ во пристаништето Бар во 2025 година со помош на американски капитал.

Кога станува збор пак за Хрватска, нејзиниот гасен терминал на островот Крк, кој беше недоволно искористен до 2022 година, има индиректна корист од намалувањата на руските испораки на гас и сега работи со зголемен капацитет, а дополнително земјата планира и поврзување со „Јужноевропскиот гасовод“ со изградба на „Јонско-јадранскиот гасовод“ од албанскиот град Фиер, преку Црна Гора до Сплит.

- Сите овие иницијативи ја консолидираат улогата на медитеранското крајбрежје, како порта на гасот за Балканот и јужниот дел на Централна Европа и се пандан на сличните проекти долж балтичкото крајбрежје. Инвестициите направени за развој на терминали за ЛНГ и проширувањето на гасоводната мрежа во Централна Европа придонесе за зајакнување на меѓусебната зависност на земјите од овој дел на континентот, но за зголемување на улогата на играчи надвор од регионот, како САД и Азербејџан, се нагласува во анализата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девојче почина откако испи милкшејк од неиспран блендер- мајка ѝ испрати силна порака

Мајката на 12-годишното девојче кое почина откако испило контаминиран милкшејк решила јавно да проговори за семејната трагедија!

Девојче почина откако испи милкшејк од неиспран блендер- мајка ѝ испрати силна порака

Миа Шеј Сент Хилер, која била алергична на јаткасти плодови, доживеала тешка алергиска реакција откако испила милкшејк направен во неизмиен блендер во кафулето Pop Inn во Лондон во август 2023 година, објави Пипл.

Говорејќи во британската утринска емисија Добро утро Британија, мајката на детето, Шанел Спенс, им рекла на водителките Сузан Рид и Ед Бол дека нејзината ќерка „сфатила дека милкшејкот содржи јаткасти плодови по само две голтки“.

Снимката од надзорната камера го снимила моментот кога тогашниот менаџер на кафулето, Барис Жисел, кој повеќе не е сопственик и не управува со објектот, подготвувал пијалок во блендер кој не бил измиен по претходна употреба.

Судскиот совет потоа утврдил дека пијалокот бил „вкрстено контаминиран со остатоци од лешник“.

Шанел Спенс и таткото на девојчето, Адријан Сент Хилер, претходно повикаа на специјален систем за оценување за да им помогне на потрошувачите да проценат како рестораните во Велика Британија управуваат со ризиците од алергија.

Тој систем би постоел заедно со сегашниот систем на Агенцијата за стандарди за храна, која ја проценува хигиената на храната.

Водителот ги прашал родителите на починатото девојче дали Миа, која сè уште не била тинејџерка, ќе знае да ги провери хигиенските оценки кога оди во ресторан или кафуле. Родителите одговориле дека таа е навикната на тоа, и дека претходно го посетувала тоа кафуле.

„Тоа беше локација која таа ја посети една недела претходно. Во никој случај не беше непознато место“, рекла мајката на починатиот.

Спенс рече дека семејството било изненадено кога за време на сослушувањето дознало дека управувањето со ризикот од алергија не е покриено со истиот систем како рејтингот за хигиена на храната.

„Кога ќе видите дека продавницата има оценка со пет ѕвездички, се чувствувате како, знаете, дека сте безбедни“, рече таа, објаснувајќи зошто тие сакаат посебен систем за оценување кој би бил специфичен за алергиите.

„Да постоеше таков систем, денес ќе зборувавме за поинаков исход и за сосема поинаква приказна“, додаде Сент Хилер.

Зборувајќи за животот повеќе од три години по смртта на нејзината ќерка, Спенс рече дека тагата сè уште е голем дел од нивниот секојдневен живот.

„Тоа навистина не менува ништо, знаете, таа е дел од нашиот секој ден“, рече таа.

Адвокатот Анџела Бруно им се придружи на родителите на Миа на Добро утро Британија и рече дека загриженоста за кафулето била покрената пред смртта на девојчето.

Според неа, при увидот во 2020 година, во кафулето не била пронајдена табела со информации за алергени, но и покрај тоа, локалот добил оцена со пет ѕвездички. Таа изјави и дека следната инспекција, планирана две години подоцна, била „пропуштена“.

„Миа умира во 2023 година и тие се враќаат на инспекција. Сè уште нема табела за алергени, нема предупредувачки знаци за алерген и други проблеми со контаминација“, рече Бруно.

Таа тврдеше и дека не е извршен увидот планиран за септември 2026 година.

Според веб-страницата на Агенцијата за стандарди за храна (FSA), кафулето последен пат добило хигиенска оцена со пет ѕвездички во 2024 година.

Барис Жисел се изјасни за виновен во јануари 2025 година за шест прекршоци, вклучително и недавање или вклучување информации за алергени на потрошувачите, неуспехот да се справи со контаминацијата со алерген за време на процесот на производство на храна и сервирање храна што содржела алергенска состојка што не требало да биде присутна.

Тој е казнет со 18.000 фунти и налог од 100 часа општествено корисна работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На мајка ѝ се заканува смртна казна- се правда дека 18 месечните близнаци починале од вакцина

Обвинител во американската држава Ајдахо ќе бара смртна казна за Андреа Шо, 23-годишна мајка обвинета за убиство на своите 18-месечни близнаци во 2025 година. 

На мајка ѝ се заканува смртна казна- се правда дека 18 месечните близнаци починале од вакцина

Шо се изјасни за невина пред судот. Таа тврди дека децата се разболеле и починале откако примиле вакцини, вклучително и вакцини против грип, објавува CBS News.

Обвинителството бара најстрога казна

Големата порота ја обвини Шо во јули по две точки за убиство од прв степен, потврдуваат судските записи и официјалното полициско соопштение. Окружниот обвинител на округот Пајет, Мајк Дјук, во судските документи изјави дека обдукцијата покажала симптоми што се во согласност со задушување и напиша дека тоа е „единственото замисливо објаснување“ за смртта на децата.

Заменик-обвинителката Рајон Сиручек го информираше судот минатата недела за својата намера да бара смртна казна. Во поднесокот, тој наведе дека државата ќе се обиде да докаже четири отежнувачки околности: дека е извршено повеќе од едно убиство, дека убиствата биле особено гнасни, сурови или ѕверски, дека обвинетата покажала „целосно непочитување“ кон човечкиот живот и дека таа веројатно претставува трајна закана за општеството.

Одбраната тврди дека нема докази

„Скандалозно е“, рече адвокатот на обвинетата, Џозеф Филичети. „Тие нема да можат да ја докажат основаноста на случајот надвор од разумно сомнение, па затоа нема шанси смртната казна воопшто да стане опција.“

Филичети побара од судот да го отфрли обвинението поради наводните неправилности пред големата порота. Тој изјави за KBOI-TV дека на големата порота не ѝ било кажано дека мртовечникот ја прогласил причината за смртта за неутврдена, но конзистентна со хипертермија или прегревање. Според него, патолозите кои ги прегледале телата на близнаците изјавиле дека причината за смртта е неутврдена.

„Обвинителот има должност на искреност, што значи дека мора да ја каже вистината пред големата порота и да презентира ослободителни докази. Тоа се докази што ѝ даваат причина на поротата да верува дека лицето не е виновно или дека смртните случаи можеле да се случат од друга причина освен убиство. Обвинителот не го сторил тоа“, изјави Филичети за KBOI.

Сомневање за убиство

Обвинителството во документите наведува дека температурата во собата на близнаците често достигнувала 38 степени Целзиусови, но дека децата претходно преживеале високи температури и дека времето на смртта не се совпаѓало со највисоката температура од тој ден. „Тие немаат мотив, никаква позадинска приказна, никаква признание... Таа не го направила тоа и тие не можат да докажат спротивното“, додаде Филичети.

Близнаците биле пронајдени мртви во нивниот заеднички кревет на 1 мај 2025 година. Тие биле вакцинирани осум дена претходно. Денот по вакцинацијата, Шо ги однела во одделот за итни случаи бидејќи биле летаргични и имале треска.

Лекар ги дијагностицирал симптомите како реакција на вакцината, па на децата им биле дадени лекови за намалување на треската и биле пуштени. Откако биле пронајдени телата, полицијата соопшти дека се „сомневаат за насилна смрт и во моментов го истражуваат случајот како убиство“, но во тоа време не именувале осомничени.

Врски против вакцинирање

Неколку дена по смртта на близнаците, Шо се појави во онлајн емисија продуцирана од Children's Health Defense, антиваксерска група основана од сегашниот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор. Тој не е поврзан со групата од декември 2024 година, кога поднесе оставка од функцијата претседател за да се приклучи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Медицинските експерти велат дека спорните детски вакцини - за хепатитис А, грип и DTaP - се безбедни и ефикасни. Шо е исто така тужителка во федерална тужба поднесена од Children's Health Defense и други против Американската академија за педијатрија (AAP).

Тие ја обвинуваат организацијата за рекетирање и лажење за безбедноста на вакцините. AAP побара од судот да ја отфрли тужбата, нарекувајќи ја „најнов напад во кампањата против академијата“ и нејзината „употреба на докази засновани на наука во политиката за вакцинација“. Андреа Шо е притворена без кауција. Судењето е закажано за јануари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гутереш: Состојбата на Западниот брег е целосно надвор од контрола

Состојбата на окупираниот Западен Брег се влоши до тој степен што е целосно надвор од контрола.

Гутереш: Состојбата на Западниот брег е целосно надвор од контрола

Состојбата на окупираниот Западен Брег се влоши до тој степен што е целосно надвор од контрола, а интензивирањето на нападите има за цел протерување на палестинските заедници од нивната земја, предупреди денес генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

„На окупираниот Западен Брег, Палестинците сè уште се изложени на напади од израелските доселеници на дневна основа. Јасна цел е да се протераат заедниците од нивната земја“, изјави Гутереш пред новинарите.

Тој истакна дека ситуацијата на окупираните територии е целосно надвор од контрола и изјави дека новинарите и дипломатите се исто така мети на напади.

Тој побара помош и повика на прекин на окупацијата

Зборувајќи за Газа, генералниот секретар на ОН предупреди дека пристапот до основна хуманитарна помош останува строго ограничен пред зимата. Ова дополнително го комплицира спроведувањето на планот за решавање на конфликтот одобрен од Советот за безбедност на ОН.

Гутереш нагласи дека Светската програма за храна итно има потреба од 450 милиони долари за да го нахрани населението низ Газа и Западниот Брег во следните шест месеци. Тој истакна дека оваа сума е еднаква на приближно 90 минути глобални воени трошоци.

Тој ги повика меѓународните донатори да ја зголемат помошта, а во исто време апелираше за прекин на окупацијата со цел да се постигне одржливо решение за две држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер