Алкараз, Синер и Зверев продолжуваат на Мастерсот во Индијан Велс, Циципас аут - Канал 5

Алкараз, Синер и Зверев продолжуваат на Мастерсот во Индијан Велс, Циципас аут

Вечерва на „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс се одиграа 4 осминафинални дуели. Минатогодишниот шампион Карлос Алкараз, Александар Зверев, Јиржи Лехечка и Јаник Синер продолжуваат напред.

Алкараз, Синер и Зверев продолжуваат на Мастерсот во Индијан Велс, Циципас аут

Светскиот рекет број 11, Стефанос Циципас е елиминиран откако загуби со 2:6, 4:6 од Јиржи Лехечка, кој исто така изненади во претходното коло, елиминирајќи го Андреј Рубљев. За Чехот ова ќе биде прво четвртфинале на „Мастерс“.

Карлос Алкараз, исто така, продолжува во четвртфиналето. Шпанецот немаше посебни проблеми со Фабијан Марочан и успеа да му се реваншира на светскиот рекет број 58 за поразот од Рим минатата година. Алкараз победи со 6:3, 6:3 и го постигна деветиот последователен успех во Индијан Велс.

Александар Зверев направи пресврт против Алекс де Минор и исто така обезбеди пласман во четвртфиналето. Германецот победи со 5:7, 6:2, 6:3, а следен противник му е Алкараз. Зверев спаси 8 од вкупно 11 брејк топки, а исто така 5 пати победи на сервис на Де Минор.

Шампионот на Австралија опен, Јаник Синер оствари триумф над Бен Шелтон со 7:6(4), 6:1 и ја забележа својата 15-та последователна победа од почетокот на годината. Неизвесност имаше само во првиот сет, по што Италијанецот не остави сомнеж за својата надмоќ.

И кај дамите имаше интересни пресметки, а „носталгичната“ беше помеѓу Каролин Вознијацки и Анџелик Кербер. Тенисерката од Данска одигра постабилно и победи со 6:2, 6:4 на првиот меѓусебен меч од 2018 година.

Светската тенисерка број 1, Ига Швионтек и даде само три гема на Јулија Путинцева - 6:1, 6:2. Тоа беше 28-ма победа во последните 30 натпревари за полската тенисерка, а следна пречка е Вознијацки, со која се има сретнато само еднаш на тениските терени. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Наместо извинување за погрешното знаме - повторно народот е „талог“

Власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО на официјална државна прослава го згрешија македонското знаме.

СДСМ: Наместо извинување за погрешното знаме - повторно народот е „талог“

Наместо сонце со осум краци - поставија верзија со дванаесет.

Наместо да им се извинат на граѓаните, наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку народни пари се потрошени за овој нациоален срам - прво пробаа да го претстават како „уметничка инсталација“.

Потоа повторно се вратија на омилената квалификација: народот и СДСМ се „талог“.

Ова е нивниот стандарден рефлекс.

Кога ќе направат грешка - народот и СДСМ се виновни.

Кога ќе понижат државен симбол - народот е талог.

Кога немаат резултати - народот и СДСМ се проблем.

Неспособни да го направат правилно македонското знаме, а се дрзнуваат да го делегитимираат сопствениот народ.

Тендер патриоти што не знаат како изгледа знамето на сопствената држава, не умеат ни AI билборд да направат без грешки, а имаат бугарски фирми и бугарски пасоши во џебовите - тоа знаат.

Криминални тендери да спроведуваат - тоа знаат.

Ова повеќе не е гаф туку однос.

Однос на власт што се однесува кон граѓаните како кон талог, а кон државните симболи како кон декор за тендер и провизија.

Нема извинување.

Има само нов напад.

И тоа е сè што умеат.

Уште 3 дена до враќањето на Мицкоски со „нови знаења“

Уште три дена до крајот на екскурзијата.

Мицкоски го заврши семејниот дел во Бриж и сега е на „стручниот“ дел во Брисел.

Официјално учи за францускиот предлог.

Со нетрпение го чекаме назад. Да видиме што ново научил.

Дали конечно сфатил дека францускиот предлог е дел од преговарачката рамка?

Или повторно ќе се врати со истата приказна што ја раскажуваше додека клечеше за власт?

По „феноменалниот“ НАТО, по „ремек-делото“ Преспански договор, по тврдењето дека протоколите не се дел од преговарачката рамка - сега доаѓа редот на новото „знаење“.

Само да не се повтори старото сценарио: едно да научи во Брисел,

а сосема друго да им продава на граѓаните дома.

Уште три дена.

Потоа извештај.

Ние чекаме.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес што ја погоди земјата.

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени

„Јас лично ќе бидам на чело на оваа национална криза и неуморно ќе патувам низ земјата за да ги преземам неопходните мерки“, напиша претседателот Абелардо Де Ла Есприеља на платформата Х.

Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи вчера во општината Сан Хозе дел Палмар, околу 250 километри северно од главниот град Богота.

Според првичните податоци на владата, загинале повеќе од 110 лица, а над 1.500 објекти моментално се ризични за живеење.Како итна мерка, владата испрати војска која ќе учествува во потрагата по преживеани под урнатините.

Земјотресот ги погоди најсиромашните региони на земјата. Големи делови од регионот, исто така, се под контрола на вооружени групи.

Десетици згради се урнати во западниот дел од Колумбија, земјотресот био почуствуван и во Еквадор и Венецуела.

Се проценува дека бројките на загинати и повредени ќе растат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната

Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје.

Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение  за ограничениот престој во Шенген-зоната

Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена.

На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Превозниците веќе испратиле писмо до Европската унија со барање за директна средба со цел надминување на проблемот со кој се соочуваат.

Тие го поставија 10 август 2026 година како рок до кој очекуваат од брисел да каже како ќе се реши статусот на професионалните возачи, но засега останаа без конкретен одговор.

Министерот за транспор Николоски минатиот месец изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан бидејќи, според него, ова прашање се злоупотребува од дел од нив за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер