Кос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологија
2Кос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологија
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
ТехнологијаАмериканските научници прават дронови од препарирани птици Научниците во Ново Мексико им даваат нов живот на мртвите птици со неконвенционален пристап кон истражувањето на дивиот свет, претворајќи ги препарираните птици во дронови за да го проучат нивниот лет.Д-р. Мостафа Хасаналиан, професор по механички инженеринг на Институтот за рударство и технологија во Ново Мексико во Сокоро, кој го води проектот, откри дека вештачките, механички птици не ги дале резултатите што тој ги барал. „Дојдовме до идејата дека можеме да користиме ... мртви птици и да направиме беспилотни летала од нив“, рече тој. „Сето тоа е направено...ние правиме обратно инженерство“. Беспилотните летала од препарирани птици моментално се тестираат во наменски изграден кафез на универзитетот и би можеле да се користат за подобро разбирање на формирањето на јато и шемите на лет. Ова, пак, може да се примени во воздухопловната индустрија, рече Хасаналиан. „Ако научиме како овие птици управуваат со енергијата меѓу себе, можеме да ја примениме во иднина во воздухопловната индустрија за да заштедиме повеќе енергија и гориво“, рече тој. Научникот од New Mexico Tech, Бренден Херкенхоф го фокусира своето истражување на бојата и ефикасноста на летот. Додека многумина мислат дека бојата на птицата е начин за привлекување партнери или камуфлажа, Херкенхоф проучува како бојата влијае на ефикасноста на летот. „Спроведовме експерименти и откривме дека за нашиот авион со фиксни крила, примената на одредена боја може да ги промени перформансите на летот. Веруваме дека истото важи и за птиците“, рече тој. Прототиповите на препарираните птици летаат најмногу 20 минути, така што следната фаза е да се најде начин да се натераат да летаат подолго и да се спроведат тестови во дивината меѓу живите птици, рече Хасаналиан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчебниците се доставени во училиштата, но годинава има 300 паралелки помалкуСè помалку првачиња, сè повеќе празни училници, клуч на врата ќе се става и на 26 училишта лоцирани во руралните средини, па училишната година стартува со 200 паралелки помалку во основното, а 100 во средното образование.Според последните официјални бројки од Министерството за образование годинава има запишано околу 3.400 помалку првачиња од лани, што во проценти изнесува околу 20 отсто. Надлежните појаснуваат дека природно се затвораат училишта, таму каде што нема упис на првачиња, а планот е да не функционираат само оние кои не се единствени во одредено место, односно на околу 20 километри има друго училиште. Од друга страна, Министерката Јаневска тврди дека до сега нема отпуштено наставник вработен на неопределено време поради ваквите мерки кои според власта се за поквалитетно образование на децата. -Бројката од лани е помала, ама бројката од над 4000 се намалува. Што ќе се случи со училиштата кои немаат ученици, ќе бидат природно затворени. Оваа година очекуваме да затвриме со бројка од 26 затворени рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои учат, наводно учат, деца 5 – 7 – 8 деца. Различна е состојбата во различни училишта.- Весна Јаневска – Министерка за образование и наука Министерката вели дека за првпат пред време се дистрибуирани учебниците, за да нема проблеми како во минатото. Иако очекува да има случаи со искинати и оштетени учебници и годинава, потенцираше дека смета оти таквите проблеми ќе бидат сведени на минимум. -Учебниците се веќе дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата, за првпат годинава ние го имаме тоа завршено многу порано, пред почетокот на учебната година. Сите училишта што побарале ќе добијат до учебник, она што побарале. Тие што не побарале, е нивна одговорноста и Министерството во иднина нема да презема никаква туѓа одговорност бидејќи три години спроведуваме систем кој е стабилен и кој обезбедува стабилна набавка на учебници.- Весна Јаневска – Министерка за образование и наука Инаку Министерството за образование денеска ја стави во употреба новата електронска платформа е-наука, веб портал наменет за создавање на регистар на истражувачи и научноистражувачки организации во земјава, чија цел е да обезбеди поголема видливост на македонската наука и полесно претставување на истражувачката работа пред домашната и меѓународната јавност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологијаСветот се промени, а проширувањето мора да се промени со него. Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ги претстави клучните елементи за сеопфатната реформа за проширување, која треба да биде усвоена на 30-ти септември. Планот кој Кос го презентирала на Конференцијата на амбасадори во Загреб, а чија содржина писмено ја објави Европската Комисија предвидува постепена итеграција, построги проверки на земјите кандидати и нова методологија. За Кос за да им се каже добредојде на нови членки, клучно е да се постигне консенсуз за четири столба, внатрешни реформи, демократски заштитни мерки, методологија на проширување и транзициски мерки. Во говорот на Кос доминираат прашањета како Унијата да се заштити од можноста една земја да ги блокира сите други или да отстапи од демократските стандарди, како искуствата со Унгарија, што сугерира на идејата новите земји членки одреден период да немаат право на вето. -Мора да бараме поамбициозни начини за постепена интеграција. Но, Прво треба да го разбереме влијанието што новодојденците можат да го имаат. А кога влијанието може да биде штетно за нашите земји-членки, мора да дејствуваме за да ги заштитиме нивните интереси. Мора да се осигураме дека нема да дозволиме да влезат тројански коњи. Ниту денес, ниту за 10 или 20 години од сега. , изјавила Кос во Загреб. Во мисија на која треба да ги чуе ставовите на сите земји членки и за проширувањето, денеска тргна првиот човек на Европскиот Совет, Антонио Кошта на таканаречената „тура низ главните градови“, на која во наредните недели ќе се сретне со лидерите на сите земји членки. Прва дестинација му беше Братислава и средба со словачкиот премиер Фицо. Поддршката за Западен Балкан, Молдавија и Украина на нивниот пат до членство во ЕУ е инвестиција во Европската, но и словачката безбедност и просперитет. Ние треба да продолжиме да работиме со кандидатите врз основа на процес на заслуги и почитувајќи ги сите подеднакво. , изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет Во изминатиот период на маса беа ставени неколку нон пејпери, како постепено членство со одредени бенефити, пристап до единствениот европски пазар и статус на привилегиран набљудувач, во кој многумина препознаа членство од втор ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаЈанчев: Кружниот тек на Северен булевар во завршна фаза [☑️]Кружниот тек на Северен булевар во завршна фаза [☑️], објави на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Денес на кружниот тек на Северен Булевар се реализираа завршните активности – се обележуваше хоризонталната сообраќајна сигнализација и се поставуваа сообраќајните знаци. Со асфалтирани 5.300 м², проектот е во својата финална фаза и наскоро кружниот тек ќе биде целосно ставен во функција. Продолжуваме со работа до целосна реализација! [🏗️], стои во објавата на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook