Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието
2Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието
ТенисАлкараз го предаде мечот против Монтеиро по само два гемаШпанскиот тенисер Карлос Алкараз го заврши АТП 500 турнирот во Рио де Жанеиро по само два одиграни гема.На мечот од првото коло со Бразилецот Тиаго Монтеиро, Алкараз во првиот гем го повреди скочниот зглоб на левата нога. Шпанецот направи лекарска пауза и по тоа одигра само два гема, а потоа се повлече. Alcaraz ankle roll on the second point of the match 😱😥#RioOpen pic.twitter.com/eWdImlxd4Z — Tennis Channel (@TennisChannel) February 21, 2024 - Ќе го прегледам зглобот и ќе видиме дали е нешто сериозно или не. Се чувствував лошо. Ова е првиот впечаток. Чувствував болка и знаев дека ќе ми биде тешко да продолжам да играм. Не можев да се движам нормално и знаев дека ќе биде невозможно да продолжам. Мислев дека ќе биде уште полошо ако се одлучев да продолжам и ако натпреварот беше долг. Мислам дека правилно постапив што го предадов мечот, изјави Алкараз. Во следното коло на турнирот, Монтеиро ќе се сретне со сонародникот Фелипе Мелигени Родригез Алвеш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЛатвија откри тунел под границата со Белорусија, користен од мигрантиЛатвија денес објави дека открила тунел под границата со Белорусија и најави планови за сузбивање на мрежите за кои тврди дека им помагаат на сè поголем број мигранти илегално да ја преминат границата.Минатиот месец, летонски војници употребија солзавец и испукаа предупредувачки истрели за да ги запрат мигрантите кои се обидуваа да влезат во земјата од Белорусија, која дели граница долга 173 километри со Латвија, земја-членка на Европската унија. „Заштитата на источната граница на Латвија ќе се засили, граничната контрола, полицијата, вооружените сили и безбедносните служби ќе соработуваат поинтензивно, а беспилотните летала ќе се користат почесто за рано откривање и задржување на илегалните мигранти“, изјави министерот за внатрешни работи Јанис Домбрава на заедничката прес-конференција со премиерот Андрис Кулбергс. Во последните недели, европските земји изразија загриженост поради илегалната миграција, откако десетици илјади луѓе преминаа од Мароко во шпанската енклава Сеута, иако оттогаш повеќето од нив ја напуштија шпанската територија. Кулбергс изјави дека криминални групи им помагаат на мигрантите да влезат во Латвија – а со тоа и во Шенген-зоната без внатрешни граници – од Белорусија, но дека нивните крајни дестинации се наоѓаат на други места на континентот. „Тие мигрираат таму каде што е полесно (да се влезе во ЕУ). Затоа, ние не смееме да бидеме најлесното место (за влез)“, рече Кулбергс на прес-конференција. Тој вети дека ќе преземе строги мерки против мрежите што ги превезуваат мигрантите од границата до нивните дестинации и дека ќе ги идентификува сите локации што ги користат мигрантите во рамките на Латвија. „Ако сè оди според планот, уверени сме дека ќе му зададеме доволно силен удар на системот“, рече Кулбергс. „Сакам да им порачам на организаторите: на сето ова ќе му дојде крај.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманиетоКога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието.Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека такa повторно ќе дојдат на власт. Таа политика излезе на виделина кога пратија осудени насилници да направат инцидент во Ново Село токму кога и претседателот Мицкоски беше таму. Ефтимов и Стојанов, децата на Заев, осудени насилници без проблеми се ставија на располагање на Филипче и без никакво размислување отидоа да направат инцидент. Но граѓаните ги прочитаа. Граѓаните знаат дека од овој СДС освен создавање на хаос и инциденти, проблеми и манипулации, друго и не може да се очекува. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Регионалниот стационар во Кавадарци функционира во полн капацитет Регионалниот стационар во Кавадарци функционира во полн капацитет и секојдневно ги исполнува своите задачи, информира градоначалникот Митко Јанчев. [🏥] Уреден простор, добри услови и тим кој посветено си ја врши својата работа. [❤️] Кога работите функционираат како што треба – тоа едноставно се гледа, стои во објавата на Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook