Алиу вели ќе остане посветен на здравството до последниот ден, очекува Клековски да ги продолжи отпочнатите проекти - Канал 5

Алиу вели ќе остане посветен на здравството до последниот ден, очекува Клековски да ги продолжи отпочнатите проекти

Политичките одлуки побрзи од обидите за реформирање на најболниот сектор – здравството, кое за околу година ипол ќе добие нов, трет по ред Министер од формирањето на Владата.

Алиу вели ќе остане посветен на здравството до последниот ден, очекува Клековски да ги продолжи отпочнатите проекти

Актуелниот прв човек на секторот Азир Алиу ќе ја отстапи министерстката фотелја на сегашниот директор на ФЗО, Сашо Клековски. Вели нема да се пензионира и како што кажа, да шета по паркови, туку ќе продолжи да допринесува.

-Засега сум сконцентриран на функцијата се додека не дојде моментот на примопредавање, од тој момент ќе бидете известени, бидејќи не планирам утре да се пензиониран и да шетам по држави или да се шетам по паркови, туку планирам да допридонесувам кон општеството. Секој млад денеска станува со телефон во рацете и се информира за тоа што се случува, затоа ценам дека со дигитализацијата треба да се продолжи,- - Азир Алиу – министер за здравство.

Освен пристапувањето кон европската програма „EU4healt“ која отвора можност македонското здравство да црпи европски пари и искуства, Алиу како најзначаен исчекор за едногодишното министерување ги издвои измените за органодарителството, и подалечни братучеди да можат да подарат орган, а секој да може да стане органодарител по своја волја и по смртта да спаси човечки живот. За три месеци од сега со потпишување писмена согласност секој полнолетен граѓанин, само ако сака, ќе може да стане потенцијален донор.

Според Алиу, органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста, а подвлече дека листите за трансплантација бројат 168 пациенти што чекаат бубрег, 37 срце, 12 црн дроб и 23 рожница.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Траект полн со патници се судри со брод во близина на Крит (ВИДЕО)

Ферибот полн со патници се судри со товарен брод во пристаништето на Крит! 

Траект полн со патници се судри со брод во близина на Крит (ВИДЕО)

Камерите го забележаа моментот кога патничкиот траект „Елирос“ и товарниот брод „Јосиф К“ се судрија во пристаништето Суда, објави Прототема.

Во моментот на несреќата, фериботот „Елирос“ пловел на редовна линија кон Пиреја со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Во исто време, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристанување во пристаништето.

@protothema.gr 🛳️ Η στιγμή που δύο πλοία συγκρούονται στο λιμάνι της Σούδας 🎥 Facebook: flashnews.gr #protothema #news #tiktokgreece #greektiktok ♬ πρωτότυπος ήχος - protothema.gr

Видеото ги прикажува драматичните секунди во кои двата брода се приближуваат еден кон друг на неколку метри, по што се случува судир што не можел да се избегне.

И покрај силниот удар, во поморската несреќа нема повредени и немало истурање на гориво или загадување на морето.

YouTube video

Товарниот брод бил закотвен во пристаништето по инцидентот во присуство на пристанишните власти, кои ги истражуваат точните околности под кои се случил судирот.

За двата брода, пловењето е привремено забрането додека не се извршат технички прегледи и не се издаде сертификат за пловидба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна ајкула кружи околу капачите во Калифорнија, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Дрон снимил голема бела ајкула долга три метри како плива на само неколку метри од пливачите на плажата Капистрано во Калифорнија.

Огромна ајкула кружи околу капачите во Калифорнија, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Видеото ја прикажува ајкулата како се приближува кон група луѓе, вклучувајќи деца, кои не биле свесни за нејзиното присуство. Сцената ја снимил фотографот Мет Ларманд, пишува Surfer.

Ларманд, кој редовно снима ајкули, рекол дека никогаш не видел ајкула да се приближи толку блиску до луѓето без тие да забележат. Се обидел да ги предупреди од блискиот пристаниште, но тие не го слушнале. Животното си заминало по некое време без инциденти.

Снимка од воздух

Ваквите средби се вообичаени во Јужна Калифорнија, особено во лето. Крис Лоу, директор на Лабораторијата за истражување на ајкули во Калифорнија Стејт Лонг Бич, објаснува дека областа служи како еден вид „детска градинка“ за млади големи бели ајкули. Тие учат да ловат таму и често се движат околу луѓето.

Лоу истакнува дека ајкулите генерално не се заинтересирани за луѓето. „Во повеќето случаи, ајкулите едноставно ги игнорираат луѓето. Тие пливаат веднаш до нив, а луѓето дури и не знаат дека се таму. Имаме многу докази што покажуваат дека тие не се вистинска закана, туку само си ја вршат својата работа“, рече тој.

Додаде дека однесувањето на животното не треба да се толкува како демнење. „Не е како ајкулата да ги следи или да ги лови. Само ги проверува. Како да шетате по улицата, да гледате нешто ново во соседството и да одите и да го проверувате. Тоа е она што го прават овие ајкули“, објасни Лоу. И покрај честите блиски средби, нападите се исклучително ретки и повеќето ситуации завршуваат мирно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукровски со апел до карпошани: Да делуваме локално

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски со апел да излезат граѓаните на своите улици да ги поттргнат гранките и она што е полесно, а потоа службите ќе ги подигнат.

Лукровски со апел до карпошани: Да делуваме локално

Лукровски рече дека добил повици за паднати дрвја и кровови и дека засега нема повреднео. Вели дека делуваат организирано на ниво на град и дека се на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер