Алварез: Ќе дадам се од себе да не ги разочарам навивачите на Атлетико Мадрид - Канал 5

Алварез: Ќе дадам се од себе да не ги разочарам навивачите на Атлетико Мадрид

Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез е претставен како ново засилување за Атлетико Мадрид. Поранешниот играч на Манчестер Сити однапред се заблагодари на поддршката и љубовта покажана од навивачите.

Алварез: Ќе дадам се од себе да не ги разочарам навивачите на Атлетико Мадрид

-Многу сум среќен, возбуден сум што сум тука. Многу ми се допадна начинот на кој ме пречекаа во градот, во клубот. Имам големи цели и амбиции. Од самиот почеток добив многу пораки од навивачите. Како што кажав на аеродромот, многу луѓе дојдоа да ме пречекаат, други дојдоа на стадионот. Одлично е да ја започнам мојата авантура на ваков начин, изјави за медиумите возбудениот Аргентинец, кој летово ја освои Копа Америка.

Неговата голема желба е да не ги разочара навивачите со перформансите на теренот.

-Ќе го дадам својот максимум за да бидам најдобар можен играч за да му помогнам на тимот да биде на врвот, истакна Алварез во првото интервју како играч на Атлетико. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 5. август 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 5. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 5. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас.

Кариера

Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение.

Кариера

Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик.

Здравје и совет

Издржете.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво.

Кариера

Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат.

Здравје и совет

Сакајте ги луѓето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман.

Кариера

Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право.

Здравје и совет

Наспијте се .

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата.

Кариера

Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори.

Здравје и совет

Не морате постојано да војувате.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба.

Кариера

Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата.

Здравје и совет

Ќе уживате во убавниот ден.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат.

Кариера

Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања.

Кариера

Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно.

Здравје и совет

Одете во природа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат.

Кариера

Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба.

Здравје и совет

Засадете некое растение.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност.

Кариера

Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските.

Здравје и совет

Подобро оптимист , отколку песимист.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци.

Кариера

Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред.

Здравје и совет

Бидете поконкретни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите.

Кариера

Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност.

Здравје и совет

Некои ќе запливаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето

Летото е незамисливо без мирисот на варена или печена пченка.

 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето

Летото е незамисливо без мирисот на варена или печена пченка. Оваа омилена сезонска намирница често е на лош глас поради слаткиот вкус и содржина на скроб, но таа содржи сложени јаглехидрати, влакна, витамини, минерали и антиоксиданси кои се добри за здравјето на дигестивниот систем, очите и срцето и кои на организмот му обезбедуваат долготраен извор на енергија.

Природен извор на енергија

Пченката е богата со сложени јаглехидрати и скроб, кои се главен извор на енергија за мозокот и мускулите. Особено е вредна поради нејзината содржина на резистентен скроб, вид јаглехидрати кои се варат побавно, обезбедувајќи чувство на ситост подолго време и постабилно снабдување со енергија во текот на целиот ден.

Една чаша варена пченка содржи околу 120 калории, што ја прави добар додаток на балансирана исхрана, особено кога е подготвена без големи количини путер или други масни додатоци.

Придонесува за здравјето на дигестивниот систем

Една од најголемите придобивки од пченката е нејзината содржина на диетални влакна. Таа го поттикнува редовното варење, го олеснува празнењето на цревата и може да помогне во спречување запек.

Пченката содржи и растворливи и нерастворливи влакна, кои ги хранат корисните цревни бактерии и придонесуваат за поздрав цревен микробиом. Здравата цревна флора е поврзана со подобро варење, посилен имунитет и подобро целокупно здравје.

Може да помогне во одржувањето на стабилни нивоа на шеќер во крвта

Иако е природно слатка, пченката не треба автоматски да се смета за неповолен избор. Влакната и растителните протеини што ги содржи ја забавуваат апсорпцијата на шеќер, што помага во ублажувањето на ненадејните скокови на гликоза во крвта по оброкот.

Секако, луѓето со дијабетес или други нарушувања на регулирањето на шеќер во крвта треба да внимаваат при внесување на јаглехидрати и да консумираат пченка во согласност со препораките на лекарот или нутриционистот.

Го штити здравјето на очите

Пченката е еден од добрите диететски извори на лутеин и зеаксантин, каротеноиди кои природно се акумулираат во мрежницата на окото. Бројни студии покажуваат дека можат да помогнат во заштитата од макуларна дегенерација поврзана со возраста и да го забават развојот на катаракта.

Редовното внесување храна богата со овие антиоксиданси е важен дел од исхраната што придонесува за зачувување на видот во текот на годините.

Добра е за срцето и крвните садови

Покрај тоа што не содржи холестерол и е со ниска содржина на заситени масти, пченката е извор на влакна што можат да помогнат во намалувањето на апсорпцијата на холестерол во дигестивниот систем. Исто така, содржи минерали како што се магнезиум и калиум, кои играат важна улога во одржувањето на нормалниот крвен притисок и правилната функција на срцето.

Богата е со витамини и минерали

Пченката обезбедува голем број важни микронутриенти неопходни за нормално функционирање на телото. Меѓу нив, се издвојуваат следниве: витамините Ц, Е и витамините од групата Б (вклучувајќи фолна киселина), железо, магнезиум, фосфор, калиум, манган, цинк и селен.

Покрај витамините и минералите, таа содржи и антиоксиданси и аминокиселини кои учествуваат во растот и обновата на клетките.

Може позитивно да влијае на расположението

Сè повеќе истражувања покажуваат дека исхраната богата со овошје и зеленчук придонесува за подобро ментално здравје. Иако пченката не е чудотворна храна која сама по себе ќе го подобри расположението, нејзиното вклучување во исхраната може да се поврзе со помал ризик од симптоми на депресија и поголемо чувство на виталност.

Пченката природно не содржи глутен, поради што е важна намирница за луѓе со целијакија или за оние кои се хранат без глутен.

Пченкарното брашно задржува голем дел од хранливите материи од зрното и се користи во приготвувањето леб, печива, палачинки и бројни јадења без глутен.

Како да се подготви?

Варена или печена пченка е наједноставен и најхранлив вреден избор. Одлично оди со салати, чорби, супи, а може да биде и вкусен прилог со месо или риба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сашо Клековски во „Вести Плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Сашо Клековски

 Сашо Клековски во „Вести Плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер