3Најмалку тројца загинаа и четворица се исчезнати во големите поплави во Истанбул- се најавуваат нови дождови (ВИДЕО)
БалканАмбасада на Украина во Белград: Србија да го поддржи формирањето на специјален суд Србија да го поддржи формирањето на специјален суд за руските злосторства.Амбасадата на Украина во Белград преку соопштение ја повика Србија да го подржи формирањето на специјален суд за руските злосторства во таа земја, а медиуми паралено пишуваат дека Србија е единствената земја во регионот која не ја поддржала осудата на ОН за репресијата врз новинарите во Русија, јави дописникот на МИА од Белград. -Сигурни сме дека меѓу осудените за тешки кривични дела од меѓународното право, извршени на територијата на Украина, ќе има и претставници на криминалните власти на државата агресор - членови на делегацијата на Советот на Федерацијата на Федералното собрание на Руската Федерација, кои, за жал, сè уште имаат можност да ја посетат Република Србија и моментално се наоѓаат на нејзина територија. Се надеваме на поддршка од Србија во врска со формирањето и функционирањето на Специјалниот суд за злосторствата на агресијата на Руската Федерација против Украина, се вели во соопштението на украинската амбасада. Медиумите истовремено соопштија дека претставници на 46 земји-членки на Обединетите нации, вклучително и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, ја осудија руската репресија на слободата на изразување, вклучително и неправедно апсења на новинари и дека Србија е единствената која не ја поддржала изјавата. Тие на 17 април се приклучија на изјавата предводена од амбасадорката Линда Томас-Гринфилд, претставник на Соединетите Држави, објавена пред Светскиот ден на слободата на медиумите следниот месец, кој се одбележува на 3 мај. -Длабоко сме загрижени поради соопштенеито на Русија дека уапсила новинар на Волстрит журнал (Еван Гершкович). Протестираме против напорите на Русија да ги ограничи и заплаши медиумите. Ги охрабруваме властите на Руската Федерација да ги ослободат оние што ги држат од политички причини и да ја прекинат репресијата на слободата на изразување, вклучително и врз медиумските работници, се наведува меѓу другото во заедничката изјава. Агенцијата Бета денес ја соопшти изјавата на адвокатката и новинарка од Украина Ирина Сејданова која изјави дека гледа голема опасност за Србија поради руската пропаганда и додаде дека тоа им го кажува на своите пријатели од 2014 година, кога Русија го окупираше Крим. -Гледам голема опасност, бидејќи гледам паралела со тоа како Русија се однесуваше кон Украина, и како сега се обидува да се однесува кон Србија. Тоа се истите тези кои Русија ни ги примени за да ни ги всади во главите дека сме „братски народ“, дека тие се таму да не штитат, дека се таму да ги бранат нашите интереси, дека се таму во улога на „ големиот брат'. Истото го гледам и сега во Србија, изјави Сејданова за војводинскиот портал Автономија. Според неа, повеќето Срби тоа не го сфаќаат сериозно, бидејќи „поради некоја причина многу ја сакаат Русија“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
СудбинаКрадци ограбиле колекционерка на луксузни чанти, вредни 300.000 долари- се фалела со нив на фејсбук (ВИДЕО)Љубителка на луксузни додатоци од Лос Анџелес останала шокирана откако група крадци провалиле во нејзиниот дом и украле колекција чанти од „Хермес“, чија вредност се проценува на 300.000 долари.Патриша Ваињо (60) вели дека во понеделник попладне била на лекарски преглед, што криминалците го искористиле за да ги украдат чантите од нејзината куќа во населбата Игл Рок. Ги избегнале камерите во куќата Иако куќата е обезбедена со безбедносни системи, крадците успеале да ја избегнат камерата „Ринг“ и да ги заобиколат зајакнатите прозорци, пред да ја скршат бравата на вратата од гардероберот каде што ги чувала скапоцените чанти. „Беа доволно пресметани за да ја избегнат камерата на предниот дел од куќата, па влегоа од страна. Точно знаеја што прават“, рекла Патриша. Гардероберот ја содржел нејзината колекција чанти од „Хермес Биркин“, објавува „Дејли меил“. Патриша ја започнала својата колекција пред повеќе од две децении, а луксузните чанти не биле само страст за неа, туку и еден вид финансиска сигурност за нејзиното пензионирање, се наведува во соопштението. „Напорно работев за сè што имам“, рекла очајната жена. View this post on Instagram A post shared by Patricia Vuagniaux (Neale) (@successgirlusa) Таа објавила список на Фејсбук Снимките направени по провалата покажуваат скршено стакло расфрлано низ куќата и целосно ограбен гардеробер, каде што крадците барале вредни предмети. Сепак, украдените предмети не биле само торби. Крадците зеле и часовници, како и кутија за накит во која се содржани млечните заби на нејзините ќерки од детството. Токму оваа загуба, рекла таа, ја погодила најтешко. Според неа, крадците користеле уред за блокирање на сигналот за да го оневозможат системот за надзорни камери. Очигледно, блокирањето влијаело и на камерите во соседните куќи, што го отежнувало следењето на нивните движења. Месеци пред грабежот, Патриција објавила список на предмети од нејзината колекција во Фејсбук група посветена на луксузни торби, наведувајќи предмети вредни илјадници долари. Листата вклучуваше разни Birkin 35, златна чанта Kelly Sellier, Birkin 30 во сина боја Tiffany изработена од кожа Swift и сосема нова Evelyne Pochette 23. View this post on Instagram A post shared by Northeast Los Angeles Native (@nela_native) „Толку сум исплашена“ Таа објасни дека продавала чанти кога ѝ здодевале, па објавувањето на листата било начин да ги претстави и размени предметите со други љубители на луксузни додатоци. Патриша вели дека верува оти била мета поради нејзината колекција. По провалата, таа вели дека не се чувствува безбедно во својот дом, а инцидентот предизвикал и немири во нејзиното соседство. „Толку сум исплашена. Се плашам да бидам во мојата куќа“, рече таа. Таа додава дека е благодарна што нејзината ќерка и сопруг се безбедни, и покрај сè што се случило.Тагови: крадци чанти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски: Доколку Украина падне, 20 милиони Украинци доаѓаат во Европа (ВИДЕО)Украина има поддршка од сите европски лидери, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, негирајќи ги извештаите дека европската страна го замолила да го намали тонот во разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немаше никакви забелешки за време на денешните состаноци. Слушнав само поддршка од моите европски колеги, за што сум благодарен“, рече Зеленски на прес-конференција по учеството во делот од самитот на ЕУ посветен на Украина и по неколку билатерални разговори со лидерите на европските земји. „Договорот на Трамп со Путин е погрешен“ Според некои медиумски извештаи, од Европа е побарано да не го крева тонот во односите со американскиот претседател Трамп за да не го налути дополнително. Кога беше прашан за неговиот однос со Трамп и коментарите на американскиот претседател дека е потешко да се преговара со него отколку со рускиот лидер Владимир Путин, Зеленски рече дека морал да го брани опстанокот на својата земја. Тој истакна дека договорот на Трамп со Русија за увоз на дизел не е во ред и дека по тоа влегуваме во лизгава патека за да може да следи договор за рускиот гас, потоа укинување на санкциите за банкарскиот систем, за одредени поединци, хемиската индустрија и конечно за замрзнатите руски средства. На прашањето дали Украина ќе продолжи да ги напаѓа руските рафинерии додека Трамп бара прекин на нападите, Зеленски рече дека обично не зборува за „деталите за нашите операции. Ќе видите“. Zelensky declined to say whether Ukraine is currently striking Russian refineries, saying "I don't comment on details of the Defense Forces' operations, the main thing is to respond to the aggressor, you'll see other things." https://t.co/8v2aRQgcrJ — WarTranslated (@wartranslated) October 16, 2026 „Ако паднеме, 20 милиони Украинци ќе дојдат во Европа“ Зеленски рече дека Путин не сака мир, дека сака да ја уништи Украина. „Тој не го почитува нашиот суверенитет и територијален интегритет, Донбас не му е доволен“, рече тој. „Ако паднеме, 20 милиони Украинци ќе дојдат во Европа, затоа сакаме да останеме силни и да ја браниме нашата земја“, рече украинскиот претседател. Дали Зеленски е жртвено јагне на Трамп? Тој само се насмеа: „Тоа е мојот одговор“ Кога еден новинар го праша дали мисли дека служи како жртвено јагне за внатрешните политички проблеми на Трамп, со оглед на тоа што за неколку недели, на среднорочните избори, на републиканците им се заканува губење на контролата и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот, Зеленски направи долга пауза, се насмеа и рече: „Тоа е мојот одговор“. A journalist asked Zelensky: “Don’t you think Trump has made you a scapegoat for his own problems?” The Ukrainian president smiled knowingly and replied: “That is my answer.” The room erupted in laughter and applause. — NEXTA (@nexta_tv) October 16, 2026 Зеленски рече дека американскиот сателитски систем Старлинк, кој Украина го користи за соборување на руски ракети, не бил исклучен, но дека неговата брзина била значително намалена, поради што не можеле да соборат некои ирански беспилотни летала Шахед.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизДиди е преместен во друг затвор, откако заврши во болницаШон Диди Комбс е префрлен од федерален затвор во Њу Џерси во затвор во Пенсилванија. Префрлувањето се случило неколку дена откако завршил во болница, пишува TMZ. Префрлен во друг затвор Федералното биро за затвори на САД (BOP) потврди дека Комбс го напуштил затворот Форт Дикс во Њу Џерси утрово. Тој бил префрлен во федералниот затвор Аленвуд во Пенсилванија, кој, како и Форт Дикс, има понизок безбедносен режим. Префрлувањето доаѓа помалку од една недела откако Комбс бил итно префрлен во болница минатата сабота. Преместен поради сопствена безбедност? Официјалната причина за префрлувањето сè уште не е позната, но Комбс неколку пати ги прекршил затворските правила за време на престојот во Форт Дикс. Според информациите од TMZ, тој бил казнет за нелегално користење на телефон и учество во тепачки, а за овие прекршоци завршил двапати во самица. Сепак, според TMZ, малку е веројатно дека дисциплинските прекршоци се причина за неговиот префрлување. Доколку бил префрлен поради лошо однесување, веројатно ќе завршел во затвор со максимално обезбедување. Бидејќи во Аленвуд има исто ниво на безбедност како и во Форт Дикс, се претпоставува дека Комбс бил префрлен за негова сопствена заштита. Во Форт Дикс се сместени околу 4.000 затвореници, додека во Аленвуд има околу 1.000. Помалку затвореници би можеле да им го олеснат на вработените надзорот на Комбс и да го чуваат безбедно. Казнет за кршење на затворските правила Дисциплинските прекршувања го чинеа Комбс 41 ден бенефиции за добро однесување, што би можело да влијае на датумот на неговото ослободување. Покрај тоа, му е забрането да купува во затворската продавница до 400 дена. Во меѓувреме, NBC News објави дека Комбс наводно имал мобилен телефон шверцуван во затворот што содржел експлицитни фотографии. Според истите наводи, тој консумирал алкохол во затворот и наводно имал пристап до масажи и луксузни оброци. Диди Комбс отслужува 50-месечна затворска казна, која треба да ја отслужи во 2025 година. Тој беше прогласен за виновен по две точки од обвинението поврзани со организирање превоз за целите на проституција, додека беше ослободен од посериозни обвиненија за трговија со луѓе за целите на сексуална експлоатација и рекетирање. Тагови: затвор Пи Диди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter