2Завршени операциите за спасување, бројот на жртви од лизгањето на земјиштето во Кина се искачи на 21
3ВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намали
СветАмерика силно го нападна Иран, следуваше жестока одговорАмерика ноќва изврши силни напади врз Иран по нападот на неколку танкери во Ормутскиот теснец. Иран тврди дека утрово возвратил со напади врз американски воени цели во регионот.Американските воздушни напади врз Иран од синоќа беа „четири или пет пати“ поинтензивни од претходните американски одговори на иранските прекршувања на меморандумот за разбирање, изјави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи американски функционер. Според неговиот извештај, целите на нападите вклучувале локации за воздушна одбрана, ракети земја-воздух, системи за крајбрежен надзор, места за лансирање беспилотни летала, пристанишни објекти и лансери на крстосувачки ракети против бродови. Footage of US airstrikes hitting Iran’s Bandar Abbas tonight: pic.twitter.com/ycUezpWhCH — OSINTtechnical (@Osinttechnical) July 7, 2026 Иран утрово одговори на ноќешниот напд. Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГГ) објави дека нападнала 85 американски воени цели во Бахреин и Кувајт. Како што се наведува во соопштението, нападот бил изведен како одговор на она што го нарекоа „кршење на примирјето“, до кое дошло откако Соединетите Држави извршиле серија воздушни напади во јужниот дел на Иран. Претходно беше јавено дека во Бахреин и Кувајт се огласиле сирени за предупредување од ракетни напади, додека иранската војска упатила официјално предупредување дека подготвува „разорен одговор“ на американските напади.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТешки обвинувања од Египет по поразот од Аргентина: „Ова беше наместен натпревар!“ Селекторот на фудбалската селекција на Египет, Хосам Хасан не можеше да го скрие гневот по драматичниот пораз од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство.Египет водеше со 2-0, со „една нога“ беше во четвртфиналето, но Аргентина успеа да направи епски пресврт, постигнувајќи гол во 3 минута од судиското надополнување за победа од 3-2. По натпреварот, Хасан упати сериозни обвинувања против организаторите и судијата. „Ќе кажам што ми е на ум, без оглед на последиците. Ова беше очигледно наместен натпревар и целиот свет го виде тоа.“ Тој не застана тука. „И сакам да кажам уште нешто - ако толку многу сакаат Аргентина да победи, тогаш зошто воопшто да поканат други да учествуваат?“ Неговите зборови сигурно ќе привлечат големо внимание од фудбалската јавност, особено по натпреварот кој веќе предизвика бројни коментари поради неколку контроверзни судиски одлуки и бурни реакции од египетскиот табор. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд.Даниела Димовска е избрана за претседател на скопскиот Кривичен суд. На денешната седница на Судскиот совет таа беше избрана со 11 гласа ЗА, а за позицијата се кандидираше и судијата Ивица Стефановски. Димовска е судија од Кривичниот суд и една година беше в.д претседател на судот.Тагови: кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗавршени операциите за спасување, бројот на жртви од лизгањето на земјиштето во Кина се искачи на 21 Бројот на загинати во лизгањето на земјиштето во округот Дангчанг, во провинцијата Гансу во северозападна Кина, се искачи на 21, а операциите за спасување се завршени, соопштија денеска локалните власти.Лизгањето на земјиштето се случи во вторник наутро во селото Рензанг, во општината Нанхе, при што 33 лица останаа затрупани, објави „Глобал тајмс“. По несреќата, на терен веднаш беа испратени екипи за итни случаи, противпожарни единици и припадници на службите за јавна безбедност, кои започнаа операција за пребарување и спасување. Во знак на сеќавање на жртвите, владините претставници и новинарите присутни на конференцијата оддадоа почит со едноминутно молчење. Dam wall collapses in China after heavy rain #khabraindigital #China #DamCollapse #HeavyRain #Floods pic.twitter.com/VlhJIIsyqw — Khabrain Digital (@daily_khabrain) July 8, 2026 Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43