Алкараза за трката со Ѓоковиќ: Имам шанса да си го вратам бројот 1 - Канал 5

Алкараза за трката со Ѓоковиќ: Имам шанса да си го вратам бројот 1

Вториот тенисер во светот Карлос Алкараз зборувал за ситуацијата на АТП листата и борбата за првата позиција со Новак Ѓоковиќ.

Алкараза за трката со Ѓоковиќ: Имам шанса да си го вратам бројот 1

Алкараз е во Пекинг каде што учествува на АТП турнирот.

- Мислам дека Новак наскоро ќе брани бодови, има некои 700, 800 бодови повеќе на АТП трката. Играјќи на овие два турнири, додека Новак не настапува, имам можност да се доближам до првото место. Тоа е важноста на овие два турнира, ако се снајдам добро во Пекинг и Шангај, ќе имам шанса наскоро да се вратам на првото место. И да не успеам, не е сѐ загубено, бидејќи има уште турнири до крајот на сезоната - изјави Алкараз.

Во првото коло Карлитос победи против Јанико Хафман со 2:0.

- Се чувствував многу добро. Иако беше првиот круг, се чувствував навистина добро, одлично се движев. Задоволен сум. Бев многу добар во работите во кои сакам да се подобрам. Не ми беше лесно бидејќи не сервирав баш најдобро во првиот сет, едноставно имав многу промашувања. Комплицирано е да се справиш со тоа, но добро го завршив натпреварот - изјави Карлитос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема

Арамијата Мицкоски го доведе македонското земјоделство до колапс.

СДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема

Родот стои по нивите и скапува. Откуп нема, а и тоа малку што се откупува се плаќа по понижувачки цени кои не ги покриваат ниту основните производствени трошоци.

Вака никогаш не било. Никогаш никој не ја задолжил земјата толку многу, никогаш немало помал откуп.

Ова е последица на криминални, арамиски политики на Мицкоски во изминатите две години.

Ги укинаа добрите мерки воведени од владите на СДСМ и ја намалија поддршката за земјоделството за околу 40 милиони евра.

Субвенциите се намалени или неисплатени. Укината е вонсезонската исплата, зголемен е прагот на површини како услов за добивање субвенции, а картичките за зелена нафта доцнат.

Пред изборите на тутунарите им ветуваа субвенција од 160 денари за килограм. Денеска не добиваат ниту 100 денари, туку само 70 или 80 денари.

За пиперката „ајварка“ најавуваа договорен откуп, но откуп нема. Тоа што се презема се плаќа по мизерни цени за килограм.

Истата катастрофална состојба е и со грозјето. Нема сигурен откуп, ниту цена што овозможува исплатливо производство.

Цената за откуп на млекото е намалена од 33 на 23 денари. Сточарите и млекопроизводителите се оставени без поддршка и без перспектива.

Дополнително, ЕУ ги замрзна средствата од ИПАРД поради сомнежи за злоупотреба на европските фондови од страна на оваа власт.

Со криминалот и неспособноста на власта, директно се казнети чесните земјоделци.

Истовремено, трошоците секојдневно растат.

Дизелот достигна цена од 104,5 денари за литар, што дополнително ги зголемува трошоците за обработка, транспорт и производство.

Државната статистика регистрира зголемување на трошоците за земјоделско производство од 6,8 проценти за една година.

Наспроти тоа, откупните цени на земјоделските производи се намалени за 2,2 проценти. Кај овошјето и грозјето падот изнесува 7,2 проценти, кај зеленчукот 6,4 проценти, а кај производите од животинско потекло 7,7 проценти.

Нивите поскапуваат, откупот поевтинува, а храната во продавниците станува сè поскапа.

Вака навистина никогаш не било.

Уште сакаат земјата и водата да им ја земат на земјоделците за дата центри.

Тоа е резултатот од политиките на арамијата Мицкоски: уништено домашно производство, осиромашени земјоделци.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања во работна посета на Брисел

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков е во работна посета на Брисел.

Заменик-министерката за европски прашања во работна посета на Брисел

Таа ќе биде учесник на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде ќе се разговара за напредокот на полето на владеење на правото во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

ЗМЕП Трајков ќе ја истакне посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер