Алпинистички техники се користат за висински работи како бојадисување фабрички оџаци - Канал 5

Алпинистички техники се користат за висински работи како бојадисување фабрички оџаци

Алпинистички техники се користат за висински работи како бојадисување фабрички оџаци

Надир Мурсели од Тетово е еден од малиот број луѓе во државата кои благодарение на своето алпинистичко искуство можат да ја изведуваат таканаречената „висинска работа" како што се бојадисување фабрички оџаци високи по стотици метри, разни видови работа поврзани со одржување, градежни зафати или поправки на згради, мостови, брани, облакодери, ветерници, силоси, односно секаде каде е тешко достапно да се работи поради височината.

Надир има 44 години, а со планирење и алпинизам почнува да се занимава уште во средношколските денови. Специјалност во алпинизмот му е искачување на мразови. Највисоко стигнал на Хималаите на Ајланд Пик на 6200 метри надморска височина, како и МекКинли и Аконкагва.

Како и во алпинизмот така и во оваа работа, успехот според животното мото на Надир е кога жив и здрав, алпинистот ќе се врати дома. Затоа тој ги потенцира неколку најважни поенти при извршување на ваква работа како што се придржување до протоколите за безбедност, високата персонална концентрација и соодветна опрема.

-Алпинистичката техника која ја познаваме е таа која ни помага и ни овозможува да се доближиме и да ја вршиме таа одредена дејност на високо место или објект. Скоро сите што работат се алпинисти. Опремата малку се разликува од таа што се користи за качување на карпи, но суштината е иста. Важна е опремата за заштита почнувајќи од најосновите работи специјален шлем со визир, јаже, појас, објаснува Надир.

Потребно е големо значење да се даде на безбедноста, односно минимализирање на опасносите при извршување ваква работа.

-Безбедосната е важна затоа што само еднаш може да се падне или само еднаш може да те удри нешто. Се што не е врзано на висина, се паѓа. Ако оставиш на балкон или покрив било каков предмет ако не е врзан со време паѓа, а не па луѓето. Ако човек не е врзан, ниту кацига има, безбедноста е нула, а ризикот е максимален. Пад и од 2,5 метри може да биде фатален. Дали се плашиш од висина, најчесто не прашуваат. Секако дека постои доза на страв. Но одговорот е дека јас се обезбедувам со опрема и така верувам дека ќе успеам. Секако и со моето познавање се минимизира опасноста и стравот, па тоа е разлика меѓу мене и некои што веруваат дека лесно може да се изведе оваа работа, вели 44-годишниот тетовец.

Покрај личната одговорноста кон опремата Надир ја потецира и потребата да се биде внимателен кога дува ветер или пак има појава на грмотевици. Тогаш работата се прекинува веднаш.

-Треба да се биде физички и психички подготвен, да се биде разумен кога и како да се работи. Освен познавање на техниките за искачување и одржување на безбедноста треба да се знаат и одредени „занаетски вештини", да знаеш да сечеш со моторна пила, да заваруваш, да бушиш, да користиш алат и слично. Познавање на техника, физика, уметност, па дури и на креативност би рекол затоа што е потребно некогаш да се адаптираш на тоа што е на самото место, рече Надир.

Највисок објект на кој што работел се оџаците на РЕК Битола.

-Оџаците на РЕК Битола се на 250 метри и требаше да се бојадисаат. Сега на самиот оџак има скали, ама да се искачат тие 250 метри во височина потребни се околу 30-40 минути. Важен е тука и транспортот на материјалите за работа, железа, бои и слично. Се работи од горе надолу.Тоа трае со денови. Тие се фарбаат со црвена и бела боја за да бидат видливи за хеликоптери. И светилките кои се користат навечер се менуваат, раскажува соговорникот.

Тој има неверојатно искуство од Швајцарија каде порано живеел од аспект на почитување на правилата.

-Две години во Швајцарија работев за фирма која работи на кастрење на дрвјата. Но таму ми овозможуваа само да бидам помошник и да помагам околу безбедноста, опремата и материјалите. Дрвјата и гранките можеа да ги сечат само луѓе со соодветно образование нешто како шумарски факултет. Затоа што ако не ја познаваш таа област, шумарството, не смееш да му пристапиш на дрвото. Такво нешто немав, но бидејќи имав познавање на техниките и искуство во оваа висинска работа ме зедоа само како помошник, но не ми беше дозволено да сечам дрвја, раскажува Надир за тамошното искуство, додавајќи дека во Швајцарија огромно значење се придава и се постапува соодветно кон безбедноста во оваа работа.

Разни доживувања и случки има низ цела државата, а имал и пример кога не бил повикан за работа тука такви биле околностите па познавајќи ја техниката се нашол на помош.

-Во зградата каде живеам сум се спуштал користејќи ги алпинистичките техники од балкон во балкон за да влезам во стан и да отворам заклучена врата поради оставени клучеви во внатрешноста. Во манастирот Пречиста Богородица во Кичевско кога еднаш бев се скина јажето од ѕвоното. На домарот му беше страв да се искачи, па јас се понудив и успеав да се качам на камбанаријата за да го преврзам јажето за да може да се користи ѕвоното, раскажува Надир.

Тетовскиот планинари вели дека „висинската работа" и алпинизмост се надополнуваат.

-Двете области бараат постојано да се биде во контакт со опремата, да се вежба, да се биде ангажиран, подготвен и флексибилен да одговориш на предизвиците. Важно е обновување на оваа опрема за што постојат соодветни правила, истакнува планинарот.

Инаку во алпинизмот Надир се има искачувано речиси сите локалитети низ Македонија како Солунска Глава, Матка, Остра Карпа, Демир Капија и други. Низ балканските земји на Метеора во Грција, Маљовица и Враца во Бугарија, Пакленица во Хрватска, како и во Црна Гора, Босна и Херцеговина. Во европските држави одел на Јулиските Алпи, Доломити и Европските Алпи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здравко Чолиќ си купи стан во Хрватска со поглед на море- го платил 500.000 евра

Поп-пејачот Здравко Чолиќ купил луксузен стан во Пула, според хрватските медиуми.

Здравко Чолиќ си купи стан во Хрватска со поглед на море- го платил 500.000 евра

Се шпекулира дека овој имот на познатиот пејач можел да го чини и до половина милион евра.

Станот се наоѓа во рамките на еден од најголемите и најскапите станбени проекти во Пула во поново време, во кој цената по квадратен метар е околу 5.500 евра.

Станува збор за комплекс од пет згради лоцирани на рид над пристаништето, на самата граница помеѓу пристаништето и Пјешчана Увала. Проектот предвидува изградба на околу 150 станови, а понудата вклучува и пространи единици од над 100 квадратни метри со големи тераси.

Атрактивната локација овозможува јасен поглед на заливот, бродовите, хотелот, Веруда Порат, Верудела, Пјешчана Увала и Фратарски Оток, дури и од долните катови. Поради големата површина и погледот кон морето, не е исклучено дека конечните цени на некои станови во овој комплекс се далеку над половина милион евра, напиша „Istarski.hr“.

Фрлија бомба во неговиот двор

Да потсетиме дека рано наутро на 3 февруари 2026 година, непознати напаѓачи фрлиле бомба во дворот на куќата на Чолиќ во Дедиње, предизвикувајќи материјална штета на фасадата, оградата, зеленилото и автомобилите, додека немало повредени.

По покрената истрага, на тројцата осомничени мажи им е наредено да бидат притворени со одлука на Вишиот суд во Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на затворот во Ниш призна дека ги следеле гласовите за Вучиќ: Згрешив

Братислав Дикиќ, управник на затворот во Ниш, призна дека вработените собирале податоци за излезноста на граѓаните и ги следеле активностите поврзани со таканаречените „капиларни гласови“. 

Директорот на затворот во Ниш призна дека ги следеле гласовите за Вучиќ: Згрешив

Во писмо до колегите, тој напишал дека тоа не е работа на затворот и дека прифаќа дел од одговорноста, објавува Nova.rs.

Во Србија, терминот „капиларни гласови“ се однесува на организирано собирање поддршка од гласачите. Партиските активисти контактираат со гласачите и се обидуваат да ги охрабрат да гласаат, а тие исто така следат колку од нив гласале.

Дикиќ им се обратил на вработените истиот ден кога бил уапсен Родољуб Рончевиќ, управник на затворот Забела во Пожаревац. Полицијата го сомничи за злоупотреба на службената должност и поткуп во врска со гласањето.

Извештаи собрани од пет затвори

Дикиќ објаснува во своето писмо дека затворот во Ниш организирал гласање за затворениците на денот на парламентарните избори на 25 октомври. Ова, напишал тој, било законска обврска на институцијата. Според неговите сознанија, вработените не влијаеле на тоа како ќе гласаат затворениците.

Сепак, покрај организирањето на гласањето, од вработените било побарано и да ги следат активностите поврзани со „капиларните гласови“ и да собираат податоци за излезноста. Дикиќ наведува дека овие податоци биле проследени.

Според неговото писмо, во Центарот за обука и обука била формирана оперативна група за собирање извештаи од затворите во Врање, Лесковац, Прокупље и Заечар, како и од затворот во Ниш. Групата потоа ги испратила во централниот „Штаб“.

Дикиќ вели дека вработените направиле грешка прифаќајќи ги ваквите задачи бидејќи не ги одделиле службените должности од активностите што не биле во нивна надлежност.

„Верував дека на овој начин ги извршуваме наредбите на УИКС и придонесуваме за заштита на државата Србија и нејзините институции. Сепак, сфатив дека добрите намери не можат да ја заменат законитоста и дека никој од нас, без оглед на позицијата и функцијата, не смее да ги занемари границите на нашите службени овластувања“, напишал тој.

Додаде дека упатствата на раководството не ги ослободуваат од одговорноста да проценат дали барањата се законски и поврзани со нивната работа.

Писмото го објави адвокатот Иван Ниниќ, кој претходно поднесе кривична пријава против 63 лица поради сомнение дека организирале собирање гласови за Српската напредна партија (СНС) во затворите низ Србија.

Во своето писмо, Дикиќ не пишува дека имало притисок врз затворениците. Тој тврди дека нивното право слободно да одлучуваат за кого ќе гласаат не е засегнато.

Управителот на Забела е осомничен од полицијата за купување гласови

Според соопштението за медиумите на српското Министерство за внатрешни работи, Рончевиќ е осомничен дека им делел цигари и кафе на затворениците, кои државните власти ги довериле на чување во затворот за да гласаат за листата број еден, предводена од СНС.

Полицијата вели дека дел од цигарите биле предадени во други затвори. Рончевиќ бил приведен до 48 часа.

На парламентарните избори на 25 октомври, победи студентската листа, освојувајќи 140 од 250 места во Народното собрание, давајќи ѝ мнозинство. Листата предводена од СНС освои 103 места. Конечните резултати беа потврдени по повторното гласање на 53 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По двете страшни железнички несреќи, Шпанија поведе истрага поради сомневања за проневери на милиони

Европскиот јавен обвинител изврши рација во канцелариите на шпанскиот менаџер за железничка инфраструктура „Адиф“, Агенцијата за безбедност на железницата и Судот на ревизори.

По двете страшни железнички несреќи, Шпанија поведе истрага поради сомневања за проневери на милиони

Европскиот јавен обвинител изврши рација во канцелариите на шпанскиот менаџер за железничка инфраструктура „Адиф“, Агенцијата за безбедност на железницата и Судот на ревизори, како дел од истрагата за можна измама со средства од ЕУ наменети за подобрување на безбедноста на железницата Мадрид-Севиља.

Истрагата се однесува на финансирањето на реновирањето и подобрувањето на безбедносните, сигналните и комуникациските системи на линијата, која беше место на две фатални железнички несреќи оваа година.

„Адиф“ потврди дека претставници на обвинителството го посетиле неговото седиште и изјавиле дека ги доставиле сите барани информации, додека Агенцијата за безбедност на железницата и Судот на ревизори на Шпанија не одговориле на барањата за коментар.

Во несреќата на линијата Мадрид-Севиља во јануари загинаа 46 лица, додека во судирот во октомври загинаа 69 лица.

Европскиот јавен обвинител започна посебна истрага во март по првата несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер