Муцунски: Секој кој учествува во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде активен чинител на промените во општеството
2Муцунски: Секој кој учествува во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде активен чинител на промените во општеството
ФудбалАлонсо: Останувам во Леверкузен, тоа е вистинското место за менеЧаби Алонсо ја потврди својата одлука да остане на чело на Баер Леверкузен. Така, тој ја пропушта можноста да ги преземе Ливерпул или Баерн Минхен, кои уште од летото го посакуваа во своите редови и влегоа во преговори со него.Тој во принцип има договор со „аспирините“ до крајот на сезоната 2025/26. Според информациите во летото 2025 година во неговиот договор ќе биде активирана клаузула според која тој ќе може да замине како слободен агент. Шпанецот моментално го води Баер до титулата во Бундеслигата, со солидна предност од 10 бода пред второпласираниот Баерн на осум кола до крајот. Одделно, тимот е во четвртфиналето на Лига Европа и е во полуфиналето на Купот на Германија. Чаби Алонсо го води Леверкузен од октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран им го заплени имотот на 240 новинари и дисиденти, уапсени се над 6.000 луѓеИранските власти запленија имот на 240 дисиденти, новинари и јавни личности и замрзнаа 182 банкарски сметки, објави новинската агенција Мизан, блиска до судството. Шефот на полицијата, Ахмадреза Радан, потврди дека повеќе од 6.000 луѓе се уапсени поради протестите во јануари, пишува Euronews. Запленувања на имот и обвинувања за работа против државата Поголемиот дел од запленувањата, 143 од нив, се извршени во Техеран. Агенцијата Мизан наведува дека лицата што се цел на мерките се обвинети за „пропагандни активности или активности против државата во корист на непријателски влади“. Се додава дека дел од имотот им припаѓа на новинари на опозициските медиуми на персиски јазик, како што се „Иран Интернешнл“ и „Маното“, како и на активисти и јавни личности што живеат во странство. Еден од најзначајните случаи е оној на претприемачот Садег Саеди, чиј имот беше конфискуван и тој беше осуден на затвор. Покрај тоа, иранското судство испрати повеќе од 2.000 барања до Централната банка за сметките на обвинетите и најави нови запленувања и судски постапки. Полицијата за протестите и новите апсења Шефот на полицијата Радан изјави дека неговите сили уапсиле тројца членови на Моџахедин-е Халк (МЕК), протерана опозициска група која се стреми да го собори режимот. Според него, членовите на МЕК одиграле улога во настаните што иранските власти ги нарекуваат државен удар, а тој термин се однесува на протестите во декември и јануари. „Нема да ги заборавиме бунтовниците и заговорниците на пучот. Продолжуваме да ги следиме и да преземаме мерки против нив“, рече Радан. Тој исто така рече дека безбедносните сили спречиле фестивалот на огнот Чахаршанбе Сури, персиски обичај што ја одбележува последната среда од годината, да се искористи за поттикнување понатамошни немири. „Еден од обемните планови на непријателот беше да ја искористи последната среда од годината за да создаде сценарио слично на она од јануари, но тоа не се случи“, рече Радан. Бројот на егзекуции е во пораст Организацијата „Иран човекови права“, со седиште во Норвешка, објави дека Иран егзекутирал најмалку 532 лица од јануари. Меѓу нив има најмалку 29 лица поврзани со јануарските протести. Стапката на егзекуции е во пораст откако започна војната со САД кон крајот на февруари. И покојниот ајатолах Али Хамнеи, кој беше убиен во американски напад врз неговата резиденција на почетокот на војната, јавно ги опиша протестите како обид за државен удар. Тагови: Иран новинари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаСкандал: „Револут“ на измамници им предал пасоши, селфи и банкарски сметки на своите кориснициДигиталната банка „Револут“ претрпе скандалозен безбедносен пробив откако нејзините вработени ги предадоа своите пасоши, селфиња за верификација и цели банкарски сметки на измамници. Масовното протекување на доверливи податоци се случи кога компанијата наседна на лажни барања за е-пошта, верувајќи дека комуницираат со владини агенции. Хакерите не провалиле во серверите на банката ниту ги пробиле нејзините лозинки. Наместо тоа, тие искористиле дупка во е-пошта системот на владина агенција и испратиле барања од вистински владин домен. Вработените во банката не се сомневале во автентичноста на пораките, па им ги испратиле сите барани датотеки без проверка. Обемот на компромитираните податоци варира од корисник до корисник, но обемот на штетата може да биде огромен. Измамниците добиле целосни имиња, датуми на раѓање, адреси и телефонски броеви, како и скенирани пасоши и возачки дозволи. Тие, исто така, добиле селфиња за верификација што корисниците ги прават при отворање сметки. Огромен ризик од кражба на идентитет и уцена Особено загрижувачки е фактот што напаѓачите, исто така, ги презеле и комплетните финансиски извештаи. Листата вклучува банкарски сметки, IBAN броеви, салда на сметки, па дури и детална историја на трансакции. Во некои случаи, измамниците преземале и податоци за трансакции со биткоин, директно поврзувајќи го идентитетот на сопственикот со нивните крипто паричници. Revolut уверува дека биометриските модели не се украдени и дека парите на корисниците се безбедни. Сепак, комбинацијата од оригиналниот пасош и селфито им дава можност на напаѓачите да се претставуваат лажно и да отвораат сметки на други услуги низ интернет. Целата измама беше откриена дури кога банката последователно контактираше со државна агенција за дополнителна верификација. Властите потоа потврдија дека никогаш не испратиле никакво барање ниту ја контролирале таа е-адреса. Банката брзо ја блокираше сметката и ги извести засегнатите корисници, но сè уште го крие точниот број на засегнати лица од јавноста. Не верувајте на повиците „од банката“ Експертите за сајбер безбедност предупредуваат дека најголемата опасност од оваа кражба е во последователната измама. Криминалците повеќе не мора да измислуваат приказни за да ве измамат да платите. Тие сега ја знаат вашата точна адреса, број на пасош, IBAN и точниот износ на вашата последна купување. Ако некој ве повика и ви ги диктира овие информации, тоа повеќе не може да биде доказ дека вработен во банката е всушност на другиот крај од линијата. На корисниците им се препорачува да не даваат никакви верификациски кодови и да ги проверуваат сите сомнителни пораки исклучиво преку официјалната апликација.Тагови: банкарски сметки измамници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
МакедонијаМуцунски: Секој кој учествува во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде активен чинител на промените во општествотоВечерва по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се одржа политичката платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“.Вечерва по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се одржа политичката платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“, во чиишто рамки се одржаа и две последователни панел дискусии. Во рамките на првиот панел насловен „Учеството како двигател на демократијата“, се обрати и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој рече: „ВМРО ДПМНЕ е семејство, збир на луѓе коишто споделуваат многу повеќе од само политички вредности, луѓе коишто споделуваат визија за иднината на државата, субјект во којшто имаме секогаш време и простор да дискутираме за многу повеќе од секојдневните политики, туку како ја гледаме во државата во еден подолгорочен период“. Муцунски укажа дека времето во коешто живееме денес е комплексно од повеќе аспекти и дека единственото нешто коешто го немаме, како што вели тој, е луксузот да бидеме рамнодушни, притоа истакнувајќи дека секој оној кој учествува во која било од структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, давајќи го својот инпут може да биде активен чинител во општествените промени. „Во ова време во коешто живееме, коешто е комплексно од многу повеќе прашања, и внатрешно и надворешно политички прашања, единствено нешто на коешто го немаме луксузот-е луксузот да бидеме рамнодушни, да кажеме ништо не зависи од нас, ништо не можеме да промениме. Напротив, тој што учествува во ВМРО-ДПМНЕ, во структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, знае дека независно дали е тој или таа активен во месен комитет, во општински комитет, во централна комисија, во една од раководните структури на партијата, можете да бидете активен чинител во промени онаму каде што можете да дадете свој инпут“, истакна Муцунски и додаде: „Во ова време во коешто живееме, е наша обврска, бидејќи работите навистина толку брзо се менуваат, имаме множност секој, зависно од тоа што најдобро го знаеме и најдобро го умееме, преку политички субјект да дадеме свој придонес“. Муцунски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ е политичкиот субјект кој има јасна слика за тоа каде треба да се движи државата и како треба да се гради Македонија во наредните години. „ВМРО-ДПМНЕ е тој политички субјект којшто има јасна слика за тоа каде треба да се движи државата, независно дали е тоа економска, финансиска политика, независно дали е тоа политика насочена кон развојот на индустријата, на инфраструктурата, на надворешната политика, ние сме онаа структура којашто знае како треба Македонија да се гради за следните 10, 15 и 20 години“, посочи Муцунски. На крај, Муцунски упати повик до сите амбициозни луѓе во државата, велејќи: „сите коишто сакаат заеднички да ја претвориме Македонија во подобро место за живеење да се приклучат, да станат дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ и да помогнат да изградиме држава каква што заслужуваме“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter