Ана Николиќ се враќа на сцената поубава од било кога

Ана Николоќ важеше за една од најзгодните жени во регионот се додека пред неколку години не почна да се бори со вишокот килограми, а јавноста беше немилосрдна со пеачката која тогаш за прв пат се оствари како мајка.

Но, сето тоа е сега минато, затоа што Ана напорно работела на своето тело и линијата ја довела со совршенство. А, дека и на нејзе и годи тоа што повторно е во топ форма,покажува и нејзината активност на социјалната мрежа Инстаграм, каде скоро секојдневно објавува фотографии во провокативни изданија.

Таа најави дека наскоро ќе излезе и нејзин албум кој ќе го носи називот „Клиника“, а кој ќе го означи големото враќање на поп пеачката на сцената.

Вилаш – Боаш нов претседател на Порто

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Поранешниот фудбалски тренер Андре Вилаш-Боаш е избран денеска за претседател на Порто за периодот 2024-2028 година, со што го симна од тронот Хорхе Нуно Пинто да Коста, кој ја извршуваше функцијата 42 години, објави во неделата славниот португалски клуб.

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Вилаш – Боаш (46), кој беше тренер на Порто, Челзи, Зенит Санкт Петербург и Олимпик Марсеј, на изборното собрание освои 21.489 гласови, наспроти 5.224 за неговиот 86-годишен противник кој беше 15 последователни мандати беше на чело на португалскиот гигант.

Како тренер, Вилаш-Боаш му донесе на Порто четири трофеи во сезоната 2010/2011, освојувајќи ја Лига Европа, националното првенство, Купот на Португалија и Лига купот.

На пропалестински протести уапсени кандидатка за претседател на САД

Кандидатката за претседател на САД од редовите на Зелената партија Џил Стајн уапсена е на пропалестински демонстрации на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис. 

Портпаролот на нејзината кампања рече дека не се запознаени со обвиненијата.

Стајн беше на демонстрациите за да ги поддржи студентите кои поставија камп и кои порачаа дека нема да се разотидат се додека Универзитетот Вашингтон не се одвои од Боинг. Меѓу нивните барања се и бојкотирање на израелските академски институции.

Во видеото снимено пред нејзиното апсење и објавено на мрежата Икс, кандидатката на Партијата на Зелените рече дека ги поддржува студентите и нивните уставни права на слобода на говор.

„Ќе стоиме овде во линија со студентите кои се залагаат за демократија, за човекови права и се залагаат за ставање крај на геноцидот“, рече Стајн.

Дејвид Швајб, директорот за комуникации на Џил Стајн во претседателската трка, рече дека таа се обидела да ја деескалира ситуацијата меѓу демонстрантите и полицијата во саботата попладне по локално време, но дека полицијата „не реагирала“ и веднаш потоа почнала да апси.

„Како што рече д-р Стајн, срамно е универзитетските администрации да одобруваат употреба на сила против сопствените студенти кои едноставно повикуваат на мир, човекови права и крај на геноцидот од кој американскиот народ се згрозува“, рече Шваб.

Уапсени се и шефот на кампањата на Стајн и неговиот заменик.

Повеќе од 80 лица се уапсени на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис во контекст на тековните пропалестински демонстрации, се вели во соопштението на Универзитетот.

Групата демонстранти, во која имаше студенти, вработени и поединци кои не се поврзани со универзитетот, маршираа на повеќе локации во кампусот каде што „подигнаа шатори и покажаа дека немаат намера да заминат“, соопшти универзитетот.

Велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2024“

Во општина Илинден и годинава се одржува велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2024“ епизода II, која е во организација на Здружението МТБ Илинден, а со поддршка на Општина Илинден.

На настанот учествуваат над 150 велосипедисти од целава земја, а стартната позиција беше од пред спортската сала Гоце Делчев во општина Илинден, каде присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој им посака успешно возење.

Велосипедската тура се вози по асфалтен и земјен пат низ пределот на општина Илинден во должина од околу 45 километри. Турата се вози групно со попатни паузи, кај местото наречено Борчиња, манастирот во Дељадровци, манастирот во Бучинци, крстот во Бучинци, манастир кај Ајватовци и крајната цел спортската сала Гоце Делчев. Оваа велосипедска тура се класифицира како средно тешка и потребна е претходна физичка подготвеност за да се стигне до целта.

Покрај велосипедската тура ќе се одржи и едукативна работилница за деца поддржана од Вело училишта наменета за децата од основните училишта.

Исто така, настанот е од хуманитарен карактер, со цел поддршка во собирањето средства за лекувањето на Алексеј Анастасовски.

-Со оглед на тоа што овој настан се одржува втора година по ред и има голем интерес кај велосипедистите, поддршката ќе ја има и понатаму од Општина Илинден, велат општинските власти.

притисни ентер