Американка кашлала врз производи во супермаркет , се соочува со казна за тероризам

Американка од Пенсилванија намерно кашлала врз храна во вредност од 35.000 долари во супермаркет и веројатно ќе се соочи со кривични пријави, јавува Си-Ен-Ен.

Жената, чиј идентитет не беше откриен, влегла во супермаркет во Хановер и почнала да кашла на пекарски производи, месо и други производи, напиша на Фејсбук Џо Фасула, косопственик на супермаркетот „Герити“.

Вработените веднаш ја исфрлиле жената и повикале полицијата која ја нашла неколку часа подоцна и ја одвеле во притвор. Полицијата соопшти дека жената „намерно ја заразила“ храната и има намера да поднесе кривична пријава против неа откако ќе се изврши психијатриска проценка. Полицијата не знае дали е заразена, но Фасула напиша на Фејсбук дека ќе стори сé што е во нивна моќ за да открие.

И покрај тоа што ја сметаа за „многу вознемирувачка шега“, Фасула рече дека исфрлиле производи од продавницата во вредност од 35,000 американски долари и го дезинфицирале просторот.

„Болен сум поради изгубената храна. Иако е секогаш срамно да се троши храна, во овие времиња, кога многу луѓе се загрижени за безбедноста на нашата испорака на храна, тоа е уште повознемирувачко “, напиша Фасула.

Не е целосно јасно за што жената би била обвинета. Луѓето кои се закануваат дека го шират вирусот, можат да бидат обвинети за тероризам. Оваа среда, Министерството за правда објави дека луѓето кои намерно го шириле коронавирусот може да бидат обвинети за тероризам.

И официјалните претставници низ целата земја сериозно ги сфаќаат заканите за ширење на вирусот. Претходно оваа недела, еден човек во Њу Џерси кој кашлал кон вработен во продавница и рекол дека има коронавирус е обвинет за „терористички закани“. И во Мисури, еден 26-годишен маж е обвинет за „терористичка закана“, откако бил снимен претходно овој месец како лиже дезодоранс во Волмарт и вели: „Кој се плаши од коронавирусот?“

Според меморандумот на Министерството за правда, заканата од ширење на коронавирус или употреба на „Ковид-19“ како оружје против американските граѓани, би можело да се смета за терористичка закана.

Драстично намален Вардар кај Јегуновце

Водостоите на реките во земјава варираат, некои се под, а други над просекот за септември.

Според денешните хидролошки мерења, Вардар кај Јегуновце е драстично намален, за скоро половина метар, но кај Велес бележи двојно зголемување, додека кај Скопје и Демир Капија е во рамки на просекот.

Намелени се и нивоата на Треска кај Македонски Брод, на Лепенец кај Скопје, на Крива Река кај Крива Паланка, на Струмица кај Ново Село, на Црна и на Сатеска кај Ботун.

Покачени нивоа бележат Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Дрим кај Ложани.

Фото: Двојничката на Роналдињо

Светската фудбалска легенда Роналдињо има своја двојничка.

Поранешната ѕвезда на барселона, Бразилецот Роналдињо повторно е главна тема на социјалните мрежи. Сега причина за тоа е неверојатната сличност со учесничката во едно шпанско реално шоу Фаатима Рул.

Во Шпанија во тек е втората сезона од реалното шоу „Острово на искушенија“ шоуто стана супер популарно поради една од ученичките, атрактивната Фатима Рул предизвика огромно внимание во јавноста поради својата неверојатна сличност со фудбалската ѕвезда Роналдињо.

Фатима се занимава со моделинг и има голем број на фанови на социјалните мрежи кои уживаат во нејзините провокативни фотокграфии.

Црна Гора воведува нови рестрикции, полициски час од 22 до 5 часот наутро

Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширење на новата болест.

Новите рестрикции се воведуваат поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број на хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширење на новата болест, поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број на хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем. Мерките се во сила од денеска.

Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите во никшиќ, беране и андријевица, ќе има полициски час од 22 до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.

Во Рожај е забранета работа на угостителските објекти и одење на гости.

Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат само до 22 часот.

притисни ентер