Американска туристка по 3 години го вратила парчето мермер кое го земала од Рим

Туристка од САД го вратила во Рим со писмено извинување древно парче мермер украдено за време на нејзината посета на вечниот град во 2017 година.

Мермерот бил испратен до Националниот музеј во Рим, парчето древен камен било обележано со ознаката „За Сем со љубов, од Џес, Рим 2017“, пренесува ББЦ.

Пристигна парче камен со порака во која турист моли за прошка за „несовесно однесување и непочитување“.

„Се чувствувам навистина ужасно не само поради тоа што го земав парчето мермер, туку и затоа што пишував по него“, се вели во писмото.

Личноста, за која официјалните лица веруваат дека е жена по име Џес, вели дека таа неуспешно „со часови го гребела и миела мермерот“ во обид да го тргне маркерот од каменот.

Штефан Вергер, директор на музејот, за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ изјави дека вратениот камен не е особено вреден и дека најверојатно е однесен од место како Римскиот форум, кое некогаш било центар на антички Рим.

Тој истакна дека станува збор за млада девојка која пристигнала во Рим во 2017 година и го однела каменот дома како подарок на своето момче.

Ибрахимовиќ и Лукаку во клинч, за малку избегната тепачка (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку жестоко се судрија во последните моменти од првото полувреме на четвртфиналниот натпревар од Купот на Италија меѓу Интер и Милан.

Ибрахимовиќ во 31-та минута го донесе Милан во водство со убав гол, а играчите на Интер стануваа се понервозни, што се гледаше на Лукаку, кого Ибрахимовиќ го испровоцира.

Белгиецот и Швеѓанецот се соочија очи во очи и веднаш беа разделени од соиграчите.

Ситуацијата беше на работ на голем инцидент кога судијата Паоло Валери го објави крајот од првото полувреме. Лукаку бесно се упати кон Ибрахимовиќ, кој се упати кон соблекувалната, а за да се избегнат поголеми проблеми, присутните на теренот морале да интервенираат.

И двајцата добија жолти картони.

Лукаку, наводно, му рекол на Ибрахимовиќ да престане да му се смее, а Ибрахимовиќ му одговорил: „Ајде, ајде да одиме“.

Ибрахимовиќ беше исклучен во 58. минута поради втор жолт картон за прекршок во центарот, а израмни Лукаку од пенал во 71. минута.

Британка се изживува врз неподвижна старица, семејството ја снимило (Вознемирувачко видео)

Бритинската полиција објави на својот Твитер вознемирувачко видео во кое се гледа злоупотреба врз дементирана старица од 29-годишна старателка , која е осудена на шест месеци затвор.

29-годишната Џени Деди требало да се грижи за полу-подвижната 69-годишна Лиз Јангс, но снимките од надзорните камери откриваат дека наместо тоа, таа ја влече за коса, и ги турка прстите во лицето и устата и ја влече за нос.

Во текот на летото 2019 година, ќерката на жената од видеото, Корина Канингам, која живеела со неа во куќа во Норфолк, започнала да забележува полесни повреди како што се модринки и гребаници на лицето и телото на нејзината мајка.

Поради сè, вклучила камера, која цело време снимала во собата. Полицијата објаснила дека семејството на Лиз Јангс сакало снимката да се сподели јавно за случајот да остане запаметен откако Деди е приведена.

Според „Дејли меил“, за време на една посета, Деди зела куче со себе, кое ја изгребало Лиз Јангс, предизвикувајќи длабоки расекотини на нејзините нозе.

Деди, пишува понатаму, ја принудувала старицата да јаде и вербално и физички ја малтретирала. На видеото се гледа како ја влече за коса и ги турка прстите во лице.

Во една прилика ја оставила гола скоро цели 30 минути, со влажна коса и само со крпа над колената.

Семејството на Лиз Јангс го видело видеото во ноември 2019 година и веднаш им било јасно дека старицата била малтретирана, по што интервенирала полицијата.

Деди признала дека лошо се однесувала кон лице кое има потреба од посебна грижа и е осудена на шест месеци затвор.

"Знаеме дека објавувањето на оваа снимка предизвика силни реакции, целосно разбираме дека е тешко да се гледа. Го зедовме предвид ова пред да го објавиме. Семејството на г-ѓа Лиз сакаше да спречи слични случаи", објави полицијата, пренесува британски Мирор.

Елизабет Харли во топлес, ја сликал нејзиниот 18-годишен син (ФОТО)

Актерката и манекенка Елизабет Харли позираа топлес во снег, а фотографијата што ја објави на Инстаграм ја направил нејзиниот 18-годишен син.

55-годишната Британка носи само палто и долен дел од бикини од својата нова линија за костими за капење.

„Како можев да одолеам? напишала заедно со фотографијата што ја споделила со повеќе од 1,8 милиони следбеници на Инстаграм.

Таа исто така открика дека ја фотографирал нејзиниот син Дамијан, кој оди по нејзините манекенски стапки.

Таа добила бројни комплименти за фотографијата, но големото внимание што го привлече, не помина без негативни реакции, а многумина често ја критикуваат за нејзината врска со синот.

притисни ентер