Американски полицаец си го убил 8 - годишниот син со аутизам - Канал 5

Американски полицаец си го убил 8 - годишниот син со аутизам

Полицаец од Њујорк и неговата вереница се обвинети за убиство на неговиот 8-годишен син, кој имал аутизам.

Американски полицаец си го убил 8 - годишниот син со аутизам

Томас Валва почина на почетокот на овој месец од хипотермија откако Мајкл Валва (40) и Ангела Полина (42), наводно, го заклучиле во незагреана гаража додека надвор било многу студено.

Следниот ден Мајкл Валва се јавил на 911 и рекол дека Томас паднал на патот додека чекал автобус. Но, температурата на телото на детето била само 24,4 степени Целзиусови кога го довеле во локалната болница , а како причина за смртта била наведена хипотермија.

Валва и Полина се соочуваат со казна до 25 години затвор, а нивните адвокати одбиле да даваат изјави. Патем, Валва работи во њујоршката полиција од 2005 година, и сега е суспендиран.

Мајката на починатото момче, Јустин Зубко-Валва, изјави дека повеќепати го предупредувала семејниот суд во округот Сафолк и побарала Валва да биде лишен од старателство над нивните три деца. Не е познато зошто таа не добила старателство по разводот во 2018 година. Но, сега таа доби стрателство на другите две деца, од кои 10-годишниот брат на починатиот Томас исто така има аутизам.

Јавниот обвинител Тимоти Сини изјави дека малиот Тома и неговиот брат биле принудувани од таткото да спијат во гаражата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер