Пет клучни вештини за здрава и среќна врска според психотерапевтите - Канал 5

Пет клучни вештини за здрава и среќна врска според психотерапевтите

Љубовните врски честопати од луѓето го вадат најлошото, бидејќи бараат да бидеме ранливи и да ѝ веруваме на другата личност. 

Пет клучни вештини за здрава и среќна врска според психотерапевтите

Во таквата динамика, конфликтот, стравот, несигурноста, па дури и огорченоста се речиси неизбежни. За среќа, постојат вештини што можат да ни помогнат полесно да се снајдеме во интимните односи, пишува Vice.

Еве кои пет клучни вештини е добро да се развијат за да можете да се потпрете на себеси и на партнерот во врската.

Активно слушање

Иако изразувањето на сопствените чувства и потреби е од суштинско значење за секоја врска, многумина забораваат колку е важно да се слуша другата личност. Според психотерапевтите, активното слушање му покажува на вашиот партнер дека ви значи она што го кажува и дека сте навистина присутни во тој момент.

При тоа, целта е да го разберете искуството и перспективата на вашиот партнер и да одговорите внимателно, наместо да реагирате инстинктивно.

Емоционална свест

Недостатокот на самосвест е еден од најтешките проблеми во врските, а ова особено се однесува на емоционалната свест.

Развивањето на емоционалната свест им помага на партнерите појасно да разговараат за своите потреби и да реагираат повнимателно за време на стрес и конфликт. Клучен чекор во спречувањето на импулсивни реакции е да застанете и да се обидете да разберете што ве мачи и како обично реагирате кога емоциите ве преплавуваат.

Емоционална регулација

Покрај емоционалната свест и емоционалната регулација е клучна. Ако не можете да управувате со сопствените емоции, не можете да очекувате некој друг да го стори тоа наместо вас. Без оваа вештина, може да реагирате импулсивно наместо внимателно, што може да биде штетно за вашата врска.

Кога партнерот може да се справи со сопствените емоции во време на вознемиреност, стрес или други тешкотии, тоа може да направи голема разлика. Емоционалната регулација или заедничкото смирување партнерот создава безбеден психолошки простор што овозможува ранливост.

Ранливост

Ако не можете да бидете ранливи во интимна врска, си ја одземате можноста да се поврзете подлабоко. Во силните емоционални врски партнерите си веруваат еден на друг и си се доверуваат еден на друг за своите стравови, потреби, разочарувања и надежи.

Ранливоста создава можност партнерите навистина да се запознаат и да се поддржуваат еден со друг.

Способност да се поправи односот

Никој не е совршен и ниедна врска не е идеална. Конфликтот е неизбежен, но важна е и способноста односот после конфликт да се поправи.

Паровите кои успеваат во тоа, на расправијата гледаат како на ситуација „ние против проблемот“, а не „јас против тебе“. Тие заедно работат на компромисот и на подобро меѓусебно разбирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марта Кос во посета на Македонија, попладнево средба и прес-конференција со премиерот Мицкоски

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, попладнево ќе престојува во посета на Македонија, во чии рамки ќе се сретне и ќе одржи прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Марта Кос во посета на Македонија, попладнево средба и прес-конференција со премиерот Мицкоски

Во пресрет на посетата, таа порача дека доаѓа во Скопјe за да охрабри прогрес во преговорите за пристапување..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Историски триумф на Швајцарија за мундијалско четвртфинале!

Репрезентацијата на Швајцарија е последниот учесник во елитното четвртфинале на 23 Светско фуудбалско првенство. 

Видео: Историски триумф на Швајцарија за мундијалско четвртфинале!

Швајцарската фудбалска репрезентација по понал рулет и триумф со (0-0) 4-3 над Колумбија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство

По регуларниот дел од натпреварот немаше голови, мрежите мируваа и по двете продолженија од по 15 минути по што следуваше пенал рулетот, во кој поконцетрирани и попрецизни беа фудбалерите на Швајцарија кои мја добија серијата со 4-3.

YouTube video

Со овој триумф Швајцарија го постигна својот најголем успех на светските првенства (точно е дека играла во четвртфиналето во 1938 и 1954 година, но тогаш имало помалку учесници), а за пласман во полуфиналето ќе игра против бранителот на тронот Аргентина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за локална нестабилност

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за локална нестабилност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Според УХМР денеска во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер