СветЗавршени операциите за спасување, бројот на жртви од лизгањето на земјиштето во Кина се искачи на 21 Бројот на загинати во лизгањето на земјиштето во округот Дангчанг, во провинцијата Гансу во северозападна Кина, се искачи на 21, а операциите за спасување се завршени, соопштија денеска локалните власти.Лизгањето на земјиштето се случи во вторник наутро во селото Рензанг, во општината Нанхе, при што 33 лица останаа затрупани, објави „Глобал тајмс“. По несреќата, на терен веднаш беа испратени екипи за итни случаи, противпожарни единици и припадници на службите за јавна безбедност, кои започнаа операција за пребарување и спасување. Во знак на сеќавање на жртвите, владините претставници и новинарите присутни на конференцијата оддадоа почит со едноминутно молчење. Dam wall collapses in China after heavy rain #khabraindigital #China #DamCollapse #HeavyRain #Floods pic.twitter.com/VlhJIIsyqw — Khabrain Digital (@daily_khabrain) July 8, 2026 Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЗдравјеМинистерството за здравство презема конкретни мерки за засилен епидемиолошки надзор во Гостивар Министерството за здравство презема конкретни мерки за засилен епидемиолошки надзор во Гостивар и следење на вектор-преносливи заболувањаНа денешната прес-конференција министерот за здравство информираше за актуелната епидемиолошка состојба во Гостивар, како и за состојбата со вектор-преносливи заболувања во земјава. Во Гостивар денеска се евидентирани 109 нови први контакти, додека во изминатите четири дена нивниот број се движи од 80 до 125 дневно. Според податоците од претходните години, просечно во текот на јули, во Гостивар биле пријавувани по 25 заразени лица. Во моментот се евидентирани вкупно 869 формални пријави, а досега е спроведена епидемиолошка анкета со 622 лица. По консултација со Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство донесе одлука за воведување засилен здравствен надзор во постакутна епидемиолошка фаза. До сите јавни здравствени установи и матични лекари ќе бидат доставени соодветни упатства за навремено следење, информирање и рано препознавање евентуални случаи на хепатит А и Е, како и на други заразни заболувања што може да се појават како последица на епидемијата. Паралелно, Министерството спроведува сеопфатна анализа и евалуација на текот на епидемијата и на настанатата состојба. Анализата го опфаќа системот за пријавување, како и актуелните и ретроспективните податоци собрани преку системот Мој Термин. Целта е да се утврдат можностите за дополнително унапредување на системот и да се зајакне неговото навремено и ефикасно функционирање. Следење на вектор-преносливи заболувања На последната седница на Комисијата за заразни болести беше разгледана и состојбата со вектор-преносливи заболувања. Под засилена опсервација се четири заболувања: маларија, денга, зика и западнонилска треска. По две години без регистриран случај на маларија, годинава се потврдени четири случаи кај туристи кои престојувале во Занзибар и на Малдиви. Регистрирани се и три случаи на денга и еден случај на зика, сите поврзани со престој на Малдивите. Станува збор за возрасни пациенти со коморбидитети. Министерството апелира граѓаните кои патуваат во тропски земји доследно да ги следат препораките на Светската здравствена организација во однос на потребната вакцинација и профилакса. До матичните лекари ќе биде упатена препорака при прегледите задолжително да ги земат предвид податоците за неодамнешни патувања во тропски земји, со цел навремено препознавање, дијагностицирање и третман. Во однос на западнонилската треска, досега се евидентирани осум случаи, од кои два во текот на јуни. Станува збор за повозрасни пациенти со придружни заболувања. Во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат се дадени насоки за контрола на спроведувањето и опфатот на дезинсекцијата во општините. Министерството за здравство останува посветено на континуирано следење на состојбата, навремено преземање конкретни мерки и транспарентно информирање на јавноста. Во соработка со Комисијата за заразни болести, здравствените установи, матичните лекари, инспекциските служби и локалните самоуправи, ќе продолжиме да дејствуваме координирано за заштита на здравјето на граѓаните.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Расте земјоделското производство, акумулациите од 8 достигнаа над 70 проценти исполнетостПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на резултатите во земјоделството, во делот на наводнувањето, тутунот и лозарството, изјави:„Најпрвин треба да споменеме како беше и како е. Не треба да заборавиме дека акумулациите коишто се користеа за наводнување на земјоделските поседи во август месец 2024 година беа на 8%. Денеска се над 70%. Со домаќинско работење и со начин на којшто оваа Влада функционира, речиси 9 пати е зголемен, 10 пати е зголемен капацитетот на акумулациите. Второ, треба исто така да се спомене дека 3 плати во АД Водостопанство не беа исплатени на вработените. Кога зборуваме и кога критикуваме, посебно ова се однесува на опозицијата, мора малку да направиме и една ретроспектива, како беше. Затоа што знаете вие, морате да компарирате нешто со нешто, не можете на чувства да зборувате. Така што, еве јас и тоа би го споменал дека 3 плати не беа исплатени, исто така и во Национални шуми 3 плати не беа исплатени. Да не зборам колку се доцнеше со субвенциите, две годишни програми отприлика се доцнеше со субвенциите. И сето тоа создаваше, би рекол еден немир, една неизвесност и така натаму. Денеска е состојбата сосема поинаква. Се одблокира практично кредитот од КФВ Банката од 80 милиони евра за средства коишто ќе се користат за три нови проекти во делот на наводнувањето. И мислам дека со проектот „Страиште“ веќе почнуваме да го подготвуваме и тендерот и почнуваме со негова изработка. Зборувам за проект за којшто граѓаните на Македонија 7 години камата плаќале, а ништо не се правело. Сега веќе почнуваме да тоа сѐ го операционализираме. Така што, кога сето ова ќе се земе предвид, навистина можеме да кажеме дека има исклучително голем напредок споредено со состојбата која ја наследивме. Повторно ќе кажам, некој од опозицијата ќе рече, ама добро тогаш беше така, ние изгубивме избори. Ама ние мораме да се споредиме со некого, не може на чувства да ги зборуваме работите. Ние мора да кажеме како не чинело и како е сега, за да видиме како да биде подобро. Така што овие политики, на оваа Влада ќе продолжат и во таа насока. И во делот на лозарството и кај делот на тутунарите, од 16 милиони килограми тутун, дојдовме до 26 милиони килограми. Од цени од 150-160 денари, дојдовме до 420-430 денари за килограм. Кај лозарството, исто така од 60-70 милиони килограми, дојдовме на 120, очекуваме оваа година да биде родот, 120 милиони килограми. Така што ова се егзактни параметри и ова се бројки пред коишто не може некој да спори. Можат само се разбира залутани квази експерти во фелата да кажуваат поинакви параметри.“- истакна премиерот Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПожарот сè уште е на 15 километри од БордоФранцуските медиуми известуваат дека пожарот се приближил на 15 километри од метрополитенската област на Бордо, во близина на Мартињас-сир-Жал. Нова мапа покажува дека најактивните жаришта остануваат западно од Бордо, околу Лантон и во правец кон Аркашон. Француските медиуми известуваат дека пожарот се приближил на 15 километри од метрополитенската област на Бордо, во близина на Мартињас-сир-Жал. Поради тоа, од особена важност е одбраната на патот RD5 во близина на Благон и Оданж. Локалниот градоначалник предупреди дека пожарот не смее да ја премине другата страна на патот, бидејќи тоа би отворило нов пат за ширење на огнената стихија кон областа на Бордо. Засега, кон самиот град се шири помалку чад отколку претходно. Квалитетот на воздухот над Бордо на мапата е означен како умерен, додека подалеку на запад – поблиску до пожарот – тој останува лош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20