МакедонијаАмбасадорите на Австрија, Финска и Шведска со пораки за евроинтегарциите на Македонија Одлуката за продолжување по евроинтегративниот пат е на Македонија, а предизвиците можат да се надминат со добра волја од сите инволвирани – ова е пораката која амбасадорите на Австрија, Финска и Шведска.Одлуката за продолжување по евроинтегративниот пат е на Македонија, а предизвиците можат да се надминат со добра волја од сите инволвирани – ова е пораката која амбасадорите на Австрија, Финска и Шведска ја упатија по повод триесет годишнината од членството на нивните земји во Унијата. Порачаа дека и нивните земји се соочиле со проблеми на патот кон полноправно членство, но потсетија и на бенефитите кои ги добиле откако станале дел од ЕУ. Македонија според нив треба да продолжи со реформската агенда од планот со раст, но во исто време да најде и решение за спорот со Бугарија. -ЕУ го даде овој план за раст и Македонија одговори со реформска агенда за земјава која доби признание од Брисел како доста силен сет реформи кои се потребни да ја приближат земјата кон ЕУ. Сето тоа се многу добри вести. Потоа имате посебен политички пат и прашањето таму е до владата тука. Таа одлука е на Македонија,- - Ами Ларсон Џаин - Амбасадорка на Шведска. -Силно верувам дека предизвиците кои стојат пред вас, тие кои го споменавте, спроведување на т.н. компромис од 2022 година се спроведливи со добра волја од сите инволвирани- Мартин Памер - Амбасадор на Австрија. Амбасадорот на Финска Никлас Линдквист пак, повтори дека иако дијалогот е важен, сепак значајно е да се нагласи дека секоја земја, вклучително и Македонија води преговори со Унијата, а не со соседите. -Дијалогот меѓу земјите е секако важен, да се разговара за овие работи, да се има отворена дискусија. Секако, кога говорите за членството во ЕУ и за ЕУ интеграциите, тоа се преговори кои секоја земја ги има со институциите на ЕУ, не со соседите,- - Никлас Линдквист - Амбасадор на Финска. Во меѓувреме, спикерот Гаши и денеска повтори дека Македонија според него, има многу приајтели кои сакаат да помогнат на нејзиниот евроинтегративен пат и изрази надеж дека ќе се надмине како што ја нарече препреката, односно ќе се изгласаат уставните измени. За таа цел како што кажа тој, се работи на сите нивоа, а тој како претседател на Собранието ги користел сите алатки за развивање на парламентарната дипломатија. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16