Американскиот рапер Тревис Скот уапсен поради тепачка со телохранителот во Париз - Канал 5

Американскиот рапер Тревис Скот уапсен поради тепачка со телохранителот во Париз

Американскиот рапер Тревис Скот, откако присуствувал на полуфиналето во кошарка за мажи на Олимписките игри вчеравечер, денеска е уапсен поради тепачка во хотел со пет ѕвезди во француската престолнина, соопштија надлежните.

Американскиот рапер Тревис Скот уапсен поради тепачка со телохранителот во Париз

„Полицијата била повикана во хотелот 'Жорж V' и Тревис Скот е приведен за насилство врз член на обезбедувањето. Вториов интервенирал за да го одвои раперот од неговиот телохранител“, соопшти полицијата во Париз.

Засега не е познато дали 33-годишниот музичар е задржан во притвор.

Раперската ѕвезда, чие вистинско име е Жак Бермон Вебстер II, има две деца со познатата американска „џетсетерка“ Кајли Џенер. Неговиот албум „Utopia“ беше номиниран за најдобар рап-албум на овогодишните „Греми“ награди. Скот бил уапсен и во Мајами Бич, САД, во јуни поради неовластено влегување и високо ниво на недозволени супстанции во него.

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 43 луѓе, од кои 26 се убиени додека чекале хуманитарна помош во близина на коридорот Нецарим, соопшти палестинската Цивилна одбрана.

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Израел на почетокот на март ја блокираше хуманитарната помош за Појасот Газа, која беше делумно укината кон крајот на мај, што доведе до голем недостиг на храна, лекови и друго.

Хуманитарната фондација Газа, невладина организација поддржана од Вашингтон и Израел почна да дистрибуира помош кон крајот на мај, но нејзините испораки беа проследени со хаотични и смртоносни сцени. Агенциите на ОН, исто така, доставуваат помош.

Според Министерството за здравство на Хамас, од крајот на мај, 397 луѓе се убиени, а повеќе од 3.000 се повредени додека се обидувале да стигнат до местата за дистрибуција на помош во Појасот Газа.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

​Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност.

Нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.

Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС.

Антиизраелски протести во повеќе држави

Во главниот град на Иран, Техеран, но и во другите блискоисточни држави, како и во Малезија и Јужна Кореја денеска имаше протести поради израелскиот напад врз Иран.

Антиизраелски протести во повеќе држави

По петочната молитва илјадници луѓе излегоа на улиците на Техеран извикувајќи пароли за поддршка на лидерите на Исламска Република и веејќи ирански и знамиња на Хезболах.

„Ќе го жртвувам животот за мојот лидер“, пишуваше на еден од транспарентите, алудирајќи на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Стотици поддржувачи на проиранската група Хезболах се собраа на улиците на главниот град на Либан, Бејрут во знак на солидарност со Иран. Тие извикуваа „Смрт на Израел, САД и претседателот Доналд Трамп“. Тие вееја знамиња на Хезболах, како и на ирански и палестински знамиња.

За време на митингот израелски дронови го надлетуваа Бејрут.

Десетици илјади Ирачани денеска протестираа во повеќе ирачки градови, меѓу кои и Багдад, поради израелскиот напад врз соседен Иран и побараа од Владата на Ирак да му забрани на Израел да го користи ирачкиот воздушен простор за напади. Демонстрациите беа организирани на повик на влијателниот ирачки шиитски лидер Муктада ал Садр.

Илјадници поддржувачи на Хутите денеска демонстрираа во главниот град на Јемен, Сана во знак на солидарност со иранскиот народ: Лидерот на Хутите, Абдул-Малик ал-Хути вети целосна поддршка за Иран и за Појасот Газа како одговор на израелските воени операции. Тој најави ракетните напади врз Израел, како и дека Хутите ќе продолжат со поморските акции.

И пред Амбасадата на Израел во главниот град на Малезија, Куала Лумпур беше организиран протест поради израелскиот напад врз Иран.

Протести имаше и пред Амбасадата на Израел во главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Демонстрантите држеа транспаренти на кои пишуваше „Не за нападот на Израел врз Иран“.

притисни ентер