МакедонијаАлиу најавува решение за хаосот со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје – имал неколку идеи Докторите да пропешачат и да не ги паркираат нивните автомобили близу болницата каде што работат, туку да им обезбедиме паркинг надвор од Клинички.Докторите да пропешачат и да не ги паркираат нивните автомобили близу болницата каде што работат, туку да им обезбедиме паркинг надвор од Клинички, за моментално да се реши сообраќајниот хаос, бидејќи така би се ослободиле од 300 до 500 паркинг места за пациентите. Ова е само една од идеите за краткорочно решение на горливиот проблем со непристапноста до болниците на Клинички, на Министерот за здравство Азир Алиу. Ќе се започне од основата и ќе се мапираат паркинг местата, за да се направи добра анализа, па после ќе видиме кое е најдоброто решение, кажа Алиу. -За паркингот знаеме дека е еден од главните инфраструктурни проблеми. За жал, паркингот не е ни мапиран, каде да се паркира кола, па ќе започнеме од базичните инфраструктурни чекори и активности за да видиме колку точно паркинг места има внатре. А по нашата длабинска анализа ќе видиме и колкав е бројот на пациенти кои го користат, колку вработени се во Клинички. Потоа, ќе излеземе со решение, оптимално, краткорочно, а долгорочното зависи и од долгорочното решение за Клинички центар,-Азир Алиу – министер за здравство. По посетата на кочанската болница Алиу вели дека отсега Министерството за здравство ќе менаџира како ќе се реализираат инвестициите и донациите со кои досега се создавал хаос. Иако нагласи дека Кочани е приоритет, не прецизираше дали ќе го одобри барањето за вработувања на 6 лекари, од кои двајца физиотерапевти кои итно ги бара кочанската болница. -Итно бараат во моментов од цела држава. Имаме институции кои исто така бараат. Како Министерство за здравство во фокусот ни е Кочани, но не треба да заборавиме дека мора да ги опслужиме сите граѓани во државата.На почеток секој сака да помогне, мора да направиме рамка за движење на сите процеси. Ние веруваме, мислам дека е време да направиме строги протоколи како ќе работиме, кој ќе работи, каков тип на услуги ќе нудиме, каков тип на инфраструктура ќе креираме.-Азир Алиу – министер за здравство. Новиот Министер за здравство најави дека во Кочани за младите, ќе се гради модерен и иновативен центар за развивање креативни идеи, бидејќи, како што порача ним им треба место каде што ќе можат да се релаксираат. Тагови: Клинички центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ѝ воведе нови санкции на Северна КорејаСАД воведоа нов пакет санкции насочени кон Северна Кореја. Според Министерството за финансии, цел се десет поединци и еден деловен субјект. Листата на санкционирани лица го вклучува и Првиот финансиски и технички центар за развој. Шест лица на листата се поврзани со него, од кои двајца се руски државјани. Останатите, според објавените податоци, се севернокорејски државјани, објавува Ројтерс. Новите санкции доаѓаат во време кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да ги продолжи преговорите со Пјонгјанг, но Северна Кореја не покажа интерес за разговори за ограничување на нејзината нуклеарна програма. Трамп претходно овој месец ја намали важноста на уште еден самит со Ким, кој требаше да се одржи следниот месец во Кина. Трамп е единствениот американски претседател кој се сретнал со севернокорејски лидер, по средбата со Ким во 2018 и 2019 година. Овие дипломатски обиди не успеаја бидејќи САД го условија продолжувањето на разговорите со целосно напуштање на нуклеарното оружје од страна на Северна Кореја. Трамп оттогаш во неколку наврати ја нарече Северна Кореја „нуклеарна сила“. Сепак, неговата администрација продолжува да инсистира на денуклеаризација и официјално не го признава Пјонгјанг како нуклеарно вооружена држава. Тагови: Доналд Трамп Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗдравјеРазвиен е нов вид на клетки, чувствителни на светлост- може да се користат како „жив“ пејсмејкер Руските научници развија нов вид клетки чувствителни на светлина за срцеви пејсмејкери, кои потенцијално би можеле да станат „жив“ срцев пејсмејкер.Новата биоинженерска клеточна структура е контролирана од светлина со помош на технологијата што ја освои Нобеловата награда за 2026 година, изјави за новинарите заменик-директорот на центарот Александар Романов. Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им беше доделена на тројца истражувачи за откривањето на првите јонски канали чувствителни на светлина кои можат да бидат вградени во клеточната мембрана и „обучени“ да реагираат на светлина. Ова откритие им овозможува на научниците да создаваат нови протеини контролирани од светлина за која било намена. „Добивме и тестираме нов вид клетки и веруваме дека оваа почетна фотосензитивност ќе ја подобри нивната ефикасност. Значи, се разбира, не ја освоивме Нобеловата награда, но сепак, тоа сугерира дека, така да се каже, работиме во вистинската насока“, рече научникот, објави ТАСС. Биоинженерите од MFTI и аритмолози од Центарот Мешалкин одгледуваа клетки контролирани од светлина, поставени на специјални полимерни скелиња и имплантирани во срцето. Идејата на научниците е да им се овозможи на клетките да функционираат природно, додека лекарите сè уште можат да го регулираат срцевиот ритам однадвор користејќи светлосни сигнали. За да го постигнат ова, истражувачите користат специјални светлосензитивни протеини кои можат да се префрлат од една состојба во друга кога се изложени на зраци со одредена бранова должина, со што ги стимулираат или смируваат клетките. Планирано е лекарите да можат да ги стимулираат клетките да ја контролираат аритмијата користејќи специјален уред со сина светлина со бранова должина од приближно 460 нанометри. Според Романов, за таа цел може да се имплантира посебна светлосна капсула под кожата или да се постави завој на градите на пациентот. Кардиохирурзите денес имплантираа нова група светлосензитивни клетки на пејсмејкер во срцето на минијатурна свиња во експериментална операциона сала. Прво, тие користеа специјален полимерен супстрат, а потоа ги инјектираа клетките во срцето со шприц, во форма на специјални микрокапсули. - Ефектот треба да трае од пет до седум дена - нагласи Романов.Тагови: пејсмејкер клетки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЕвропаСловенечката влада најави забрана за покривање на лицата- се предвидуваат огромни казни Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицето на јавни места .Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицата на јавни места до степен до кој можат да се препознаат цртите на лицето, што би ѝ го олеснило на полицијата идентификувањето на лицата. Како што е наведено во нацрт-законот, ова правило нема да се однесува на специфичен вид облека, религиозен симбол или лични околности, а предвидени се исклучоци за случаи кога покривањето на лицето е неопходно од здравствени или професионални причини, како и во врска со спортски активности, уметнички, културни или традиционални настани, пренесува СТА. За прекршување на овие одредби се предвидени казни од 100 до 200 евра. Подготовката на измените на законот започна откако коалицијата на партии „Истина“ (Resni.ca) поднесе предлог за референдум, на кој граѓаните би го изразиле своето мислење за тоа дали да се забрани покривањето на лицето на јавни места. Иако барањето за референдум се однесува на општа забрана за покривање на лицето, претставниците на парламентарните групи за време на дебатата нагласија дека прашањето е бурката и дека е потребно да се воведат ограничувања, бидејќи во спротивно Словенците би можеле да се најдат во подредена положба во споредба со имигрантите. Тие исто така изразија очекување дека имигрантите ќе се прилагодат на начинот на живот во Словенија. Во Европа, забрана за целосно покривање на лицето воведоа Белгија, Франција, Бугарија, Австрија, Данска, Швајцарија и Португалија, забрана за делумно покривање на лицето, или покривање во одредени државни, образовни или здравствени институции, воведоа Холандија, Луксембург и Латвија, додека во Германија и Италија, одредени држави воведоа забрана за покривање на лицето.Тагови: Казни лицата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter