Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

На денешниот состанок на Централното претседателство за министер во Министерството за европски прашања, притоа едногласно се одлучи кандидат на Алтернатива за овој ресор да биде Орхан Муртезани.

На денешниот состанок на Централното претседателство за министер во Министерството за европски прашања, притоа едногласно се одлучи кандидат на Алтернатива за овој ресор да биде Орхан Муртезани, поранешен Генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен Секретар за односи со јавноста и Портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговараше и за кандидатот за заменик министер на Министерството за образование и наука, каде исто така едногласно се одлучи да биде Проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.

Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини - универзитетски професор, поранешен пратеник и потпретседателка на Алтернатива .

На средбата се разговараше и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да ипретседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседастел на Алтернатива, се наведува во партиското соопштение.

Хоџај: Курти и Вучиќ го користат северот на Косово за да ја задржат власта

Хоџај, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Косово, изјави дека косовскиот премиер го искористил северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт.

Потпретседателот на Собранието на Косово и Член на Претседателството на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Енвер Хоџај, во врска со ситуацијата на северот на државата и прашањето за Заедницата на општини со српско мнозинство, вели дека премиерот Албин Курти во овие три години владеење делувал „целосно спротивно на меѓународните трендови и геополитичките промени“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоџај, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Косово, изјави дека косовскиот премиер го искористил северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт.

- Со војната во Украина, со војната во Газа, со евентуална војна во Тајван, меѓународниот поредок се распаѓа и господинот Курти дејствуваше целосно во спротивна насока од меѓународните трендови, од геополитичките промени, а пред се решил во име на една политика да го користи северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт, се цитира Хоџај од приштинскиот портал „Телеграфи“.

Според поранешниот шеф на косовската дипломатија. денес ситуацијата на северот на земјата им помага на Курти во Приштина и на српскиот претседател Александер Вучиќ во Белград да останат на власт.

Хоџај нагласи дека кога неговата партија била на власт, никогаш не ја искористила ситуацијата на северот на земјата за политички популизам.

- Ние (ПДК) дејствувавме во однос на северот на Косово, демонтирајќи паралелни структури, борејќи се против криминалот и организираниот криминал на северот на земјата, правејќи сé за да ја заокружиме државноста на Косово на северот на земјата, интегрирајќи ја српската заедница. Никогаш не сме ја искористиле ситуацијата на северот на Косово за политички популизам. Ова што се случува на северот на земјата не е во прилог на националниот интерес на косовската држава, рече Хоџај./МИА

Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопштија од рускиот клуб.

Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.

Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано. /МИА

Во Пакистан експлодира бомба крај пат, при што загинаа пет војници, а двајца се повредени

Најмалку пет војници загинаа, а двајца други се повредени денеска при експлозија на бомба покрај пат во близина на безбедносен конвој во северозападен Пакистан, соопштија официјални претставници.

Нападот се случил во областа Курам, поранешно упориште на милитантите во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Во соопштението на армијата се наведува дека во тек е потрага по сторителите на нападот со цел да се елиминираат терористите присутни во тоа подрачје и дека „сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат изведени пред лицето на правдата“./МИА

притисни ентер